Постои можност да купам стан од 140 метри квадратни, кој моментално е поделен со два влеза, практично 2 стана се. Се работи за зграда која сеуште е во изградба, и ке биде А1-1, значи, станбена куќа со засебни имотни листови. Идеално, сакав да ги купам двата стана со засебни имотни листови, но изведувачот сака да ги продаде како една станбена единица и да ми даде еден имотен лист за 2-та стана. Претпоставувам заради тоа што веројатно има максимален број на имотни листови кои може да се издадат за ваков тим на зграда.
Прашањето ми е доколку ги купам двата стана сега на еден имотен лист, дали постои можност потоа јас да ги поделам на 2 стана, со посебни имотни листови?