Јас сум размислувал и за Ајватовци, а никогаш не сум бил таму. 
Чekаме од @t0m1cA да каже колку одат плацовите, дали има водовот за карпатскио, и дали има куќи воопшто. 
Јас се вселив септември 2018, од тогаш до сега, баш ги броев тие што ги гледам, има изградено 20+ куќи кои што се вселени.
Водовод има, а и цело место „лежи“ на вода, на длабочина од 10м веќе има вода.
Плац со убава локација под 25еур/м2 нема, можеби и повеќе се отидени цените, лани се распрашував последно.
Има долу под мене комплекс од куќички, 100м2 куќа на плац од 300м2 се продава за 67000еур, новоградба, монтажна амерички стил.
Исто има најава оди истиот инвеститор дека под мене према ВанХол ќе гради троа поголема населба со сите салтанати, ама немам сеуште 100% точно инфо за тоа.