Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 392217 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20279
Според официјалните податоци од Агенцијата за катастар на недвижности, понудата на станови кај нас одамна ја прегази побарувачката со оглед на тоа што многу повеќе се гради отколку што се купува. Имено, во земјава има над 6.000 непродадени новоизградени станови, а најголем дел од нив се во Скопје.

https://samoprasaj.mk/naacik/2126-vestacki-se-kreira-porast-na-cenite-na-stanovite

They fucked my town's mother.
May their money be "aram".

Зошто тогаш расте цената уште :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Цената расте, бидејќи имаш ценовна промена на материјалите. Ако железото било 40 денари ќило, сега е 100 денари. И т.н.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20279
Цената расте, бидејќи имаш ценовна промена на материјалите. Ако железото било 40 денари ќило, сега е 100 денари. И т.н.

Знам дека се пораснати цените и на цела зграда промената во цена е толку мала што нема што да влијае во цената на становите.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 850
Првата слика на постов е од Аеродром.
Баш во овој регион другарче беше заспределен за пописот.
Сите нови згради во регионов имаат max до 40-45% населеност. Некој и помалце.
Еден куп празни станови, но многу од нив не се продаваат а голем дел не се ни издаваат.
Тоа е.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10330
Цената расте, бидејќи имаш ценовна промена на материјалите. Ако железото било 40 денари ќило, сега е 100 денари. И т.н.
А зошто да порасне цената ако е  изградена додека биле поевтини материјалите ;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9015
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Цената расте, бидејќи имаш ценовна промена на материјалите. Ако железото било 40 денари ќило, сега е 100 денари. И т.н.

Знам дека се пораснати цените и на цела зграда промената во цена е толку мала што нема што да влијае во цената на становите.

Скроз. Ако чуете нешто вакво од изведувач, да знаете дека јаде лајна.
Железото цело време варира горе/доле, не е тренд само да поскапува (иако годинава има драстична разлика).
Сепак, таа разлика не е толку голема затоа што реално никој нема да потроши толку многу количина по единица стан, за да поскапе станот 10.000 евра :)

Цементот можеби поскапнал 10 денари низ годините... а тој највеќе се троши.
Да ги прашаме "градителиве" дали им ги качиле платите на кутрите работници што висат на 6-ти кат во Август, само?
Можеби затоа се поскапени становите. :)))
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22226
Цената расте бидејќи има се помалку работници...поготово во период пролет-лето-рана есен кога може да се гради.

Лично, веќе трета година не можам да си најдам комплетен изведувач за средување на дворот, а оние кои едвај ќе ги договориш ти нудат сиктер цена која е апла двојно повисока од предмерот на архитектот.

Верувам иста ситуација пропорционално е и на ниво на градење згради.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
За цената на еден стан, најмногу влијае материјалот од кој се изградени, и пред се локацијата.
Отворете на фб по групите, сите бараат станови во аеродром/тафталиџе/карпош. Ако ви е скапо 1000+ евра за квадрат, имате опција по 650/700 евра за м2 во Илинден. Имате 650евра во топанско поле.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20279
Цената расте бидејќи има се помалку работници...поготово во период пролет-лето-рана есен кога може да се гради.

Лично, веќе трета година не можам да си најдам комплетен изведувач за средување на дворот, а оние кои едвај ќе ги договориш ти нудат сиктер цена која е апла двојно повисока од предмерот на архитектот.

Верувам иста ситуација пропорционално е и на ниво на градење згради.

Цената на градење е толку минимално порасната што нема причина да влијае на цената на становите. Единствена причина за повисоки цени на станови е лакомост. Ти не можеш да најдеш изведувач затоа што работниците се зафатени на згради затоа што работат и ти кажуваат вакви цени колку да видат дали ќе упали.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7194
Фркни 10% данок на имот на невселен/неиздаден стан и уште толку ако ти е 2,3,4 во сопственост па ќе видиш.

Ваљда на сите ви е јасно дека нема логика да сите станови се вселени. Тогаш Скопје ќе е 1м.

Фак лоџик ти е целата работа со недвижностите. Ма и со целата економија у државава.

На пазарот на труд, градежниците се новите ИТ.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22226
Цената расте бидејќи има се помалку работници...поготово во период пролет-лето-рана есен кога може да се гради.

Лично, веќе трета година не можам да си најдам комплетен изведувач за средување на дворот, а оние кои едвај ќе ги договориш ти нудат сиктер цена која е апла двојно повисока од предмерот на архитектот.

Верувам иста ситуација пропорционално е и на ниво на градење згради.

Цената на градење е толку минимално порасната што нема причина да влијае на цената на становите. Единствена причина за повисоки цени на станови е лакомост. Ти не можеш да најдеш изведувач затоа што работниците се зафатени на згради затоа што работат и ти кажуваат вакви цени колку да видат дали ќе упали.

Ете, ти цело време си го знаел одговорот и немало потреба погоре да ме прашуваш зошто цената на становите расте и покрај тоа што "во земјава има над 6.000 непродадени новоизградени станови, а најголем дел од нив се во Скопје."

А тоа дека јас не можам да најдам изведувач "затоа што работниците се зафатени на згради затоа што работат и ми кажуваат вакви цени колку да видат дали ќе упали" е само различен начин да се каже дека има се помалку работници - нешто што јас кажав погоре.

Да има доволно работници, ќе има и за згради и за мојот двор и за кречење детска соба....и тоа по разумни цени.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20279
Во твојот случај има и други работи, што е за тебе нормална цена, која е моменталната цена на пазарот и ако архитектот е толку сигурен во својата проценка зошто не може да најде изведувач што ќе сработи по таа цена?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22226
Нормална цена  е 10% плус минус цените во предмерот, не 100.
Архитектот е сигурен во својата проценка бидејќи истата ја прави за зградите и становите за кои збориме, секојдневно, со децении.
Изведувач (веќе кажав) не може да се најде бидејќи нема доволно работници за далеку поголеми проекти од мојот двор...
Голем дел од работниците за одреден проект се ангажирани со обичен договор за дело, а не вработени на неограничено кај одредена фирма и кога ќе дојде градежна сезона пола шибаат во  странство, а оние кои ќе останат тука бираат каде најмногу им одговара.

Тоа е тоа, нема тука никој друг што е крив освен изведувачите што не даваат плати добри. Ова ќе биде проблем во сите други работни индустрии нареднава деценија.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7194
Не за џабе Ист гејт, Лимак и на др згради сум гледал кобе со работници од Албанија/Косово.
Нашиве се по Германија/Словенија