Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357247 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Јас стварно не можам да сфатам зошто со сите сакаш само да контраш ти конкретно. Мојата поента беше дека секако работиш скопје и патуваш пробај прво таму да живееш. Не знам дали е мојот мајндсет дека одамна сам живеам но пример ми е доста несфатливо некој на 38 години да живее во неговата детска соба во која израснал. 
И да не правиме пазарски математики дека е пофино да патуваш штип скопје отколку да се преселиш. Посебно не ако немаш деца и фамилија. Дури ни за пракса кога бев во скопје не патував туку се преселив директно! И тоа неколку пати во различни градови сум отишол со една торбица на почеток и сум живеел таму. И од денешна преспектива единствено ми е криво што не отидов уште најмалку во дупло толку градови.
Скопје а и Штип секако не ми бегаат.

Бугарче, ај вака да ти појаснам:

Јас стварно не можам да сфатам зошто со сите сакаш само да контраш ти конкретно.

Не со сите, ама со некои типови како тебе и оној со нотарот и колата - уживам.

Мојата поента беше дека секако работиш скопје и патуваш пробај прво таму да живееш.

Не знам дали си писмен, ама ти одговорив во претходниот пост дека имам живеано. Во повеќе наврати. Со новиот автопат, со цените на кириите и становите во Скопје и општо стандардот во Скопје - нема поента за мене. Посебно што сум од Штип, не од Гевгелија.
За тебе ако има поента - живеј и во Русе ако сакаш, не ме интересира едноставно.

Не знам дали е мојот мајндсет дека одамна сам живеам но пример ми е доста несфатливо некој на 38 години да живее во неговата детска соба во која израснал.

Не живеам во детската соба во која сум израснал, не се секирај.

И да не правиме пазарски математики дека е пофино да патуваш штип скопје отколку да се преселиш.

Eдинствени пазарски математики што се прават овде ги правиш ти:
Еве конкретно за баланар колку години работиш скопје и патуваш секој ден. Не ти скисна па да изнајмиш еден стан скопје и да видиш како е ако ништо друго да живееш сам?

Што те тебе боли к*р дали патувам за Скопје или не, те засега нешто тебе тоа? Каде на темава воопшто се начна моето патување до Скопје на работа и назад? Ти прв се умеша, од никаде повикан.
Каков бугарски бот, мајко мила.
Само јас сум си крив што воопшто ти реплицирав првично.
« Последно менување: 17 Јули 2025, 13:17:20 pm balanar »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Автопатот Скопје-Штип беше направен, пред се,  за луѓето од истокот да можат да транзитираат брзо и ефикасно од своите домови кон Скопје и обратно. Мислам дека автопатот и те како придонесе да се доразвие Штип. Пример доста луѓе од Скопје студираат на УГД. Истиот процес, одат - завршуваат обврски - си одат дома.
Нема ништо чудно и проблематично во тоа. 

Претходно беше неизводливо, сега е сосем изводливо и океј. Особено на пример за луѓе од Свети Николе, бидејќи се почесто гледам СН таблици во Скопје. Доаѓаат луѓето на работа или по работа и си одат дома. Тоа што ние сакаме да завршуваме работа за 20 минути, и се да ни е блиску, е нереално.
« Последно менување: 17 Јули 2025, 14:02:34 pm Bravo »

Точно.
Да се одеше уште преку Велес - тешко дека ќе патував како сега.

Еден куп луѓе од Св. Николе, Штип и од Кочани (колку-толку) кои беа под кирија со години во Скопје - се повлекоа дома, си се групираа по 4-5 луѓе во една кола и си делат трошоци за до работа и назад.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Колку понов и побрз транзит, толку поразвиена држава ќе имаме.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Дошол во Скопје и купил стан:
- Цела провинција надојде во Скопје, тежок опинок те гази Скопјентсе...

Не купил стан во Скопје, транзитира, си живее во провинција:
- Куроми разбираш, купи си стан во Скопје, наместо секој ден да патуваш до провинција...

Ој сеа најди му крајо ;D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Требаше овој Декември да идеме комплет сите на Тајланд, на пробни 2-3 месеци, нажалост, други приватни причини ни ги сменија плановите. 0% данок на приход, интернационални школи, ефтина храна, ефтини дадилки, ефтини вили/апартмани за на подолг рок. Секој викенд на различна плажа/остров, феноменално време.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
И надарени жени ;D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Автопатот Скопје-Штип беше направен, пред се,  за луѓето од истокот да можат да транзитираат брзо и ефикасно од своите домови кон Скопје и обратно. Мислам дека автопатот и те како придонесе да се доразвие Штип. Пример доста луѓе од Скопје студираат на УГД. Истиот процес, одат - завршуваат обврски - си одат дома.
Нема ништо чудно и проблематично во тоа. 

