Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357399 пати)

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 240

Еве го мојот пост:
Имаше убав плац со барака горе кај амбасадите, околу 1000м2 за испод милион го даваше дечкото.

Иначе не се само патиштата, туку и супермаркети, школи за јазик/балет/карате/кошарка/пливање и што ли друго тренираат децата денес, градинки, основно и средно школо и за мене многу битно е какви соученици и комшии ќе има едно дете додека расте. За жал не е иста структурата на луѓе во Центар и Карпош на пример споредено со некоја приградска населба.

[1] Што има врска дали излегле или не излегле еден куп интелектуалци од сите села што ги наброја со дали стварно има таму образовни установи, патишта, вонучилишни активности за деца и останато за што дискутираме?

[2] Еден куп квалитетен народ од Македонијава се пресели во Германија, високо образован и претпоставувам ценет во Германија. Дали тоа значи дека ако кажам дека во Македонија полоши се условите отколку во Германија грешам?

[3] Иако јас пред се зборувам за приградски населби (урбана средина), а не класични села (рурална средина), сепак ти подобро и од мене знаеш како изгледа една приградска населба/село во Германија, а како изгледа кај нас. Имам другарка што живее и работи во Минхен. Живеат во близина на Минхен во едно "село" накај Еберсберг. Прекрасно место со сите неопходни удопствија за еден модерен брачен пар во 21 век со 2 малолетни деца, урбанизирано, мирно, зелено, чисто.

Јас можам да разберам желба некој да сака да живее таму. Дали поради “статус“, мерак, или желба ете да биде во “центарот на сите збиднувања“. Не е битно, сопствен избор. Јас не можам да разберам дека таму има “многу подобри услови за успех“ споредено со други места во Македонија, вклучително и приградските населби на Скопје. Затоа што, според мене, воопшто не е така, и за некој да биде успешен во животот (и во кариера и на личен план) треба многу повеќе, отколку да живееш во Центар/Скопје.

Поентата е, има еднакви можности да стане интелектуалец ако учел во Центар, во Скопје, во приградските населби, или каде и да било на друго место во Македонија. Дел зависи од училиштето, ама уште поголем дел зависи од родителите, работните навики, вдахновение, желба и жед за наука. Вон-училишните активности се најчесто чист прдеж и лекување на комплекси на родителите. И во Македонија. И во Германија. И во Америка. Ако некој навистина сака да го насочи сопственото дете на прав пат, се што треба да му направи е да го научи да работи како коњ, да не се откажува после првиот проблем и да му објасни дека светот не ротира околу него.

Со тековните миграции (и со пренаселувањето во Скопје) денес ситуацијата е за еден наставник/професор во основните и средните училишта во внатрешноста да е одговорен за максимум 20 деца. Во Скопје, колку што знам, не е така. Ако го поделиш времето/вниманието што може еден наставник/професор во 40 минути да го сподели по бројот на деца и да работи нов материјал, според бројките, во внатрешноста на Македонија има поголеми шанси да добие повеќе внимание и насоки, отколку во Скопје.

Понатаму, не знам колку ги следиш најразличните натпревари по природни науки и по општествени науки во основните и средните училишта и нивните резултати. Скопје и неговите “елитни училишта“ имаат многу пониски резлутати (или немаат резултати) споредено со ученици од другите делови на Македонија. Од друга страна, тука се тврди дека таму имаат најдобри шанси и најдобри услови. Во што лежи проблемот?

Трето, последните 10-15 години од факултетите кои треба да произведуваат наставен и професорски кадар за сите сфери (а особено во природно-техничките науки) е сведен на буквален минимум. Уште повеќе, најголем дел од тие млади наставници/професори/интелектуалци доаѓаат од внатрешноста на Македонија. Колку и како се добри е друга работа. Факт е, дека сите што имаат завршено природни/технички науки настовна насока се бараат под дрво и камен за да работат во скопските училишта. Затоа што сериозно снемува кадар. Прашањето ми е, како тој кадар ќе биде подобар и помотивиран во Скопје, а полош и помалку мотивиран ако работи во родното место во провинцијата?

