Јас би живеал во Переа (под Солун) и око нема да ми трепне.
Како би живеел таму (освен ако немаш европски пасош) подолго од 90 дена без виза?
Ме имаат викано на работа во Атина пред некоја година (работам во IT), само ми понудија ниска бруто плата и немаше поента да се селам.
Ако имам приход од 5k евра месечно од тоа што го работам (од муабетиве погоре) - сигурно ќе се најде фирма на која ќе и вршиш работа и ќе ти обезбеди работна виза.
Maлку експерти има, работни визи има доста 
Мислев поентата е да се купи имот и таму да се живее. Ти ако работиш во Атина што ќе ти е станот во Переа?
Освен ремоте ако работиш, уствари не знам дали грците имаат номад виза, тоа би било опција да живееш таму без работна виза. Ама има друг проблем, ако бруто ти е 5000, кај нас нето ќе ти бидат 4500, во грција ќе ти бидат околу 3500 може и помалку, они мислам дека имаат повисок данок на 30/40000еу приход годишно.
Што работиш во ИТ?
Имаат Грците номад виза, имаат и Италјаните имаат и Шпанците. И секоја држава си иде со свои проблеми, а најголем проблем се даноците кои што се прогресивни и обемите се многу ниски, па со 5000 евра веќе наближуваш или си во највисоката даночна стапка влезен. Ова кажувам како некој што долго време веќе разгледува опции за дигитал номад виза баш во тие 3 држави
на повисоките давачки додај и генерално повисоки трошоци за живеење, особено во споредба со градови во Македонија кои не се Скопје, направи ја математиката и одма ќе видиш дека во ниеден случај стандардот на живот што го имаш тука со толкава бруто плата нема теоретска шанса да го задржиш па макар и во Грција, а не па Италија или Шпанија.
Плус, селење во помали места во друга држава може да има и јазична бариера. Пошто на крај на ден, колку и да си интроверт ќе сакаш да се дружиш со луѓе, а освен ако не си во некое место кое е ептен интернационално (пример Валенсија), ќе треба да го зборуваш локалниот јазик за да можеш да се вклопиш во друштва.
Ние многу сакавме (и уште сакаме) да се селиме во Италија. И иако технички може да си дозволиме живот таму без проблем со моменталните плати, многу од задоволствата што си ги дозволуваме тука ќе треба да ги скратиме (а и да не правам муабет на колку повеќе пари ќе ни одат на даноци, пари што би оделе во заштеди, инвестиции, па и шетања и делови за М2чето
). И така на крај заклучивме дека најблиску што ќе стигнеме до Италија е да се отвори прилика во Гугл или Епл во Цирих па да ни биде Италија на 3 саати возење.
Тоа е тој муабет.
Потполно се согласувам.
Шпанците и Италијаните чудно те гледаат ако им збориш на англиски, а тоа да не е барање насоки за движење како турист.
Во Мај 2018 година рентав Airbnb цел месец во Валенсија, да видам како е животот таму.
Тогаш излезе Avengers: Infinity War
Сакав да го гледам, но во кино немаше филм на англиски.
Имаше еден филм, и тоа во Вторник, во 20h, и беше некој детски, некој тапа филм.
На телевизија, Friends играше и немаше опција да сменам аудио на англиски.
Театар, опера, институции, се на шпански. Ако им презбориш на англиски, може и котек да изедеш.
Недела ништо не работи. Ништо, ни продавници, ни ресторанти. Нема каде да отидеш.
Во работен ден, повеќето места служеа храна само 2-3 саати наутро, од 9-10 до 12h.
Во тие саати не можеш место да најдеш. Пред тие саати ќе дремеш, не служат храна.
Им стојат сендвичите готови, не ти ги дава.
После тоа време, работи местото за кафе, не работи кујна. Вика пица после 17h. Одам 17:30 се зафатено, и си седеа луѓето до 20h.
Начекав маса во 19h, се испродале пиците.
Мамата.
Си ги заборавив слушалките дома, 2 дена не можев да најдам wireless слушалки, кој не беа по 200 евра. Земав жичени.
Ако не сакаш даноци, Португалија мислам уште е најдобар избор во Европа.
Ама оди прошетај, поседи малце, види култура, види структура на народ, пробај ги институциите, па пиши дали ке се преселиш или не