Претходно беше неизводливо, сега е сосем изводливо и океј. Особено на пример за луѓе од Свети Николе, бидејќи се почесто гледам СН таблици во Скопје. Доаѓаат луѓето на работа или по работа и си одат дома. Тоа што ние сакаме да завршуваме работа за 20 минути, и се да ни е блиску, е нереално.

Точно.
Да се одеше уште преку Велес - тешко дека ќе патував како сега.

Еден куп луѓе од Св. Николе, Штип и од Кочани (колку-толку) кои беа под кирија со години во Скопје - се повлекоа дома, си се групираа по 4-5 луѓе во една кола и си делат трошоци за до работа и назад.

Ако треба да се организирам секој ден со уште 5 други луѓе да одам до скопје и да се вратам ќе си пукам у нога. Сум идел минимум 200 пати низ годините на релација Скопје Софија или Штип Софија сам у кола. Ниту еднаш не сум ни помислил да се организирам со некој за да патувам освен ако некој роднина или пријател екплицитно не ми побара да го носам, ниту еднаш немам наплатено пари за транспорт. Не постои таа заштеда на светот што ќе ме натера за 50 евра да возам луѓе од триста кура у кола.

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5659
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Ако треба да се организирам секој ден со уште 5 други луѓе да одам до скопје и да се вратам ќе си пукам у нога. Сум идел минимум 200 пати низ годините на релација Скопје Софија или Штип Софија сам у кола. Ниту еднаш не сум ни помислил да се организирам со некој за да патувам освен ако некој роднина или пријател екплицитно не ми побара да го носам, ниту еднаш немам наплатено пари за транспорт. Не постои таа заштеда на светот што ќе ме натера за 50 евра да возам луѓе од триста кура у кола.

Од стан во Скопје се префрли сега на начинот на превоз пошто се избламира со претходната „дебата“.

1. Истите луѓе се возат секој ден. Некој ден - вози еден, друг ден - вози друг. Секој си ја вози својата кола, а истите патници.
Или во одредени случаи - еден вози цело време, ако никој друг од „друштвото“ не вози или нема кола. Тогаш тој има најмногу „ќар", ама затоа вози цело време.

2. Сите плаќаат по 500 денари повратно (барем тоа што знам јас од Штип).
Ако се менуваат повеќе луѓе во возењето - ќарот е само кај тој што вози за тој ден. И тоа колку има ќар? Горивото е 1000-ка минимум, патарините се 320 денари.
Ако се возат четворица - му остануваат 680 денари чисти (пари што секако ќе ги даде другиот ден). И ова под услов да вози 4-ца други луѓе со него (некој нема да оди на работа тој ден и сл.)
Од каде извади 50 евра ќар - изгледа од бугарското газе.

Измеша триста глупости пошто врска немаш и паушално лупаш глупост до глупост колку да кажеш нешто.
« Последно менување: 17 Јули 2025, 15:12:10 pm balanar »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Колку понов и побрз транзит, толку поразвиена држава ќе имаме.

Да се изврземе со добра (и брза, нели) железница, многу полесно ќе функционираат еден куп работи.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Автопатот Скопје-Штип беше направен, пред се,  за луѓето од истокот да можат да транзитираат брзо и ефикасно од своите домови кон Скопје и обратно. Мислам дека автопатот и те како придонесе да се доразвие Штип. Пример доста луѓе од Скопје студираат на УГД. Истиот процес, одат - завршуваат обврски - си одат дома.
Нема ништо чудно и проблематично во тоа. 

Претходно беше неизводливо, сега е сосем изводливо и океј. Особено на пример за луѓе од Свети Николе, бидејќи се почесто гледам СН таблици во Скопје. Доаѓаат луѓето на работа или по работа и си одат дома. Тоа што ние сакаме да завршуваме работа за 20 минути, и се да ни е блиску, е нереално.

Точно.
Да се одеше уште преку Велес - тешко дека ќе патував како сега.

Еден куп луѓе од Св. Николе, Штип и од Кочани (колку-толку) кои беа под кирија со години во Скопје - се повлекоа дома, си се групираа по 4-5 луѓе во една кола и си делат трошоци за до работа и назад.

Ако треба да се организирам секој ден со уште 5 други луѓе да одам до скопје и да се вратам ќе си пукам у нога. Сум идел минимум 200 пати низ годините на релација Скопје Софија или Штип Софија сам у кола. Ниту еднаш не сум ни помислил да се организирам со некој за да патувам освен ако некој роднина или пријател екплицитно не ми побара да го носам, ниту еднаш немам наплатено пари за транспорт. Не постои таа заштеда на светот што ќе ме натера за 50 евра да возам луѓе од триста кура у кола.

