Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357863 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
@JR ne ti
@achtung
Ја сум бил кај дихтунгот дома (не ме понуди ни кафе одма почна да смука) зградата е убаво направена и мислам дека не е штедено на неа. Голден арт е изведувачот. Во јануари годинава си платив нов стан, требаше за нг да се вселиме, одложија, одам постојано во контрола, удрено е јако на штедење, некој со 8мо го има цртано проектот. Е сега има и разлика во цена, јас платив 620, он мислам 1000+. Сега да можам да го вратам времето ќе си направам куќа.
Живеам моментално под кирија во стан во сред центар кој што гратис да ми го дадат би го одбил (нова градба),  се слуша се и фушарија е градбата. Денес пола саат чекав да се тргне копиле паркирани пред влез и не го дочекав, се откажав.
Совет од мене, бегајте од не проверени изведувачи, доколку имате можност избегајте на страна, направете си куќа и спасете се од проблеми. Томица е еден од паметните што така изигра.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Нели МАПЈАХ го видел станот кај тебе на Голден арт, па си нарачал од истите а потоа испаднало дека штедат кај поефтиниве ?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642

Не беееее

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
За Импексеч2 шо ќе кажите? Кај Алумина

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Бицикле, ја во велес земав, на толку сељаци у скопје уште ја фалам да се доселам. Денеска ќњ одам да видам до кај се со работата па ќе сликнам некоја слика од тоа што не ми се допаѓа

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
    • nobrain.dk
За Импексеч2 шо ќе кажите? Кај Алумина

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Бегај подалеку...

Колега зема стан од кај нив ама мутна работа прво со документација.. после многу се слуша мегу зидови и не е задоволен ич.

Доколку сакаш истата локација пре би други изведувачи.. има милион на прашка и букурешка

Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
А другите на Прашка што се еден квалитет... можеби зградата на ЗСФ, немам баш информации за квалитетот, а останатите катастрофа. Сега се вселија (октомври) мои пријатели во новата до ТРИМ И ЛУМ... (заборавив кои беа изведувачи) сменуваа цефки низ купатило, протекоја насекаде...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
За Импексеч2 шо ќе кажите? Кај Алумина

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Бегај подалеку...

Колега зема стан од кај нив ама мутна работа прво со документација.. после многу се слуша мегу зидови и не е задоволен ич.

Доколку сакаш истата локација пре би други изведувачи.. има милион на прашка и букурешка

Sent from my iPhone using Tapatalk

Тоа е дека со Итонг ѕидаат.
Башка штедња.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
@Bo_Rec На Елена Лука зградите ги гради Жикол (татко и  :)), така да од аспект на квалитет се прилично добри, и во група на сериозни фирми како Голден Арт, Адора, Дабар, а од она што го видов и Офис Ком. Јас гледав кај нив, бев заинтересиран за зградата Конект 5 што тогаш требаше да почнат да ја градат, а за да видам како изгледа готов стан ме одведоа во онаа изградената (заборавив како ја викаа) на Пандил Шишков (до зелената на Дабар) и тоа баш на поткровје. Станот беше ок, ама не беше нешто спектакуларно како што се рекламираат и како што јас мислев дека ќе биде некој премиум, дури имаше и некои ситни пропусти (пред се естетски) ама претпоставувам дека тоа лесно се решава а се почесто е присутно кај новите згради затоа што ретко се наоѓаат добри мајстори (избегаа на запад, логично). Бев со сериозна намера за купување ама малку се разочарав од односот (немаше можност за преговарање за цена од почетно поставените, како и за други работи), а и од цената што ми ја понудија, споредена со Дабар и Офис ком. Се надевам ќе се јави и ќе ти пише некој што живее во нивните станови.

Во иста реченица не треба да се стават Адора и Голден Арт и Офис Ком.

Сите штедат и прават финти. Некој повеќе, некои помалку.

Голден Арт и Офис Ком се во ред играчи. Прават згради како што треба.

Овие другите споменати се фушари и финтаџии.
Најголем дел од работите на кои се штеди не ги гледате со голо око. Ќе ги видите после 4-5- 10 год.