[2] Нема да згрешиш воопшто ако кажеш така. Ама условите се поразлични во Германија. Таму ги нема игрите кои ги има во Македонија. Многу луѓе (вклучително и интелектуалците) имаат големи психолошки проблеми да го преџвакаат тој систем. Дека нема на кој да се јават, дека нема кој да им заврши работа, дека децата мораат да бидат во општински округ на градинка, дека децата мораат да одат во општинското училиште, дека децата мораат да одат во општинската гимназија. Без разлика какво е опкружувањето и/или со какви соседи и калибар на луѓе живеат. Единствен начин да го промениш тоа е да се преселиш во друга општина/друг стан и тоа што подалеку од претходната општина. На крај пак доаѓаме до личното вдахновение, посветеност и желба за наука и успех.

[3] Во септември ми дојде другар на гости од Германија. Шетавме и во Скопје, шетавме и во Благоевград Бугарија, Струмица, Штип, низ селата околу моето. Другарот има хоби фотографија и во текот на патувањето од пет дена направи неколку илјади слики. Лајтмотив на 70% од фотографиите беше ѓубре и бетон. Во Скопје, во центар, на водно, во старата чаршија, во карпош, секаде кадешто стапнеш ѓубре, бетон и статуи. Дрво нема ни за лек. Тревка нема ни за лек. Public dogs, или кучиња скитници насекаде. Во селата и другите градови кадешто бевме, немаше ништо од тоа. Имаше каде-каде помалку ѓубре, помалку загаденост и инфраструктурата беше многу подобра, отколку што ја има во Скопје.

Конкретно за Германија. Да живееш во приградска населба или село, исто ти треба една или две коли во гаража. Ако ти треба оптика интернет, треба да си доплатиш како и во Македонија. Ако сакаш да одиш на театар/опера/кино, мораш да одиш во најблискиот град. Ако сакаш ноќен живот различен од локалната пивница, мораш да одиш во најблискиот град. Ако сакаш егзотичен ресторан мораш да одиш до најблискиот поголем град. Ако сакаш доктор специјалист, мораш да одиш до најблиската клиника (која може и да е 50км+).
Единствено што е подобро направено е распоредот/планот за распространување на банки/супер маркети кадешто има закон колку максимум смееш да патуваш/возиш со кола за да стигнеш до супермаркет. И да, патната инфраструктура е каде-каде подобра.

Луки со 99% од работиве што ги напиша се согласувам.

1. Изгледа погрешно си ми го разбрал постот чим ми објаснуваш за "услови за успех". Ниту некаде спомнав дека ако живееш во Центар имаш подобри услови за успех, ниту дека ако имаш градинка и супермаркет до гз ти ќе успееш во животот :)

2. Воопшто не правев споредба за живеење во Скопје со живеење во "провинција". Правев споредба живеење во центар на Скопје или некоја населба што граничи со центар и живеење во приградска населба на Скопје. Односно темата на муабет беше дали стан во Скопје или куќа на 10-20-30км од Скопје.

3. Идеата ми е дека моментално според мене и според моите критериуми подобри услови за живење и секојдневно функционирање на едно семејство, не за успех, има во населбите во Скопје каде за 66000 евра ќе купам стан, отколку во населбите во Скопје или близина на Скопје каде за 66000 евра ќе изградам куќа од 150м2 или колку и да беше според Куоре. Илинден мислам дека е едно од ретките места каде навистина е потсредено и добро урбанизирано, бар од тоа малце што сум видел. Се надевам само нема да ја усерат општината со градење премногу згради.

На крајот, се согласувам дека Скопје е одвратно загаден и прљав град. Се согласувам дека образованието во глобала ни е заникаде. Се согласувам дека домашно воспитување е основа за развивање во здрава и права личност, иако според мене големо влијание има и друштвото и опкружувањето во кое ќе израсне и ќе се развива детето. Тука подразбирам дека голем плус е ако другарите му бидат деца кои се слично воспитани како него и со слични вредности од дома. Не е битно дали се богати, сиромашни, од фамилија на интелектуалци или од фамилија на помалку образовани луѓе.

Околу Корчагин:
Прво, небитно е дали живееш до Корчагин или во Сопиште за да учиш во Корчагин, така да стварно воопшто не ми беше поентата дека ако живееш во Центар ќе имаш подобро средно образование отколку ако живееш во Сопиште. Повеќето од соучениците не ми беа од Центар.

