Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357324 пати)

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
    • nobrain.dk
Една работа што фативме ние после распадот на југославија е остаток од доброто образование.. според мене основното и средното се клучни во формирањето на детето.  Нажалост денес образованието има изгубено квалитет поради капитализмот и отварањето на приватните школи. Исто како и во здравството и во образованието пати од миграцијата на квалитетен кадар заради подобри услови што е нормално. Така да чисто се сомневам дека корчагин , је-бе-те орце карев се нешто слично како порано.. корегирајте ме ако грешам?
Жалосно е што луге земаат кредити за да им обезбедат приватно образование, здравство на децата (што не велам дека е погрешно гледајки ја ситуацијата во која сме) ама од една земја во која државното беше супер капиталистите успеаа да го уништат сето добро.

Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Во голема мера денес образованието е само за курчење на родителите, моето дете го запишав ваму, моето дете го запишав онаму, иако таквите деца најчесто се лигави кретенчиња на кои и за понатаму во животот тука се тате и мама. За останатите, кои малку од малку им сечи и се за да научат нешто, а не да продаваат елитизам и ветер во магла, ќе си го најдат чарето и ќе научат и ќе си го најдат чарето и ќе се надградат и ќе си го најдат чарето ќе му ја здувнат од овде и ќе си го најдат чарето во Швецка :)

Во секој случај образованието е тапа, можеби останаа мал број на училишта во кои има колку толку кадар кој знае да предај материјал како што треба, ама и тоа не е секогаш ефикасно, секако заради горенаведините мамини и татини лиглиња.

Околу кадарот... оф мои мајко, кога ќе ми текни какви неписмени станаа учителки, а секако има такви професори и професорки, Чак Норис нека ни е напомош :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Стан само во центар купвање, никако на друго место (под услов да немаш роднини во околните елитни населби) :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сега ќе се најде некој да каже дека поефтино ти е да платиш хотел 3 пати во година и да живееш во Сопиште отколку да плаќаш 1000еур+ за м2 во Центар.

Или од разликата во цена да купиш Дачија Дастер 4х4.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
@MartinAlfista сам себе се побиваш со тоа дека селективно си учел и си поминувал на "стара слава". Училиштето на ученикот не може да му ја всади желбата за учење ако ученикот сам не е свесен и сам не знае дали сака да се изгради како успешен во иднина.
Имам неколку примери на другари што завршија во Коце Металец и во АСУЦ, училишта кои за жал ги бие лош глас дека сите што не им се учи и сите "багабонти" учат таму, па сепак излегоа одлични машински инженери со просек над 8.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Стан само во центар купвање, никако на друго место (под услов да немаш роднини во околните елитни населби) :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Сега ќе се најде некој да каже дека поефтино ти е да платиш хотел 3 пати во година и да живееш во Сопиште отколку да плаќаш 1000еур+ за м2 во Центар.

Или од разликата во цена да купиш Дачија Дастер 4х4.

Или да се најди некој навистина паметен и да кажи:

;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Едно нешто не можете да го спорите, а тоа е квалитет на образование, и го разбирам и поддржувам @Banzai во таа теза. Во комшии му е Корчагин, најдоброто средно училиште во Македонија, од кое излегле безброј деца со навистина искористен потенцијал, корисен за државава.

И Корчагин е гимназија, и она моено во Гостивар е гимназија, ама не е исто. Јас завршив 5.00 просек учејќи селективно што ми се учи, другото ќе скрпев 3 реченици и ради претходен просек проаѓав лесно. Во Корчагин треба да седнеш, газ да испотиш и да ја разбереш одлично селектираната материја предадена преку одлични образовни методи. Професорите во тоа школо им раѓаат желба за учење на учениците, желба што им останува за навек. Ете како имајќи центарска адреса ќе му ги крене шансите на вашето дете да си ги исполни потенцијалите, а и соништата во животот.

