Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357469 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Многу од расправиите таму се први и последни ;D
Бераво, не треба да им се повтори 2 пати :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Битно е имотните листови приземјето и земјиштето да се чисти, без оптоварување. Или ако има оптоварување тоа да го решите со преддоговор. Околку легализацијата нека ти дадат и за тоа документи, да не биде само на муабет дека е поднесено барање. И да знаеш дека за легализацијата ќе треба да си платиш по м2, да не ти рачуна дека ти продава легализирани 10м2, а уствари уште не се. Обавезно пред потпишување на договор да ти дадат потврда дека немаат долгови на име комуналии (струја, вода, парно, данок итн.).

И еден добронамерен совет, не брзај со купувањето. Често на продавачите "им се брза", а при тоа во брзање може нешто да ти промакне и после ти да ги трпиш последиците. Мене еден сакаше да ми продаде спрат од куќа од 95м2 по имотен лист, а фактичка состојба беше 80 или 85м2, остатокот од квадратурата беа внатрешните скали до другите два ката.
Земјиштето под куќата, цела парцела уствари е во сопственост на РМ. Сега видов на сајтов на катастар. Хммм ова не ми кажаа.

Оди извади си имотен лист за таа парцела и ќе видиш се што има. Сопственост, квадратури, товар итн...
Понекогаш информациите од катастар (сајтот) не се апдејтувани.

Имотен лист можи да ти извади било кој со пристап до системот. Нотари, адвокати, геометри.... секој кој се зачленил таму.
150 ден кошта.

Можи и да се провериш во општина дали имаат и кога поднеле документи за легализација, ако му е во процедура.
Јас купив стан кој имаше дел - доградба, кој беше во процедура на легализација.
Во купопродажниот договор си ставив точка каде пишува дека јас ја наследувам постапката и дека сите трошоци поврзани со таа процедура си ги подмирува продавачот.

На темата, вие што имате станови, имате идеален дел од земјиште под зграда и двор (целокупна катастарска парцела) или само на земјиштето под зграда?

Полека навлегувајќи во авантурата барање и купување на нов стан, почнав да учам за многу многу скриени заебанции, што секако можат многу да те чинат. Најпрвин да пишам дека уште нит сум купил, нит капарисал ...таман одлучив за еден стан кога ми го пратија преддоговорот почнав да ги сфаќам овие работи.

1. Кога ќе ти дадат предимотен лист, таму се гледа чија сопственост е дворот на зградата. Ама по дифолт тоа оди на сите станари. Барем за згради со повеќе од 4-5 стана.

2. ДДВ то можи и да се преговата кој ќе го плати. Ама за нов стан, нема данок. На стар има.

3. Точно е тоа. Има отстапување на изградените станови во однос на проектираните. Тоа 1-2-5% се проценти каде се оградува инвеститорот од проект на измени за општина и катастар. Нема врска со тебе. Ти си правиш договор на таа квадратура која ја купуваш. Ако е по мерките од геометар 70м2 наместо 74 - ти плаќаш за 70м2.
Затоа се тие предбележување и вадење на предимотен лист. За да видиш шо е шо.
Секогаш можиш да си пратиш твој геометар и да го тужиш инвеститорот и ќе го добиеш.

4. Ти кажав за тоа. Обавезно во договорот да си ставиш поточка за пенали. Тоа значи дека тие треба да ти дадат точен датум кога ти ќе можиш да се уселиш. Секој месец над тоа, да ти уплаќаат кирија. Која ти ќе си одлучиш колкава е за тој стан.

Ако не прифаќаат ништо од ова. Оди си од таму.
Има други згради, други станови.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
1. Во предоговорот се спомнува само идеален дел од заеднички простории и земјиште под зграда. Ако целата парцела е 4,500 м2, земјиштето под зграда е пример 2000 м2. Јас тоа го сфаќам како можност утреден некој што сака да прави со остатокот.

2. ДДВ и данок на промет на недвижности се различни. Јас секако ќе си платам ДДВ за станот, ама малку е комплицирано зошто инвеститорот не е сопственик, сосопственик е со физички лица. Ако нема потреба за плаќање од данок на промет, зошто го ставиле во предоговор дека е на товар на купувачот?

4. Знам дека се плаќа на крај по премер од геодет. Ама не е сеедно ако на крај собата изгубила површина и треба да стане небаре остава :)

@zlatkoa

ЈБГ на некои ни е првпат ваква авантура. Не сме сите учени да зафркнеме некого за да заработиме.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Ние успеавме да го откупиме земјиштето и да добиеме имотен лист за да после дојде данок за истото каде м2 го проценуваат по 24 000 денари.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Еве ја ќе те прашам: иста е структурата на луѓе во Батинци или Сарај или Чаир и во Карпош 1/2/3?

Кој како е навикнат. Од многу работи зависи. Али ако ти се погодат луѓето околу тебе најбитното си го добил, без разлика на вера и сл. Другиот дел зависи од тоа колкав ти е џебот. Да имаш кеш сарај е доста добра локација, само возикање ќе треба, кој нема пари блиску центар.