Второ, додека учевме јас и после брат ми, во Корчагин имаше деца од различни социјални и економски категории. Прекрасно беше дека тоа не се приметуваше во тие 4 години додека бевме таму. Немаше курчење со мобилни, облека, коли, мотори. Ако не се распрашаш нема да знаеш дали родителите на некое дете се директори или обични работници. Немаше поделби меѓу децата по основ на тоа од каква средина доаѓаат. И секако, многу од професорите беа стварно добри педагози пред се и одлични професори. Нормално во сето ова има исклучоци, но стварно беа исклучоци. На крајот, денес огромен дел од моите и соучениците на брат ми се високо образовани и успешни во работата која ја работат, за жал и огромен дел преселени.

Баш лани професорката Фросе математика од Корчагин имаше направено албум со сите нејзини бивши ученици кои работат и живеат надвор од Северна. За жал огромна беше бројката, но убаво беше да се прочита дека скоро сите одлично се снашле и работат на убави позиции низ светот.
А да елаборираш конечно  за структурата на луѓе што ја спомена со оглед дрка оттаму започна дискусијата? Или како и досега ќе се држиш строго со разводенување на дискусија  носејќи ја во правец и теми на кои сметаш дека можеш да "филозофираш" без да дадеш конкретен одговор на едноставни прашања...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Еве ја ќе те прашам: иста е структурата на луѓе во Батинци или Сарај или Чаир и во Карпош 1/2/3?

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 240
Со оглед дека поставив само прашања, нека одговори некој кој ја изнесе тезата или пак ја поддржува. Еве ти на пример.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Јас ја поддржувам тезата дека не е иста структурата на населението.
Со која варијабла сакаш да ти докажам?

Образование?
Возраст?
Број на самостојни бизниси?
Инвестиции во дадена област?
Примања?
Сопствеништво на Голф 4ка пер капита?

Ако си се нашол увреден, олабави.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
горе доле сегде иста стока живее,само немаат сите калаши по дома,тоа едино ако е разликата.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Ќе ја киднапирам темава малце 8) Наидов на интересна понуда за спрат од куќа, приземје + половина двор, со тоа што над приземниов спрат има уште еден каде што си живеат косопствениците.

Е сега прашањето ми е дали има некој искуство со ваква со-сопственост? Куќава и дворот се поделени на 2 дела т.е. спратот на 1 имотен лист, дворот на друг. На што друго треба да се внимава? Знам дека има доградена 10м2 кујна која е во процедура на легализација, има посебни саат за вода и стрјумер за секој спрат. Што друго да се провери?

Исто така ми треба и препорака за фирма/изведувач која ќе изврши комплетно реновирање на тој спрат, односно: промена на врати/прозори, стругање и лакирање паркет, кречење, промена на плочки и санитарија во купатило, изработка и монтажа на кујна.

Не би сакал да бркам 20 различни мајстори па можел да дојде па не можел па се начукал во Паланка и не може да вози и сл мајсторски авантури....сакам една фирма се да заврши.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Многу заебана ситуација.

Најчестите проблеми во државата се тие. Живеење на 2 фамилии во иста куќа.
Изнајми ја куќата на 1 месец и пуштај музика, прави галама. Види шо луѓе живеат горе.

Другото како шо го кажа, тоа е. Вода, струја, имотен лист.

Пиши ми во ПП што сакаш да правиш подетално, локација, буџет итн.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Битно е имотните листови приземјето и земјиштето да се чисти, без оптоварување. Или ако има оптоварување тоа да го решите со преддоговор. Околку легализацијата нека ти дадат и за тоа документи, да не биде само на муабет дека е поднесено барање. И да знаеш дека за легализацијата ќе треба да си платиш по м2, да не ти рачуна дека ти продава легализирани 10м2, а уствари уште не се. Обавезно пред потпишување на договор да ти дадат потврда дека немаат долгови на име комуналии (струја, вода, парно, данок итн.).

И еден добронамерен совет, не брзај со купувањето. Често на продавачите "им се брза", а при тоа во брзање може нешто да ти промакне и после ти да ги трпиш последиците. Мене еден сакаше да ми продаде спрат од куќа од 95м2 по имотен лист, а фактичка состојба беше 80 или 85м2, остатокот од квадратурата беа внатрешните скали до другите два ката.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Еве ја ќе те прашам: иста е структурата на луѓе во Батинци или Сарај или Чаир и во Карпош 1/2/3?

