Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357771 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Малку „затишје“ на темата, за тие што следат и бараат стан сигурно слушнале за (позитивните) измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит (купи куќа купи стан):
- во првите 3 години каматата се намалува од 3,95% на 2,9%, а во следните 2 години од 4,44% на 3,9% ;
- субвенцијата во првите години се зголемува од 50% на 70% од износот на месечната рата;
- дополнителна субвенција во износ од 30% од ратата на кредитот во период од 1 година доколку семејството на корисникот на субвенциониран станбен кредит се зголеми со раѓање или со посвојување на дете во период од десет години од добивањето на субвенцијата.
Има дополнителни поволности за изградба/купување куќа. Кој планира нешто на овој план, штета е да не се искористат овие субвенции, секако доколку се исполнуваат бараните услови.

Се исполнувам, само уште жена да најдам :)

Ако не можиш да најдиш жена:




Цитат
Со цел понатамошно олеснување на условите за обезбедување на сопствен дом за младите лица на возраст до наполнети 35 години и младите лица кои се во брачна заедница при што барем едниот од двајцата брачни другари е на возраст до 35 години, се предлага Закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит со кој се предлага зголемување на износот на субвенција и периодот на субвенционирање на станбените кредити за изградба или купување на нова куќа. Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за субвенционирање на станбен кредит е зголемување на износот на субвенцијата за станбен кредит за физичкото лице до наполнети 35 години возраст, односно за физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до 35 години. Со ова се обезбедува дополнителна поддршка за младите лица во насока порано да се одлучат да формираат сопствен дом“, се вели во законското образложение.

И тако даље и тако даље... :)
« Последно менување: 10 Јуни 2019, 12:28:31 pm Ipkisija Meskosa »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Овој дел кај што вика субвенцијата се зголемува од 50% на 70% во првите две години значи дека ако плаќаш 300 евра месечно кредит, 210 ти го плаќа државата? Или овој дел се однесува само на главницата без вклучувајќи ја и каматата?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Субвенција на дел од месечната рата – 50%/75% за купување на нов стан или
изградба/купување на нова куќа. Владата ќе плаќа 50% од месечниот ануитет (главница и
камата
) во првите 5 години од отплатата на кредитот наменет за купување на нов стан, односно
75% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот наменет за
изградба/купување на нова куќа.

Еве го јавниот повик, од таму ми е информацијата (малку е изменет од пред еден месец, ама не успеав да го најдам тој):
https://www.finance.gov.mk/files/Javen%20povik%202019.pdf

со таа измена што субвенцијата е поголема (70% месечна рата (главнина и камата) во првите пет години или 70% од учеството) и каматата е помала:
- 2.9% за првите три години,
- 3.9% за четвртата и петтата година.





« Последно менување: 10 Јуни 2019, 13:09:40 pm Ipkisija Meskosa »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одлични услови.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
@malinamamun , за ваква кредитна линија, не една, две жени вреди да најдеш! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5199
Ова каде:
- Продажната цена на станбениот објект со пресметан ДДВ да изнесува до 900 евра за метар
квадратен;
???
Во хиподром?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Е добро де, да не сакаш субвенции за елитни градби на водно?!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Имаш пристојни станови до 900 евра квадрат околу центар, најчесто се тие со поголема површина, само треба да начекаш. :)
Мислам дека и Џевахир фаќа точно 900 со ддв во одредени блокови, ако не се лажам.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Е да, 110 квадрати има за по 890 евра, се наоѓа низ Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Водно...
Оние околу 60 квадрати, 1000 редум на наведениве локации и нагоре. 900 евра за квадрат за стан од околу 60 квадрати има во Ѓорче Петров, Припор, Автокоманда, Чаир.

Стан од околу 60 квадрати во Карпош 1,2,3,4, Тафталиџе, Козле, Капиштец, Кисела Вода, Црниче... е од 1000 евра па нагоре. Во Хром, Влае е од 950 е најниско во глобала.


Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
И тоа се решава. Со инвеститорот се договараш во договорот да пишува дека квадрат е 900 €, а останатиот дел до 1050 или 1100 € на рака :)
Мене таква опција ми даваа за зградине кај хемиско


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Се решава, ако имаш кеш... со кеш сѐ се решава.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
На колку години се кредитиве? И не разбирам што им значи овој дел. Ако се плати предвреме, субвенцијата е неповратна?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Кредитите се на најмалку 20 години. Предвреме ако се плати, пред помалку од 10 години повратна е, после 10 години, субвенцијата не е повратна :)

Сите точки се напишани со доза на неразбирливост, ако толку си заинтересиран, мораш да се обратиш директно и некој да ти објасни што е како е... доколку некој знај :)
« Последно менување: 10 Јуни 2019, 22:15:11 pm Ipkisija Meskosa »

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Се решава, ако имаш кеш... со кеш сѐ се решава.

Баш ја чекав оваа промена со душа ама ми се скршија соништата...

Претходно имаше и субвеницонирање на учеството (за луѓе како мене што не продале нива) ама сега тоа е само предлог. Со измените се чекаше субвенционирање на 70% од учеството, за останатите 30% ќе се снајде човек некако, потрошувачки кредит ќе дигнам на крај краева, ама ништо.

Ќе си чекам старите да продадат нешто, како секој нормален македонец. ;D

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
До кога ке има Age discrimination, зошто некој што има 36 години да неможе да ги добие овие услови...