Цените на квадрат за живеење во Скопје се превисоки и тоа е факт, сакале да си признаеме или не.
Месечната кирија на 1 стан земете ја колку изнесува на 8 години (најоптимистична варијанта), 10 год. и 12 год (најпесимистичка варијанта) ете толку станот вреди.
Ова е брза математика бидејќи ниту еден стан нема да е издаден секој месец за тие години и има трошоци за него (даноци, осигурување, амортизација, опремување, сметки кога е празен) ама е некаков најосновен индикатор колку вистински вреди еден стан.
Има и други методи на проценка, покомплицирани но и овој иницијално врши работа.