Со сета почит кон инженерите, ама за штемање плочки, нова инсталација, лепење плочки и се друго, не ти треба инженер. Џабе диплома, ако од плочки и лепак за плочки, прочитал во скрипта, а не фатил практично.
@nikola98 Да те потсетам: Членот
@DarthJe5us бараше мајстор да му смисли решение.
„Мајстор“ НЕМА во Македонија. Занаетчиска комора НЕМА ИЗДАДЕНО МАЈСТОРСКА ДИПЛОМА повеќе од 30 години.
„Мајстор“ не смислува решение.
„Мајстор“ не е едуциран да смисли решение.
„Мајстор“ може да реализира смислено решение.
Решение смислува Инженер.
Инженер е едуциран да смисли решение.
Инженер не е физички работник. „Мајстор“ е физички работник. Не мешај баби и жаби.
Додека тоа не го научите, до тогаш ќе кажуваш по комшии и пријатели зошто ти се нерамномерно поставени плочките, зошто не се поклопува фуга на фуга, зошто ти е мало купатилото... Зошто ти се затнува одводот. Зошто протекува вода кај комшиите под мене. Зошто? „Ме заебаа мајсторите“...
Само напред и со среќа со тие што мислиш дека се „мајстори“...
Внимавај ако ја реконструраш електричната инсталација во купатилото. За таа просторија постојат посебни правила и стандарди за електротехнички инсталации. Од неправилно направена електрична инсталација во купатило се губи живот.