Да се надополнам на колегата од погоре.
Многу зависи од тоа како е направено поткровјето.
Битни работи:
- изолација
- висина на плафон
- материјали
- мајсторија
Треба секое поткровје да се погледни подетално.
Ние правиме такви зградички со поткрвоје кое нема коси ѕидови, со големи тераси. Тие најчесто горе имаат плоча. Па е исто како и класичен спрат.
Ако е покриено со лим. Треба да видиш дали е сендвич панел или обичен лим. Ако е сендвич тогаш ќе биди потивко кога ќе врни.
Ако нема плоча горе на кровот, тогаш треба да има мин 20 см изолација + кров.
Пиши ми во ПП каде од прилика бараш стан и колкав.
Кај мене на поткровје е најголема висина 4м, бетонска плоча и лим, а под плочата камена волна.
Е сега се е убаво пространо, ама летно време е пекол, веројатно затоа што од надворешна страна нема сендвич лим или некоја изолација под лимот, па после 6 саат станува неподносливо, 3 клими имам и 3те работат летно време да оладат.
Ама па затоа зимно време друга е приказната, кај сите под мене, 4 спрата, е пекол си седат со отворени прозори, а ја не можам да се стоплам како пто треба, пак висината си го прави своето, целата топлима ми бега, а и кровот е исто загуба, нема греана површина над мене.
Можеби да беше цела града со стиропор фасада ќе беше подруго, мојава е 15 години стара и е со сендвич ѕидови. Ама ако би можел сега да бирам би гледал да е подобро изолирано од сите страни.