Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357412 пати)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Зошто некој со 5к евра месечни примања би живеел во Ск е над моите мозочни способности.
I mene ne mi vleguva u glava da sedis vo Skopje

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

 @nikola_bb  @vladic3110  а каде би живееле вие ако сте во таа позиција ?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Јас би живеал во Переа (под Солун) и око нема да ми трепне.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Не секој има прилика да го прчи на море и да ги вади тие 5, 10, 100 иљади евра во Скопје. Можеби едноставно мора да е физички присутен за да ги заработи :)

Да не ви се наоѓа некое поткровје без косини за продавање? За мене прашвам :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Не купи стан пред скоро време?

Или фудбалери има над тебе?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Јас би живеал во Переа (под Солун) и око нема да ми трепне.
Ок, ке ти биде интересно месец 2.
После ?
Никој не познаваш. Мислеш грците ке те дружат таму ?
Треба децата да ги запишеш на училиште. Што ке научат за македонците во тоа училиште. Како ке ги третираат ?
Переа е туристичка населба, кога ке има туристи ке е гужва, кога ке нема туристи повеќе од пола од бизнисите нема да работат.
Плус е приградска населба, како Драчево или Илинден во Скопје.

Не е тоа туку така.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Не купи стан пред скоро време?

Или фудбалери има над тебе?
Го продадов :)

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 360
Јас би живеал во Переа (под Солун) и око нема да ми трепне.
Како би живеел таму (освен ако немаш европски пасош) подолго од 90 дена без виза?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Во Скопје м² 10К-15К. ;D
Париз е поевтино,некој пролупал на радилица.

Инаку со јака плата и работа без физичко присуство би си зел куќа во природа,каде што ќе ги има сите основни животни потреби.Другите нека седат во гужвите и лудилото наречено Скопје.(ова важи за секоја похолема џунгла во Мк,мада Скопје е најголемата).
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Јас би живеал во Переа (под Солун) и око нема да ми трепне.
Ок, ке ти биде интересно месец 2.
После ?
Никој не познаваш. Мислеш грците ке те дружат таму ?
Треба децата да ги запишеш на училиште. Што ке научат за македонците во тоа училиште. Како ке ги третираат ?
Переа е туристичка населба, кога ке има туристи ке е гужва, кога ке нема туристи повеќе од пола од бизнисите нема да работат.
Плус е приградска населба, како Драчево или Илинден во Скопје.

Не е тоа туку така.

Другар, јас неам сеуште деца.
Исто како што немам ни 5 илјади евра плата месечно моментално.
Збориме за моментално и збориме хипотетички, не збориме дали со деца или не.

Утре ќе се преселам во Переа да можам.
И да имам деца - ќе се снајдеме некако, гледам во Германија и во Англија многу поприфатени се и здружени нашиве со локалците, па си тераат фамилии.
Не ти ги разбирам муабетиве, небаре Переа е Дојран или Мантово.
« Последно менување: 16 Јули 2025, 20:57:13 pm balanar »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30067
    • CARclub.mk
Имам другари грци од Переа, прекрасна населба е. Има и училишта, и градинки, и сè што треба. Не е само туристичка населба, туку е и резиденцијална.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Јас би живеал во Переа (под Солун) и око нема да ми трепне.
Како би живеел таму (освен ако немаш европски пасош) подолго од 90 дена без виза?

Ме имаат викано на работа во Атина пред некоја година (работам во IT), само ми понудија ниска бруто плата и немаше поента да се селам.

Ако имам приход од 5k евра месечно од тоа што го работам (од муабетиве погоре) - сигурно ќе се најде фирма на која ќе и вршиш работа и ќе ти обезбеди работна виза.
Maлку експерти има, работни визи има доста :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Во Куманово скокнаа цените од други причини, за 5 години од 600е отидоа до 1600е. Па и старите станови многу добија на вредност. Али градот е во тотален хаос, ке се потрошат тие пари и се надевам пак ке се врати на некоја нормала.

Не баш.

1600Е е цена е за во централно градско подрачје, буквално ако сакаш да си на 2 минути одење од центар, без да мора да палиш кола. Има станови по 1100Е на 3-4 минути со кола од центар. Знам дека алудираш на парите што се земаа од тужби, ама глобално гледано, на цел Балкан цените се качени. Врање дојде до кај 900-1000Е.

Бабата и дедото купија стан во Маџир Маало за 1450 м/2, пред 2 години. Во истата зграда веќе се продаваат за 1800-1900м/2.

Тешко дека тие станови во центар ке идат надолу, без оглед на градежниот метеж и парите од тужби. Тешко се добиваат(засега) дозволи за градби во централно градско подрачје. 

Општина Центар одобри градење во последниве 4 години како во последниве 400. Буквално се потпишаа.

Мислев на центарот во Куманово, требаше да допрецизирам.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Јас би живеал во Переа (под Солун) и око нема да ми трепне.
Ок, ке ти биде интересно месец 2.
После ?
Никој не познаваш. Мислеш грците ке те дружат таму ?
Треба децата да ги запишеш на училиште. Што ке научат за македонците во тоа училиште. Како ке ги третираат ?
Переа е туристичка населба, кога ке има туристи ке е гужва, кога ке нема туристи повеќе од пола од бизнисите нема да работат.
Плус е приградска населба, како Драчево или Илинден во Скопје.