Сите работи кои ги оценувам кај овие фирми се изведување на градежните работи. Не ги коментирам проектите.
Значи распоред на станови и квадратури тоа е веќе друга приказна.
Често и распоредот на станови не го прави Архитект. Затоа шо јас немам до сега сретнато Архитект кој свесно ќе испроектира стан од 50м2 со 2 спални соби.

Мој совет до тие што купуваат стан е да си купат стан во зграда која не е во изгрдаба. Постара. Дали е 30 год или 5 год стара, битно да има поминато некоја година.

Вниманието ми го привлече ”Голден Арт и Офис Ком се во ред играчи. Прават згради како што треба."

Во зграда на офис ком лифтот се слуша иако е преку 2 стана. Буквално толку лоша е изолацијата. Па од тука барем за мене лично твојов пост автоматски се филтрира во нерелевантна содржина.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Дали ти мислиш дека само звучната изолација е најбитна кај една зграда?

Ти би живеел во зграда со одлична звучна изолација и со 50% намалена арматура во темели и столбови/греди?

Ај размисли два - три пати, па пиши ми одговор.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
50% намалена арматура во темели и столбови е изказ на лице кое ниту го познавам ниту знам колку е стручно, за кој работи, чии и какви интереси брани. Ако имаш доказ за истото зошто не го презентираш тоа со факти.
никаква звучна изолација од друга страна е факт кој лесно може да го осетиш со твоите сетила кој дефинитивно би ме одвратил од живеење во зграда на офис ком.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
hmm  :-\ ne ke da e do izolacijata, do liftot ke da e...   ;)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ем изолација ем темели со 20ка арматура :) Мапјах, и ја незна оти така ги врза муабетите :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2169
А другите на Прашка што се еден квалитет... можеби зградата на ЗСФ, немам баш информации за квалитетот, а останатите катастрофа. Сега се вселија (октомври) мои пријатели во новата до ТРИМ И ЛУМ... (заборавив кои беа изведувачи) сменуваа цефки низ купатило, протекоја насекаде...
У новата до Трим Лум, што е уствари исто на Трим Лум, едини проблем се вентили, чешми и слично. Тоа на што шпараше типот што изведуваше водовод. Другото е ок. Ова е за зградата што е на Гологанов.
За таа што ја делат со ЕуроАктива, до Импексел 2, неам инфо.

Јебига, сите сакаат да живеат у Тафталиџе и у Дебар Маало. Затоа инвеститориве ги заболе патка за квалитет.
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
« Последно менување: 04 Ноември 2019, 23:46:09 pm Bravo »

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
...
Јебига, сите сакаат да живеат у Тафталиџе и у Дебар Маало. Затоа инвеститориве ги заболе патка за квалитет.
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

to e to !!!
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
50% намалена арматура во темели и столбови е изказ на лице кое ниту го познавам ниту знам колку е стручно, за кој работи, чии и какви интереси брани. Ако имаш доказ за истото зошто не го презентираш тоа со факти.
никаква звучна изолација од друга страна е факт кој лесно може да го осетиш со твоите сетила кој дефинитивно би ме одвратил од живеење во зграда на офис ком.

Твоите искази за лоша изолација исто така немаат никаков доказ.

Од каде да знаеме ние во која зграда си бил ? Во кој стан си бил ? Дали стварно имало 2 стана до лифтот? Дали ти имаш доволно перцепција да осетиш колку е далеку лифтот од твоето место на перцепција ? Дали имаш направено анализа со соодветен мерач во други згради на тоа растојание од лифтот ? Дали воопшто си бил во зграда на Офис Ком? Дали воопшто си бил во зграда и во стан? Дали воопшто имаш другари ?

Се додека не приложиш релевантни докази за сите овие прашања од погоре, за мене и за останатите си еден обичен трол кој сака да се прави интересен.

Друга работа. Најмалку јас ќе се позамарам да ти докажувам тебе за количината на железо во некоја зграда.
Како што кажуваш дека имаш многу добри сетила, осети дали некоја зграда има доволно железо и квалитетен бетон. Па кажи му на луѓево каде да си купуваат станови.