Јас 29 години живеев во к1. Убава населба се ама бабе треба да се навикнеш на гужви галами, коли на глава. Не секој е за да живее во Центар. Поготово постари луѓе. Со Зоолошка, кафичи, кафани, дискотеки молови е луда работа.

Ќе ја киднапирам темава малце 8) Наидов на интересна понуда за спрат од куќа, приземје + половина двор, со тоа што над приземниов спрат има уште еден каде што си живеат косопствениците.

Е сега прашањето ми е дали има некој искуство со ваква со-сопственост? Куќава и дворот се поделени на 2 дела т.е. спратот на 1 имотен лист, дворот на друг. На што друго треба да се внимава? Знам дека има доградена 10м2 кујна која е во процедура на легализација, има посебни саат за вода и стрјумер за секој спрат. Што друго да се провери?

Исто така ми треба и препорака за фирма/изведувач која ќе изврши комплетно реновирање на тој спрат, односно: промена на врати/прозори, стругање и лакирање паркет, кречење, промена на плочки и санитарија во купатило, изработка и монтажа на кујна.

Не би сакал да бркам 20 различни мајстори па можел да дојде па не можел па се начукал во Паланка и не може да вози и сл мајсторски авантури....сакам една фирма се да заврши.

Ќе ти побели коса куќа да градиш, не е лесно со мајстори. Поготово со такви што ти ветуваат евтини цени да фатат тезга. И после ѓавол ипол. И да не ти се проблем повеќе пари да дадеш на старт ќе ти се прават лоши филмови после, да не сакаат да те удрат ова она, па трчај прашувај, филмови.

Најубаво е ко што си решил. Една фирма и крај, прави договор за која цена што ќе ти направат и потпис печат. Па макар и нешто повеќе да платиш. Мирна глава во градење куќа е многу битен момент.

edit ;D
Не сум те прочитал убаво. Терај...  :)
Толку скапо е сарај?
Ако ми се погодат луѓето со кого ќе се карам?

Направивме куќа во Орман, не беше скапа, колку што дадов пари за стан во Ајродром толку дадовме и за куќата. А куќата е троа поголемичка и плус двор тамански. Мене ми е филм да живеам во куќа, одма би отишол. Али седам во Ајродром од Економски причини. На работа секој ден, дете треба натака навака. Миљон работи што во близина на центарот ти се блиску и поисплатливо ти е. Џабе не викаат богат човек во центар на град не живее.

Карање је наука ;D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506

2. ДДВ и данок на промет на недвижности се различни. Јас секако ќе си платам ДДВ за станот, ама малку е комплицирано зошто инвеститорот не е сопственик, сосопственик е со физички лица. Ако нема потреба за плаќање од данок на промет, зошто го ставиле во предоговор дека е на товар на купувачот?

Затоа што се физички лица, ти си плаќаш 3-3.5 посто данок (по правило тие треба да си го платат, ама додека не се плати ти не добиваш имотен лист. А тие може и никогаш да не го платат данокот. Затоа во пракса, купувачот го плаќа, а некаде и во договорот го ставаат, да нема после продажбата плачки). Правно лице при прва продажба е ослободено од овој данок.

Јас си го платив данокот сам. Од кога ќе го платиш после имотен лист чекаш.

Тоа де, не да се расправаш, да се караш, т.е. да караш, не да те караат :)
А нели ќе ти е малтретирање секок ден по 2 сати да патуваш? Пак ќе требит децата на школо/в градинка, да платиш струја вода, да појш на работа....

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Па што бараш на форум за коли, бе брат?

Да имам кеш колку што ми треба таман за да чешкам јајца. 2 саати Солун, ТБ 500 и кусур магаренца... Ехеее.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ти велиш ич да не работиш?

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Абе едноставни работи ти кажувам што се буниш. Изгледа не си од Скопје и ваљда помлад си и немаш дете. Обврските се тие, од периферија во Скопје до гужва во град тие 15-20 мин. По џеб удара.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Абе едноставни работи ти кажувам што се буниш. Изгледа не си од Скопје и ваљда помлад си и немаш дете. Обврските се тие, од периферија во Скопје до гужва во град тие 15-20 мин. По џеб удара.

Во Орман претпоставувам си блиску до последна 22ка. Ако не се децата многу мали, 22ката е доста честа.

Јас сум во Ѓорче цел живот, веројатно е навика да си подалеку од Центар и патот поминат го сметаш за секојдневие, не за "лелее кој ќе тепа пат до таму".

Ама пак од друга страна, и навикнат сум на потивко живеење, без коли и галама.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Ѓорче е држава во држава, ствари што ги нема во Центар ги има во Ѓорче.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Така де. Тоа ми е зборот. Ај ти Ѓорче, ама еве пошто праевме муабет Сарај уше толку има возење ако си Ѓорче 1. А Сарај не е за подценување, какви куќички има по треска нагоре милина. Да не збориме за воздухов што го дишиме, битен момент више стана.

Ѓорче е држава во држава, ствари што ги нема во Центар ги има во Ѓорче.

Џорџ таун ми е омилена населба. Таму завршив средно и период се дружев со Ѓорчевци. Фиљан луѓе, се најбоље.
« Последно менување: 28 Јануари 2019, 17:41:42 pm Chlink »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
ete Ursa1986 me razbra...