Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 323923 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29936
    • CARclub.mk
Точен си и опширен,муабетот ми беше шо сакаш направи нема луѓе да развиеш нова населба.Глесљј статистика на новородени,види процент на иселување.
Моја генерација бевме 1000 матуранти,сега се 200,со тенденција и тие за некоја година да му ја летнат по бел свет.
За кого ќе градиш градинка и училиште?
А дека треба да се направи тоа што го наброја треба,но прво ти трњбаат луѓе.

Има иселување, ама има и (во Скопје барем) доселување. И за жал, населението се концентрира (и објективно, се стиска) во 4-5 конкретни населби и тоа е тоа. И ги разбирам луѓето што кога ќе дојдат во Скопје, сакаат да се блиску до центар. Еден нормален автобус нема до подалечните населби, не па нешто друго.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7132
И најчесто после се жалат како нема услови за нормално живеење.
Бев во истата ситуација, баравме стан 3 години, меѓу споменатите населби.
Секаде каде никнале "населби во населби" очигледен е економскиот интерес наспроти квалитетот н живот.
Мене ми беше логиката, да нема можност да ми крене зграда никој на 5 метри, да има соодветен тротоар за шетање, колку толку зеленило, школо, градски превоз во близина.
Компромисот кој морав да го направам беше, да земам стар стан од '80, да немам сопствен паркинг.
Ама, кога и да поминам покрај "наполитанките" изградени мести воените бараки позади Тобако 2, сфаќам дека не сум згрешил со изборот

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1983
И како функционираш без паркинг?

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2641
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Кога правиме муабет за паркинг/гаража при купување на стан, задолжително треба да е за купувачот да го купи, ама и тука постои пропуст. Како? Па така, иако инвеститорот/продавачот наведува во преддоговор дека треба и задолжително е паркинг место, некој ќе рече: „Јас не сакам паркинг место“. Автоматски – ти немаш. Не дека ќе заштедиш 15–16 илјади евра, ама еве, да речеме, не живееш во Скопје и си имаш стан. Зошто морам да купам паркинг? Не ми треба. Или пак – не возам кола, одам со точак.

Тука  ти како купувач се откажуваш инвеститорот  твоето место  го нуди на друг. Да речеме, некаде се маж и жена и чекаат некој да се откаже – како тука што кажувам – и автоматски се распродадени сите паркинг места некој има 2или3 паркинг места некој нема..

Не верувам веќе дека и најобични – некои што градат, посебно во Центар – градат без паркинг. Тоа не постои. На четири места што гледав, секаде ми беше презентирано: задолжително купување на паркинг место. Така што – не е сè така како што мислиме.

Остави ти што долу, кај ФОН, Александрија, па и Влае – ги упропастија начисто. И уште поголем хаос ќе биде со вселувањето доправа а можеа тие места итекако супер да испаднат а не собиранка без идеа бутај бетон и 9 катница..

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2641
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Според мене Влае и Тафталиџе воопшто не треба да се чепкаат ниту да се градат било какви стамбени згради крај на приказна кој си има куќа да си ја досреди кој сака да гради ако има плац ке изграда типска куќа и тоа е тоа

Според мене, Влае Тафталиџе  па и Козле ако издржи воопшто не треба да се чепкаат.
Доста е – никакви нови згради, никакви доградувања , крај на приказната.

Овие населби имаат свој мир, структура и квалитет на живот што не смее да се уништува. Кој има куќа нека си ја санира, нека си ја догради ако треба, нека си ја средува за генерации. Ако некој има плац – нека гради типска куќа, нека биде дел од амбиентот. И тоа е тоа.Крај на приказната каква црна зграда

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5118

Greska, imaa svoj mir i kvalitet na zivot. Toa ne e vekje taka, vekje nekolku godini

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7132
И како функционираш без паркинг?

Има зонски јавен паркинг. Во 95% од времето наоѓам место во радиус од 50м од влезот.
Ми фали моментот да зимно време не чистам, кога врне да излезам сув итн ама, како што пишав,  компромис.

Инаку квалитетот на живот во СК, отиде надолу уште кога дозволија згради во Дебар маало, Универзална и сличните места каде е предвидено семејно а не колективно.
Секако дека има и зошто, геолозите ги поставија тие правила после земјотресот ама се е безбедно :)
Патем, во Дебар маало вода има на 4 метри, пред некој да купува стан,  нека се симне прво до гаражите
« Последно менување: 25 Јуни 2025, 16:32:16 pm AllMightyMe »

Ако си во Стар Аеродром или делот спроти Три Бисери, се наоѓа тука паркинг. Пријатели живеат кај Хотел Русија спроти Лесковачка и кога и да сме биле - има паркинг. Тој круг сеуште е ок за живеење. Паркови, зеленило и има деца кај да раснат. Плус и кејот е блиску.

Во кои згради во Дебар Маало има вода?

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2916
  • Слобода или смрт
Се наоѓа паркинг и имам паркинг постојано на суво без да се змарам дали надвор врне снег, има град и невреме и без да чистам кола насабајле зимно време е многу различно. Кога еднаш ќе осетиш благодетот на тоа од лифт директно во кола другото не би го ни погледнал повеќе.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1452
Привремено се преселив од станот кај што имам 36 квадрати споен гаражен простор со одличен пристап во стан кај што имам 15м2 гаража ама исто ко да немам зошто колата не ми ја збира долу, и морам да изнајмувам гаража во друга зграда на 8-10 минути пешачење, и можам комотно да кажам дека сопствено убаво осмислено гаражно место е најголемиот благослов во Скопје.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 662
  • The best or nothing.
А што ќе кажете за рубик тауер, новата 17катница до воена. Капацитет 2.000 лица, и 530 паркинг места.

Нека се населени 500 фамилии, од кои половина од бројката, двајцата брачни партнери, да имаат своја кола, тоа се 750 коли. Тоа е голема бројка на возила. Сигурно нема на партизанска да дозволат да се паркира.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29936
    • CARclub.mk
Тука  ти како купувач се откажуваш инвеститорот  твоето место  го нуди на друг. Да речеме, некаде се маж и жена и чекаат некој да се откаже – како тука што кажувам – и автоматски се распродадени сите паркинг места некој има 2или3 паркинг места некој нема..

Ако е купувачот доволно глуп да се откаже, тогаш слободно нека купи некој друг. Со некупување гаражно место, свесно и самоволно си ја намалуваш вредноста на станот.

А што ќе кажете за рубик тауер, новата 17катница до воена. Капацитет 2.000 лица, и 530 паркинг места.

Нека се населени 500 фамилии, од кои половина од бројката, двајцата брачни партнери, да имаат своја кола, тоа се 750 коли. Тоа е голема бројка на возила. Сигурно нема на партизанска да дозволат да се паркира.

Мислам дека @osmica8 објаснуваше како законски се одредува колку паркинг-места треба да има една зграда. Едно место по стан веќе не е доволно.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 341
  • Macedonia
Какво едно место.... не знам за другите ама ние дома 4 коли имаме (и тоа без жените да имаат сопствено возило). Мора да се обезбедиш што по максимално со паркинг.
Јас во новата зграда кај што земав стан без размислување 2 паркинг места. Да имав уште пари да вложам и трето би купил.
Во секој случај е капитал и секако не ја губи вредноста, може само да се крене кога ќе снема никакви места.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 662
  • The best or nothing.
^ Честито нека е.
Чаирчанец мислам беше ти? Стара сорта во изумирање.  :)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 341
  • Macedonia
Ти благодарам.

Инаку да. Чаирчанец, што ќе го напушти јадрото наскоро.