Капиштец по мене има парк, а може кој сака да го нарече зеленило. Сите згради во Капиштец направени во тоа време имаат одличен распоред - белите кај Челик/последна 23, црвените со фасадна цигла и тие долгите над Кам/над Асеко.
Во Карпош 4 најдобри згради за живеење се лепотиците на крај на Илинденска, ниските руски не ги бендисувам, високите кули се ок, а кога ќе се продолжи градски парк до мостот кај амфитеаторот нема да треба да се оди до градски парк за да се биде во парк. Од К4 до парк се оди пешки, од Аеродром не баш.
Аеродром е ок населба, но јас го претпочитам делот на Скопје од Карпош 4 до Тифани, во другите делови не сум живеел а не ни планирам.
Скопска Црна Гора е топ за викендица, многу се купени изминативе година дена - блиску до центар, патот не е кривулест како према Соње, снабдување (Радишани) има блиску со многу маркети/пазарче, струја има, телефон и интернет (адсл/кабловска) има, патеки и места за пешачење/ брда за возење крос/АТВ има и најважно од сè вода има во повеќето села и викенд населби.