Може со жени се вози. Ако се добри колешките не мора ни да платат гориво. Нека ме кошта ко 2 кирии у Скопје.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Тоа е тој муабет.
Потполно се согласувам.

Шпанците и Италијаните чудно те гледаат ако им збориш на англиски, а тоа да не е барање насоки за движење како турист.

Во Мај 2018 година рентав Airbnb цел месец во Валенсија, да видам како е животот таму.
Тогаш излезе Avengers: Infinity War
Сакав да го гледам, но во кино немаше филм на англиски.
Имаше еден филм, и тоа во Вторник, во 20h, и беше некој детски, некој тапа филм.
На телевизија, Friends играше и немаше опција да сменам аудио на англиски.
Театар, опера, институции, се на шпански. Ако им презбориш на англиски, може и котек да изедеш.

Недела ништо не работи. Ништо, ни продавници, ни ресторанти. Нема каде да отидеш.
Во работен ден, повеќето места служеа храна само 2-3 саати наутро, од 9-10 до 12h.
Во тие саати не можеш место да најдеш. Пред тие саати ќе дремеш, не служат храна.
Им стојат сендвичите готови, не ти ги дава.
После тоа време, работи местото за кафе, не работи кујна. Вика пица после 17h. Одам 17:30 се зафатено, и си седеа луѓето до 20h.
Начекав маса во 19h, се испродале пиците.
Мамата.

Си ги заборавив слушалките дома, 2 дена не можев да најдам wireless слушалки, кој не беа по 200 евра. Земав жичени.

Ако не сакаш даноци, Португалија мислам уште е најдобар избор во Европа.
Ама оди прошетај, поседи малце, види култура, види структура на народ, пробај ги институциите, па пиши дали ке се преселиш или не :)

Сменета е ситуацијата во Валенсија, последниве неколку години се развива како tech hub и многу е интернационална станата. Баш имам другар кој што живее таму на дигитал номад виза, пред месец дена ја продолжи за 3 години и купи стан таму. Бевме ние на посета во мај, многу е убаво среден градот ама прежешко е за мој вкус упм :) си го поштувам јас северот на Италија ептен, ама е сериозно поскап.
Баш ми е мило што слушам дека некој го направил тоа што јас не го довршив.
Валенсија, ако си спремен да го научиш Шпанскиот јазик, е феноменално место за живеење.
Топло е да, но како што спомна @MecheTo се наоѓаат викенд куки за ефтини пари на саат време возење од градот, и мислам дека тоа е тоа, среден живот.
Али секој со своите потреби во животот.

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Требаше овој Декември да идеме комплет сите на Тајланд, на пробни 2-3 месеци, нажалост, други приватни причини ни ги сменија плановите. 0% данок на приход, интернационални школи, ефтина храна, ефтини дадилки, ефтини вили/апартмани за на подолг рок. Секој викенд на различна плажа/остров, феноменално време.

мене ова ме заинтересира :) јас комплетно ремоте работам 10 години и не сум врзан со канцеларија или физички простор, кажи проста математика колку би ми требало за 2-3 месеци да се опуштам таму ? 2 возрасни и 1 дете од 3 години, нема потреба од градинка чуда. Јас ја меркав Валенсија за неколку месечен престој, мислам дека со 4000 еур месечно се тера тип топ со вклучено сместување и превоз.

Зависи каде точно сакаш да идеш во Тајланд. 2017-та бев во Ченг Маи, планинско местенце внатре во Тајланд. Таму ептен ефтино може да поминеш, градот во тоа време беше центарот за светот за дигитални номади, и за тоа место, 4000 евра се скоро па дупло од што ти е потребно на месечно ниво, зашто таму скоро сите живеат на одреден буџет. Нема расфрлање, ниту пак има кај да потрошиш поголема сума на пари.

Наредна година бев низ местата што се покрај вода, тука веќе е поскапо се.  Ko Самуи, Краби, Пукет особено дека е најпосетуван се поскапи, но пак ке ти влезат во тој месечен буџет освен ако не ја распостелаш ептен чергата. Храна има ефтина во 7/11, Тук Тук за локален превоз се ефтини, ама мора да се ценкаш. Ефтин а добар интернет. Турите по острови знаат да бидат скапи по човек, од 50-70$ па нагоре, ама па нема секој ден да идеш, и плус имаш ручек вклучен. Тајланд е доста сиромашна земја, ако ги исклучиш туристичките места, и буквално за се можеш да се ценкаш, инаку ке те одерат. Смештајот требаше да ни биде 800$ месечно, вила со базен, имам пријател што живее таму од 2011-та, па полесно се наоѓа на овој начин.

Идете во Бангког, барем на викенд, на Скај Лебуа. Не запознав ниту еден до сега што не се воодушевил од земјата. Џабе слики, некои работи треба да се видат во живо.