Скопје е комбинација од лошо испланиран град, кога можеше после земјотресот да се димензионира за наредните 100 години.
Втора работа, никој во Скопје не сака да живее во Центар. Луѓето се приморани да сакаат да живеат.
Јас лично не се согласувам со тоа, ама еве ќе најдам објаснување.
Проблемите се:
- Бавен и нередовен јавен превоз.
- Сите услуги се централизирани. Документи, процедури и што не, сѐ мора во центар.
- Болници сите во Центарот
Наместо градот да се шири, градот се трупа со згради.
Нема никакви предградија кој ќе се изведуваат плански
Да речеме да изведи населба која ќе има чист воздух колку толку, добри училишта и мноштво градинки. Ако се уредени со зеленило, по некој голем супермаркет, дел со кафулиња, и банки. Што ќе ми е да живеам во Центар?
Центар ќе биде како секаде во светот, место каде што се корпорации. Одиш на работа. Катни гаражи насекаде. Јавен транспорт (од предградијата до центар со воз) итн итн.
Имав среќа да гледам две населби како се спремаа за ширење на градовите.
Се ставаа прво основните потреби:
Водовод, канализација, струја, интернет, гас и топла вода.
Се прават широки улици, со мали острови за автобуси.
Се пуштаат автобуски линии кои поминуваат покрај железничките станици.
Мораш со кола?
Пред 9:00 паркираш, земаш early bird дневен паркинг.
Австралија мислам беше 8-9$ цел ден.
Шведска сите или на точак, автобус и/или воз.