Кога сме веќе на тема станови, сестра ми седеше под кирија во Лисиче (последните згради, позади бензинската на Макпетрол), газдите решија да го продаваат станот (зграда изградена 2012), површина 37 м2, со паркинг место пред зграда, наместен стан. Пошто и досади нон стоп селење и плаќање кирии, чекавме да видиме што цена ќе понудат и да се даде понуда. Почетната цена беше 62.000 евра. Дадовме понуда (со кредитирање преку банка нормално) од околу 56.000 е. После нас, иастиот ден, дојдоа луѓе и понудија во кеш, првиот 60.000, вториот 61.000 и третиот 62.000 евра и нормално приказната околу купување, барем за нас заврши тука.
Станот е купен поради комерцијални причини, да се издава под кирија. Цената по мене е нереална. Поради присуство на огромен капитал без потекло, кој најлесно се пере преку инвестиции во недвижности, доаѓаме до ситуација 90% да е купено во кеш уште во фаза на проект (за нова зграда зборам) и обичен смртник тешко може да конкурира со понуда да купи дом за живеење.
Пред некоја година се бунев кога се предложи воведување на поголем данок на втора, трета итн недвижност, сега би поддржал 50% повисок данок за втора недвижност, 100% за трета, 200% за четврта итн.