Кој како е навикнат. Од многу работи зависи. Али ако ти се погодат луѓето околу тебе најбитното си го добил, без разлика на вера и сл. Другиот дел зависи од тоа колкав ти е џебот. Да имаш кеш сарај е доста добра локација, само возикање ќе треба, кој нема пари блиску центар.

Јас 29 години живеев во к1. Убава населба се ама бабе треба да се навикнеш на гужви галами, коли на глава. Не секој е за да живее во Центар. Поготово постари луѓе. Со Зоолошка, кафичи, кафани, дискотеки молови е луда работа.

Ќе ја киднапирам темава малце 8) Наидов на интересна понуда за спрат од куќа, приземје + половина двор, со тоа што над приземниов спрат има уште еден каде што си живеат косопствениците.

Е сега прашањето ми е дали има некој искуство со ваква со-сопственост? Куќава и дворот се поделени на 2 дела т.е. спратот на 1 имотен лист, дворот на друг. На што друго треба да се внимава? Знам дека има доградена 10м2 кујна која е во процедура на легализација, има посебни саат за вода и стрјумер за секој спрат. Што друго да се провери?

Исто така ми треба и препорака за фирма/изведувач која ќе изврши комплетно реновирање на тој спрат, односно: промена на врати/прозори, стругање и лакирање паркет, кречење, промена на плочки и санитарија во купатило, изработка и монтажа на кујна.

Не би сакал да бркам 20 различни мајстори па можел да дојде па не можел па се начукал во Паланка и не може да вози и сл мајсторски авантури....сакам една фирма се да заврши.

Ќе ти побели коса куќа да градиш, не е лесно со мајстори. Поготово со такви што ти ветуваат евтини цени да фатат тезга. И после ѓавол ипол. И да не ти се проблем повеќе пари да дадеш на старт ќе ти се прават лоши филмови после, да не сакаат да те удрат ова она, па трчај прашувај, филмови.

Најубаво е ко што си решил. Една фирма и крај, прави договор за која цена што ќе ти направат и потпис печат. Па макар и нешто повеќе да платиш. Мирна глава во градење куќа е многу битен момент.

edit ;D
Не сум те прочитал убаво. Терај...  :)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Битно е имотните листови приземјето и земјиштето да се чисти, без оптоварување. Или ако има оптоварување тоа да го решите со преддоговор. Околку легализацијата нека ти дадат и за тоа документи, да не биде само на муабет дека е поднесено барање. И да знаеш дека за легализацијата ќе треба да си платиш по м2, да не ти рачуна дека ти продава легализирани 10м2, а уствари уште не се. Обавезно пред потпишување на договор да ти дадат потврда дека немаат долгови на име комуналии (струја, вода, парно, данок итн.).

И еден добронамерен совет, не брзај со купувањето. Често на продавачите "им се брза", а при тоа во брзање може нешто да ти промакне и после ти да ги трпиш последиците. Мене еден сакаше да ми продаде спрат од куќа од 95м2 по имотен лист, а фактичка состојба беше 80 или 85м2, остатокот од квадратурата беа внатрешните скали до другите два ката.
Земјиштето под куќата, цела парцела уствари е во сопственост на РМ. Сега видов на сајтов на катастар. Хммм ова не ми кажаа.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696

Чим до сега не го откупиле, односно префрлиле земјиштето, сомничава ситуација. Батали.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
На темата, вие што имате станови, имате идеален дел од земјиште под зграда и двор (целокупна катастарска парцела) или само на земјиштето под зграда?

Полека навлегувајќи во авантурата барање и купување на нов стан, почнав да учам за многу многу скриени заебанции, што секако можат многу да те чинат. Најпрвин да пишам дека уште нит сум купил, нит капарисал ...таман одлучив за еден стан кога ми го пратија преддоговорот почнав да ги сфаќам овие работи.

Со ред:
1. Можеби една од најважните работи во банана држава ко нашата, идеален дел од градежна парцела/катастарска парцела.
Градежна парцела, само земјиштето под зграда. Катастарска парцела целата парцела.
Фирмите имаат тенденција да ти дадат само идеален дел од земјиште под зграда. А со остатокот, да си прават што сакаат. Тоа ви е ко да си купите куќа која има двор ама вие да немате право на него.

