Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 358117 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
А која населба има соодветна инфраструктура за зградите што се изградени последниве 20 години?

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1725
Мене за Треска зградите ме инересира која улица ќе ги опслужи истите?

Никоја.

See also: Прашка.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Ново Лисиче во тој поглед, сме добри сеа за сега. Немаме толку проблем со проодност на главните улици. Паркинзите како и секаде се проблем, особено што од Аеродром ги носат колите во Ново Лисиче заради тоа што се плаќа паркинг во Аеродром, а Ново Лисиче нема зонско.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Мене за Треска зградите ме инересира која улица ќе ги опслужи истите?

Таму жителите ќе возат електрични тротинети. Само урбано.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Kje vlezes od Gologanov i po Ruzveltova kje se upikas vo ona maloto ulice kaj starata furna na Milenium i so gospod napomosh.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Парите сѐ пробиваат. Нит на бул Словенија не смее да има никакви објекти што ќе може да се приклучат, нит онаа приватната градинка на Партизанска смее да прави пристап за сељаците да си ги остаат најмилите пред влез ама ете, некако никој надлежен не го гледа.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Ми треба препорака за мајстор/и што ќе смислат решение за бања во стан. Треба да се смени када и да се направи целата инсталација. За Скопје зборувам.

Исто така ми треба мајстор што сервисира ПВЦ лизгачки врати.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Ми треба препорака за мајстор/и што ќе смислат решение за бања во стан. Треба да се смени када и да се направи целата инсталација. За Скопје зборувам.

Исто така ми треба мајстор што сервисира ПВЦ лизгачки врати.

Ти посакувам среќа и нерви.

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 129
Ми треба препорака за мајстор/и што ќе смислат решение за бања во стан. Треба да се смени када и да се направи целата инсталација. За Скопје зборувам.

Тебе ти треба инженер. Мајстор/и не знае да смисли решение. Инженер учел школа за да смислува решенија.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 813
  • The best or nothing.
Со сета почит кон инженерите, ама за штемање плочки, нова инсталација, лепење плочки и се друго, не ти треба инженер. Џабе диплома, ако од плочки и лепак за плочки, прочитал во скрипта, а не фатил практично.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Оваков Мајстор му треба.


Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 129
Со сета почит кон инженерите, ама за штемање плочки, нова инсталација, лепење плочки и се друго, не ти треба инженер. Џабе диплома, ако од плочки и лепак за плочки, прочитал во скрипта, а не фатил практично.
@nikola98 Да те потсетам: Членот @DarthJe5us бараше мајстор да му смисли решение.
„Мајстор“ НЕМА во Македонија. Занаетчиска комора НЕМА ИЗДАДЕНО МАЈСТОРСКА ДИПЛОМА повеќе од 30 години.
„Мајстор“ не смислува решение.
„Мајстор“ не е едуциран да смисли решение.
„Мајстор“ може да реализира смислено решение.
Решение смислува Инженер.
Инженер е едуциран да смисли решение.
Инженер не е физички работник. „Мајстор“ е физички работник. Не мешај баби и жаби.
Додека тоа не го научите, до тогаш ќе кажуваш по комшии и пријатели зошто ти се нерамномерно поставени плочките, зошто не се поклопува фуга на фуга, зошто ти е мало купатилото... Зошто ти се затнува одводот. Зошто протекува вода кај комшиите под мене. Зошто? „Ме заебаа мајсторите“...
Само напред и со среќа со тие што мислиш дека се „мајстори“...

Внимавај ако ја реконструраш електричната инсталација во купатилото. За таа просторија постојат посебни правила и стандарди за електротехнички инсталации. Од неправилно направена електрична инсталација во купатило се губи живот.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Што и да ми треба сепак препорака ми треба. Архитект, инженер, масон итн. ;D

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
 Најверојатно магионичар  ;D
Што и да правиш гледај да не одиш со посебни мајстори, еден за инсталација, еден за гипс, друг за водовод, оти ќе ти направат хаос, на никој не му е гајле шо е следно ниту пак внимаваат на стандарди, кај треба да оди струјата, каде водата, каде одвод, каде профил па само проблеми еден на друг си ствараат.
Арно ти викаат да си најдеш некој што ќе го дизајнира и изработи, за да можеш за сите замерки со едно лице/фирма да комуницираш.
За препорака види ги реновирање.мк изгледаат како да знаат што прават  ;)

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
Со сета почит кон инженерите, ама за штемање плочки, нова инсталација, лепење плочки и се друго, не ти треба инженер. Џабе диплома, ако од плочки и лепак за плочки, прочитал во скрипта, а не фатил практично.
@nikola98 Да те потсетам: Членот @DarthJe5us бараше мајстор да му смисли решение.
„Мајстор“ НЕМА во Македонија. Занаетчиска комора НЕМА ИЗДАДЕНО МАЈСТОРСКА ДИПЛОМА повеќе од 30 години.


Како нема, немој така ние сме сериозна вукоебина, пред некоја година агенција за вработување му даде диплома за столар,пекар,лекар,апотекар и уште 50 дејности по 40 минутно предавање на другар што е адвокат. 8)