Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 358913 пати)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Некој искуство за зграда од ,, Два брата градители''??

Јас имам лошо искуство со нив за зграда во Ѓорче кај стадионот.
Ако е твое лично искуство биди малку подетален те молам :)

Зградата беше во градба, во Ѓорче кај стадионот. Со едниот брат бевме на терен, мислам дека Горан се викаше, и договоривме да купам стан во градба, со тоа што ќе уплатам одма и ке имам пониска цена. 45 квадрати беше, договоривме за 32 000 евра. Си подадовме рака и тоа е тоа.

После некој ден му се јавив да направиме некој договор, да му дадам капар и да си чекам да се заврши зградата, мене не ми се брзаше. - Нема гајле, нема потреба од договор.
После некоја недела, пак му се јавив, дај да имаме црно на бело, - Не не, нема гајле.

Почекав месец два додека се затвори убаво, пак му се јавив, викам дај да се видиме, треба паркет, санитарија да одберам, дај да направиме договор. - Немај гајле, средено е.

После две-три недели, пак му се јавив, и ми вика, Абе дечко, извини вака, брат ми го продал станот!!!. Имам уште една друга во близина зграда, ако сакаш имам таму еден стан непродаден.
Ајде викам, да го видам. Одам таму, една розевка зграда, Два столба во дневна во средина и еден во кујна, да можеш да се бркаш околу нив.
Му се јавив, која цена е овој, 35 000 евра е, ама ако се одлучиш денес, утре да ми донесеш 18 000 евра капар. Ааа така, чао пријатно.

Утредента отворив огласи да си барам нов стан, истиот ден мојот "продаден" стан огласен за 39 000 евра.

Веројатно сакаше да му стојам како резерва, во случај да снема пари додека гради. Ама изгледа се снајде, па после си го продаваше по поголема цена.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Аха, епа многу лошо од негова страна тоа шо го напраил. Со мене засега е конкретен и добар, си стои зад тоа шо го кажува, меѓутоа ова ја шо го глеам е завршено, остануваат уште некои финални работи па од мене ја вади максималната цена. Наводно тврдеше дека таму и во градба таа била цената. Абе типичен бизнисмен, гледа да извади што е можно повеќе ќар али кога веќе даваш рака биди човек и стој си на зборот, не бива така стварно ова твоево е за никаде... Јасно е зашто тој не ти барал ни пари ни бутур,  да ги држи конците да може да те откачи, ако си му плател немало да може да те одјебе така лесно. :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Точно, но јас изгубив два месеци знаејќи дека имам одбрано стан. Може и нешто подобро ќе најдев во меѓувреме.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Точно, но јас изгубив два месеци знаејќи дека имам одбрано стан. Може и нешто подобро ќе најдев во меѓувреме.

И црно на бело договор на нотар да имаш не си 100% сигурен (измамите со становите фиком и слични), а не па на збор-дадена рака... :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
И тоа што викаш, кога ќе ми текне на такви измами... Сериозна работа е тоа, човек во лудница може да заврши, нешто да го стрефи. Кога си обичен смртник ја правиш најголемата животна инвестиција што ја можеш во моментот, даваш што се вика се што имаш да си обезбедиш кров и иднина, знаеш дека ќе работиш уште многу години да го исплатиш и некој да те преебе. Искрено не сакам ни да замислам такво нешто. Не знам шо да речам. Сепак мислам дека тоа се по изолирани случаи. Не е нешто што често се случува.

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
    • nobrain.dk
прашање до поискусни луге тука:
- Баџото има бендисано стан во карпош 4 преговараше горе доле направија вербален договор за стан во стара зграда од тие со црвена цигла карши сити мол значи купува стан од приватно лице..  Дали знае некој како иде процедурата.. нормално станот ке го зема со учество и поголем кредит ..  На што да пази да не го зезнат?
- данокот исто знам дека кога купуваш од приватно лице е сигурно 2-3% .. кој го плаќа тоа? купувачот? ако да тогаш кога се плака тој данок?
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

1. Да пази станот дали е добар. И да оди на добар и проверен нотар. Ако немате пиши ми ПП јас ке ви дадам.
2. Данокот најчесто си го плаќа купувачот, освен ако нема договор меѓу нив да го плати продавачот. Во слушај да се договорат продавачот, тоа да се стави во договорот за купопродажба.
Нема имотен лист со нов соспственик додека данок не се плати. Мислам дека нема временски рок до кога.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Урса - го заборави адвокатот. Односно договорот од адвокат што треба да си го склучите.
Додајте си ставки во договорот за платени сметки и секакви трошоци од страна на продавачот. Да бидат подмирени до денот на купување.

Купопродажниот договор треба да го однесите во општина. Па да направат проценка на станот и да пресметат данок.

Нотарот можете да го договорите тој да си ги брка сите работи со општината. Поднесување за пресметка на данок и проценка на станот.

Го заборавив, јас кога земав беше само нотар, сега има и адвокат да.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11062
  • Ќybriт Pro Max
Со оглед дека ќе идеш со кредит имаш преддоговор.
Како и да е ти треба адвокат и он ќе си ги заврши обврските.

Со преддоговорот ти се одобрува кредитот и предоговорот се носи во г.Скопје (не општина) за исплата на данок. Данокот го подмирува купувачот.
Цела држава е 3%, Карпош е 3,5% или како што љубат шегобијците да кажат, 3% за градот и општината, 0,5% за Стевче (на времето пошто он ја направил измената, хехе).

За сметките можеш да ставиш во договор ама и не мораш бидејќи заостанати сметки го теретат лицето на кое гласеле, не имотот.

Има едно 2-3 недели околу средување документација, одобрување кредит итн.
Промена во катастар се прави по исплата односно по склучување на купопродажен договор.

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
    • nobrain.dk
Фала дечки.. истово на принт скриин му го препратив на баџото

Фала многу

Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
прашање до поискусни луге тука:
- Баџото има бендисано стан во карпош 4 преговараше горе доле направија вербален договор за стан во стара зграда од тие со црвена цигла карши сити мол значи купува стан од приватно лице..  Дали знае некој како иде процедурата.. нормално станот ке го зема со учество и поголем кредит ..  На што да пази да не го зезнат?
- данокот исто знам дека кога купуваш од приватно лице е сигурно 2-3% .. кој го плаќа тоа? купувачот? ако да тогаш кога се плака тој данок?

Ако не е тајна, што цена почетна беше и за колку го договорија?

Ако не се лажам данокот на промет законски е обврска на продавачот АМА заради впишувањето во катастар и заебанции од типот не ти го плаќам, обично го плаќа купувачот ради мирна глава.

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
    • nobrain.dk
Незнам точно знам колку била цена ама околу 950 се договорија на крај

Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Препорака за адвокат кој што се бави со недвижнини?

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
    • nobrain.dk
Ke ti pisam poraka da ne go reklamiram tuka

Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."