Не е тоа туку така.

Другар, јас неам сеуште деца.
Исто како што немам ни 5 илјади евра плата месечно моментално.
Збориме за моментално и збориме хипотетички, не збориме дали со деца или не.

Утре ќе се преселам во Переа да можам.
И да имам деца - ќе се снајдеме некако, гледам во Германија и во Англија многу поприфатени се и здружени нашиве со локалците, па си тераат фамилии.
Не ти ги разбирам муабетиве, небаре Переа е Дојран или Мантово.

Нема бе момче, не е толку едноставно.
Сосема случајно налетав на стан во Переа пред неколку години, трет ред, 68.000 евра, беше за реновирање. Имаше нешто натегање со паркингот, не се секавам што поточно беше, дали не сакаа да ми продадат паркинг, или не ми се допаѓаше нешто околу локацијата.

Размислував за преселување, ама брзо разманав за преселување, се мислев да го земам ко за летен одмор, ама го продадоа додека се мислев.
Лесно е вака да речеш оставам се и одам, ама ако утре ти се укаже вистинска можност, тогаш се менуваат работите.
Родителите, другарите, образование на децата, менување на начин на живот, итн...

Човек кој не е снајден тука, кој има доживеано неправда, или искористен од системот, полесно ке се одлучи на ваков чекор и ке се пресели.

Ама ако е снајден тука, како што е примерот со 5000 евра месечна плата, или живот со плата која дозволува удобен живот, сметам дека потешко ке се одлучи да се пресели.
Скопје е многу убаво место за живеење ако имаш 2000 евра плата месечно. Надвор од Скопје каде се е поефтино, но уште да си во Македонија е уште поубаво со таа плата.
Јас да имам 5000 евра плата месечно, ке си живеам во Скопје, и секој месец ке си одам на викенд низ Македонија, секое лето 2-3 пати на море, секое зимо 2-3 пари на планина на скијање. И така ...




Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Мислиш на Скопје, како Скопје Бардовци, Злокуќани, Соње, Водно етц, или Скопје Центар, Аеродром, Тафталиџе? 

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Јас би живеал во Переа (под Солун) и око нема да ми трепне.
Ок, ке ти биде интересно месец 2.
После ?
Никој не познаваш. Мислеш грците ке те дружат таму ?
Треба децата да ги запишеш на училиште. Што ке научат за македонците во тоа училиште. Како ке ги третираат ?
Переа е туристичка населба, кога ке има туристи ке е гужва, кога ке нема туристи повеќе од пола од бизнисите нема да работат.
Плус е приградска населба, како Драчево или Илинден во Скопје.

Не е тоа туку така.

Другар, јас неам сеуште деца.
Исто како што немам ни 5 илјади евра плата месечно моментално.
Збориме за моментално и збориме хипотетички, не збориме дали со деца или не.

Утре ќе се преселам во Переа да можам.
И да имам деца - ќе се снајдеме некако, гледам во Германија и во Англија многу поприфатени се и здружени нашиве со локалците, па си тераат фамилии.
Не ти ги разбирам муабетиве, небаре Переа е Дојран или Мантово.

Нема бе момче, не е толку едноставно.
Сосема случајно налетав на стан во Переа пред неколку години, трет ред, 68.000 евра, беше за реновирање. Имаше нешто натегање со паркингот, не се секавам што поточно беше, дали не сакаа да ми продадат паркинг, или не ми се допаѓаше нешто околу локацијата.

Размислував за преселување, ама брзо разманав за преселување, се мислев да го земам ко за летен одмор, ама го продадоа додека се мислев
Ама ако е снајден тука, како што е примерот со 5000 евра месечна плата, или живот со плата која дозволува удобен живот, сметам дека потешко ке се одлучи да се пресели.
Скопје е многу убаво место за живеење ако имаш 2000 евра плата месечно. Надвор од Скопје каде се е поефтино, но уште да си во Македонија е уште поубаво со таа плата.
Јас да имам 5000 евра плата месечно, ке си живеам во Скопје, и секој месец ке си одам на викенд низ Македонија, секое лето 2-3 пати на море, секое зимо 2-3 пари на планина на скијање. И така ...

Баш е едноставно по мене и за мене.
Јас мислам сосема обратно од тебе и тоа е тоа.
Со приход од 5000 евра месечно сакам да живеам во мирно место на море, а не во Дебар Маало.
Родителите ми се живи (дал Господ), сестра ми со фамилијата си тера. И на сето ова - пак ќе се иселам со девојката во таква прилика.

И да - мислам дека ќе се снајдам доста долу на југ.

П.С Далеку сум од момче, ова го зборам со 38 години со моментална плата од 1200+ евра. Плата што ја трошам во Штип, така да - ниту имам неправди, ниту не сум снајден ниту сум искористен од државава.