Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357858 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4020
Лоша математика имате со кириите. Моментално во Битола барем све е издадено на Кромберт за странски работници. Плаќаат на ден колку што знам. Цените се многу многу повисоки од 250е месечно. Барем јас знам еден пријател кој зема околу 2к евра месечно од два мали апартмани.

Не знам како е во нивната фабрика во Скопје но и ако и таму имаат странски работници сигурно плаќаат исто.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98

Баш така, батко Симо.
Направи скрин на моите зборови – можеби нема да биде 4000, ама запиши:
јули 2026, да сме живи и здрави па ке се подсетиме:

Центар: 3200 – 3500 €/m²

Аеродром: 2200 – 2500 €/m²

Aрно му прават, ко има будали, нека им ги земат парите.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Лоша математика имате со кириите. Моментално во Битола барем све е издадено на Кромберт за странски работници. Плаќаат на ден колку што знам. Цените се многу многу повисоки од 250е месечно. Барем јас знам еден пријател кој зема околу 2к евра месечно од два мали апартмани.

Не знам како е во нивната фабрика во Скопје но и ако и таму имаат странски работници сигурно плаќаат исто.
Тоа со Кромберт колку е долгорочно?
Тие плаќаат за странците кои се дојдени на обука или не знам за шо по еден тон пари за смештај,а плата не знаат да има дадат на вработените.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
За да можат да пишат 300е на фактура за сместување а се договорат за 150е и да ги делат останатите пари после.

А ако му дадат плата на вработените тие ништо настрана нема да земат.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Лоша математика имате со кириите. Моментално во Битола барем све е издадено на Кромберт за странски работници. Плаќаат на ден колку што знам. Цените се многу многу повисоки од 250е месечно. Барем јас знам еден пријател кој зема околу 2к евра месечно од два мали апартмани.

Не знам како е во нивната фабрика во Скопје но и ако и таму имаат странски работници сигурно плаќаат исто.
Јас сакав да купам два стана во Штип, сега е тренд со студенти од Турција. Ако државата им ја скине помошта, а има некои гласини, така ќе стојат празни илијадници станеви изградени последниве години. Исто како и пријателот твој од Битола, што му се посреќило, иако се сомневам дека некој му плаќа за мал апартман сума како во солиден хотел каде што за истата ќе добива и храна и чистачка нема да плаќа сметки.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4020
Знам и за друг човек кој има неколку стари куќи трансформирано во апартмани. Притоа има и кафана во градот. Кромберт му плаќа 1500денари од човек по ден со едно јадење во неговата кафана, има скоро 20 луге. Оставам на теба да пресметаш колку е тоа месечно/годишно. А колку што знам веќе една година има луѓе од Кромберт.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513

Колку од тие 1500 денари по човек ги дава на директорот од кромберт?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4020
Не знам тоа. Има околу 500тина странци што работат во Кромберт Битола. Сите тие се сместени во апартмани низ Битола па и пошироко(имаше дел во Хотел во Претор). Колку што знам во Скопје хотелите на Македонија Турист беа полни со работници од Кромберт.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен boksata

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Кирија во Скопје долен просек е 400 евра, во Аеродром 500 евра месечно.
И 10 000 евра плус за гаража во пресметките треба да се додаде, хаос е за паркирање.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Него @Nandor The Relentless  кога сме кај комунилаииве до каде „пато“ кај Теферич? Некој ќе го глорифицира ли за време на изборнава кампања?

Кратка верзија:
Да ги мочам од керамиди сите скопски градоначалници од 99-та наваму.

Елаборат, односно, долга верзија - наскоро.
Ќе мора да се случи соодветна констелација на ѕвездите за да склопам нешто со минимална употреба на глаголот "ебам".
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Цените на квадрат за живеење во Скопје се превисоки и тоа е факт, сакале да си признаеме или не.

Месечната кирија на 1 стан земете ја колку изнесува на 8 години (најоптимистична варијанта), 10 год. и 12 год (најпесимистичка варијанта) ете толку станот вреди.

Ова е брза математика бидејќи ниту еден стан нема да е издаден секој месец за тие години и има трошоци за него (даноци, осигурување, амортизација, опремување, сметки кога е празен) ама е некаков најосновен индикатор колку вистински вреди еден стан.

Има и други методи на проценка, покомплицирани но и овој иницијално врши работа.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Него @Nandor The Relentless  кога сме кај комунилаииве до каде „пато“ кај Теферич? Некој ќе го глорифицира ли за време на изборнава кампања?

Кратка верзија:
Да ги мочам од керамиди сите скопски градоначалници од 99-та наваму.

Елаборат, односно, долга верзија - наскоро.
Ќе мора да се случи соодветна констелација на ѕвездите за да склопам нешто со минимална употреба на глаголот "ебам".

Секој ден го го упатувам соодветниот глагол директно во правец на сите елити што на тема пруги, сончеви градови, вардарски долини уште добиваат на избори. Откако потона повторно цел пат, не само што километражата е јако зголемена на секое одење натака туклу гужвите станаа неиздржливи.
Да не почнувам со пато од ругата страна кој што ни ги изеди парите, ја сјеба планината и никогаш не беше пуштен. 

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 813
  • The best or nothing.

Треска резиденс. 33,000 жители треба да смести, само се прашувам од каде. Народот се сели констатно, а се повеќе и повеќе згради се прават. Капак на се, скоро 90% од становите се продадени уште во фаза на колчење на парцелата...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561

Треска резиденс. 33,000 жители треба да смести, само се прашувам од каде. Народот се сели констатно, а се повеќе и повеќе згради се прават. Капак на се, скоро 90% од становите се продадени уште во фаза на колчење на парцелата...

Цела Македонија сака во Скопје. Огромен број на млади луѓе веќе не сакаат да живеат со родителите, и секој кој може да си дозволи да купи стан, го прави истото. Голем дел што се иселуваат од Македонија, купуваат станови за да имаат каде да престојуваат кога ке се вратат назад, зашто им треба приватност, и не сакаат кај родителите. Добар дел од оние што имаат пари сакаат и да си ги заштитат од инфлација.

Во Македонија, пазарот на недвижнини делува дека е вон било која економска логика, цените растат во очи на уште поголема понуда. Станот каде што живеам го купив 660€/m2 во 2020-та, и имаме сега зграда што се гради на неколку метри од нас, истата улица, можеби и понеквалитетна градба, се продаваат 1500€/m2. Центар на Куманово е 1590€/m2.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Колку повеќе се иселуваат, толку повеќе ќе се продаваат.

За Битола еве ќе кажам, на север не знам како е, од младите никој не прави куќа на село, тие со земјоделие/ сточарство и сл. купуваат стан во Битола, или Скопје.
Некои се на втор или трет стан оти тутунот убо се плате, не дека им треба.