@Silvester Ме изненади со информацијата дека зградите на Голден арт на 3 Мак бригада немаат централно парно, во старт се прави грешка (најверојатно не е до Голден арт)
Инаку јас сум задоволен од Офис ком, вака првично за овие 2 месеци, само уште луѓето да се научат да го третираат она што е заедничко како што го третираат она што е нивно, ама изгледа тоа е проблем насекаде. Во неколку стана се јави проблем со запушени одводи во бањата, се установи дека се работи за грешка на мајсотрите, повеќе немарност, зашљакале малтер или им паднал додека се правело, ама веднаш реагираа од фирмата а и ни дадоа контакт од сите фирми заради гаранциите (врати, прозори, бања, кабина, чешми) и доколку некој има проблем со нешто ги контактираш и доаѓаат за брзо време. Задоволен сум од звучната изолација или имам многу тивки комшии

Инаку, таа зграда што ти ја спомнав, да, мислев за таа кај Макпетрол, мора да е таа, само една се прави тука (толку има и место).