@Bo_Rec На Елена Лука зградите ги гради Жикол (татко и
), така да од аспект на квалитет се прилично добри, и во група на сериозни фирми како Голден Арт, Адора, Дабар, а од она што го видов и Офис Ком. Јас гледав кај нив, бев заинтересиран за зградата Конект 5 што тогаш требаше да почнат да ја градат, а за да видам како изгледа готов стан ме одведоа во онаа изградената (заборавив како ја викаа) на Пандил Шишков (до зелената на Дабар) и тоа баш на поткровје. Станот беше ок, ама не беше нешто спектакуларно како што се рекламираат и како што јас мислев дека ќе биде некој премиум, дури имаше и некои ситни пропусти (пред се естетски) ама претпоставувам дека тоа лесно се решава а се почесто е присутно кај новите згради затоа што ретко се наоѓаат добри мајстори (избегаа на запад, логично). Бев со сериозна намера за купување ама малку се разочарав од односот (немаше можност за преговарање за цена од почетно поставените, како и за други работи), а и од цената што ми ја понудија, споредена со Дабар и Офис ком. Се надевам ќе се јави и ќе ти пише некој што живее во нивните станови.
Во иста реченица не треба да се стават Адора и Голден Арт и Офис Ком.
Сите штедат и прават финти. Некој повеќе, некои помалку.
Голден Арт и Офис Ком се во ред играчи. Прават згради како што треба.
Овие другите споменати се фушари и финтаџии.
Најголем дел од работите на кои се штеди не ги гледате со голо око. Ќе ги видите после 4-5- 10 год.
Сите работи кои ги оценувам кај овие фирми се изведување на градежните работи. Не ги коментирам проектите.
Значи распоред на станови и квадратури тоа е веќе друга приказна.
Често и распоредот на станови не го прави Архитект. Затоа шо јас немам до сега сретнато Архитект кој свесно ќе испроектира стан од 50м2 со 2 спални соби.
Мој совет до тие што купуваат стан е да си купат стан во зграда која не е во изгрдаба. Постара. Дали е 30 год или 5 год стара, битно да има поминато некоја година.