Што е попаметно, да купиш стан на кредит или да плаќаш станарина 20-30год?
Направете математика ќе видите, исто му доаѓа, односно, попаметно е да си купам стан, секако ќе ги давам истите пари, ама па знам дека на децата ќе им остане, нема да ги тргаат истите маки како јас. Кога подобро ќе размислам не би ни купил стан, за истите пари би направил куќа.
Што има врска ако плаќаш првите неколку години само 30% (колку што ме држи меморија околу 90еур мислам беше), биди карактер и тргај уште толку настрана секој месец, пари кои секако би ги дал за станарина, па кога ќе треба да плаќаш 100% рата последните 5-6год ќе ти биде ептен порастеретено.
Не сум се нашол во таква ситуација фала му на Бога, ова е само мое видување на ситуацијата, секако е тешка одлука која бара доста размислување.