2. Цена со ДДВ, данок на промет.
Согласно Законот данокот на промет е обврска на продавачот. Ако во преддоговор прочитате некоја таква одредба, тогаш многу е веројатно да земјиштето е сосопственост на инвеститорот и физичките лица кои му го отстапуваат за изградба на зграда. Они ќе продаваат магла дека цената е со ДДВ, меѓутоа на крај да добиете Решение од општината за плаќање на данок на промет од 3% кој и не е така мал.

3. Отстапување од проектен план
Ако отстапувањето е повеќе од 1-2% тоа е сериозно. Они ве обврзуваат дека до тој процент немате право да се жалите и откажете. Во овој преддоговор беше 5%. Пример на 74кв тоа е 4кв. Замислете помала дневна и трпезарија или спална.

4. Пробивање на рокови, казнени пенали, уплата на рати...

Во ред е да се стави пробивање на рок заради виша сила дефиниран во Закон за облигациони односи, ама ако си додаде и други административни пречки, тогаш тоа може до недоглед.
Ако казнените пенали се некоји % но тоа да биде максимум 90 дена, тоа значи дека вие само оштета добивате за 90 дена а за останатиот период, претпоставувате.
Исто може треба да уплатите аванс/учество во градба ако станува збор, ама ако по некоја случајност банката не ви одобри, инвеститорот може да управува со вашите пари се додека не најде нов купувач, дополнително и да ви задржи 10%.

Сагата продолжува, ќе има едитирање понатака.

Инаку во недвижностите, катастарот ви е најдобар пријател овде. Се може да се види, колкава е парцела, кој има купено, број на станови итн итн.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Еве ја ќе те прашам: иста е структурата на луѓе во Батинци или Сарај или Чаир и во Карпош 1/2/3?

Кој како е навикнат. Од многу работи зависи. Али ако ти се погодат луѓето околу тебе најбитното си го добил, без разлика на вера и сл. Другиот дел зависи од тоа колкав ти е џебот. Да имаш кеш сарај е доста добра локација, само возикање ќе треба, кој нема пари блиску центар.

Јас 29 години живеев во к1. Убава населба се ама бабе треба да се навикнеш на гужви галами, коли на глава. Не секој е за да живее во Центар. Поготово постари луѓе. Со Зоолошка, кафичи, кафани, дискотеки молови е луда работа.

Ќе ја киднапирам темава малце 8) Наидов на интересна понуда за спрат од куќа, приземје + половина двор, со тоа што над приземниов спрат има уште еден каде што си живеат косопствениците.

Е сега прашањето ми е дали има некој искуство со ваква со-сопственост? Куќава и дворот се поделени на 2 дела т.е. спратот на 1 имотен лист, дворот на друг. На што друго треба да се внимава? Знам дека има доградена 10м2 кујна која е во процедура на легализација, има посебни саат за вода и стрјумер за секој спрат. Што друго да се провери?

Исто така ми треба и препорака за фирма/изведувач која ќе изврши комплетно реновирање на тој спрат, односно: промена на врати/прозори, стругање и лакирање паркет, кречење, промена на плочки и санитарија во купатило, изработка и монтажа на кујна.

Не би сакал да бркам 20 различни мајстори па можел да дојде па не можел па се начукал во Паланка и не може да вози и сл мајсторски авантури....сакам една фирма се да заврши.

Ќе ти побели коса куќа да градиш, не е лесно со мајстори. Поготово со такви што ти ветуваат евтини цени да фатат тезга. И после ѓавол ипол. И да не ти се проблем повеќе пари да дадеш на старт ќе ти се прават лоши филмови после, да не сакаат да те удрат ова она, па трчај прашувај, филмови.

Најубаво е ко што си решил. Една фирма и крај, прави договор за која цена што ќе ти направат и потпис печат. Па макар и нешто повеќе да платиш. Мирна глава во градење куќа е многу битен момент.

edit ;D
Не сум те прочитал убаво. Терај...  :)
Толку скапо е сарај?
Ако ми се погодат луѓето со кого ќе се карам?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Многу од расправиите таму се први и последни ;D

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Алал да ви е дискусијата, и едно големо ДОБРО УТРО на сите.