Другар ти направил многу добар потег место да кмиши во газ место простор.
Иначе, друга работа што треба да се искалулира и да се земе в предвид растојанието. Секогаш се опција Волково, Илинден и таквите места, ама ако треба секој ден да патуваш на работа по бог знае колку километри на долг рок, ако во иднина нема некој план да се пресели повторно, излегува местото да е "поскапо" од само да се пресмета иницијалната квадратура.
И јас кога барав стан имав разговарано со еден инвеститор од таму, не ми текнува како му беше името ама во споредба со градот ако некој е спремен да се отсели доста добар дил. Некои 30-40 илјади евра разлика имаше во цената за квадратурата што ја земав ама не ми се живееше сепак во Илинден, иако размислив и за таа опција.
Илинден е океј место, доста голема населба има училишта, градинки, сали, кафичи за мали и млади деца. За возрасните дали има кај да се прошетаат или нешто да направат, не знам. Доволно е голема за да биде сосема засебна населба и многу подобра опција според мене за разлика во споредба со Волково или други приградски населби во Ѓорче Петров.