Не, тоа не треба да е така, сите училишта треба да се на високо ниво како Корчагин, ама не се. Кога ќе бидат, друга приказна ќе кажуваме.
Ти благодарам што ми ја потврди претпоставката за местото на живеење на членот Banzai.  Се убаво и точно тоа што си го напишал ама тезата не му беше за образованието туку за структурата на населението во центар. Кога би  учеле во Корчагин деца само од Центар може и ќе имаше и поврзаност помеѓу тезите ама вака...

Не учат во Корчагин и Орце само деца од општината, ама дефинитивно учат деца што дошле да учат. Јас не памтам во тие школи да матурирале деца со деликвентни тенденции, без разлика дали биле од Центар или од друга општина. Сите биле или санкционирани па се оправиле, или истерани од школото, или сами фатиле пат во школо што им одговара на намерите.

Да, секогаш ќе има еден-два исклучоци во генерација, ама самата средина ќе ги преобрати тие деца во нешто поарно. Истото ќе се деси и со дете со потенцијал кое ќе се најде меѓу соученици кои одат во школо само зошто е задолжително... Ќе се откаже од трудот зошто гледа дека и со помалце се добиваат 5-чиња.

Од тука го исклучуваме од муабет Скопје, Центар и останатите градови, следново прашање ми е општо за граѓани на Македонија: во што успеале тие со поклонети оценки? Во приватен бизнис и сељачење со паркирање коли на пешачки и на сред булевар? Образованието би требало да вади кадри од кои општеството ќе има бенефит на долг рок, а не бенефитот да се мери по индивидуален успех, кој шо џип купил и колку пати поминува на црвено во денот без да е казнет.

@MartinAlfista сам себе се побиваш со тоа дека селективно си учел и си поминувал на "стара слава". Училиштето на ученикот не може да му ја всади желбата за учење ако ученикот сам не е свесен и сам не знае дали сака да се изгради како успешен во иднина.
Имам неколку примери на другари што завршија во Коце Металец и во АСУЦ, училишта кои за жал ги бие лош глас дека сите што не им се учи и сите "багабонти" учат таму, па сепак излегоа одлични машински инженери со просек над 8.

Како тоа се побивам? Бидна од мене хирург, инженер, доктор или експерт во полето кое сум го избрал? Не бидна, зошто не створив навика за учење, околината не беше таква. Учев/читкав тоа што беше интересно, за другите предмети се вадев некако. Завршив 5.00 просек, на државна матура избрав македонски и англиски, извадив 4ка и 5ка, а школските матури ги испопрепишавме и сите со 5ки ги положив. И ја, копук од Гостивар без навика за учење фатив 19то место (од 1198 студенти) на државен ранкинг на студенти примени на Економски факултет, додека далеку поквалитетни студенти кои ме шијат и со знаење и до интелигенција беа во приватна квота поради строгите критериуми на оценување во нивните средни школи. Тоа мене не ми звучи фер.
« Последно менување: 26 Јануари 2019, 09:58:11 am MartinAlfista »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Така е друже. Ама затоа ти имаш фармерки од 10890 денари. Замисли да си учел.

Да се нашалиме.
Едно нешто не можете да го спорите, а тоа е квалитет на образование, и го разбирам и поддржувам @Banzai во таа теза. Во комшии му е Корчагин, најдоброто средно училиште во Македонија, од кое излегле безброј деца со навистина искористен потенцијал, корисен за државава.

И Корчагин е гимназија, и она моено во Гостивар е гимназија, ама не е исто. Јас завршив 5.00 просек учејќи селективно што ми се учи, другото ќе скрпев 3 реченици и ради претходен просек проаѓав лесно. Во Корчагин треба да седнеш, газ да испотиш и да ја разбереш одлично селектираната материја предадена преку одлични образовни методи. Професорите во тоа школо им раѓаат желба за учење на учениците, желба што им останува за навек. Ете како имајќи центарска адреса ќе му ги крене шансите на вашето дете да си ги исполни потенцијалите, а и соништата во животот.

Не, тоа не треба да е така, сите училишта треба да се на високо ниво како Корчагин, ама не се. Кога ќе бидат, друга приказна ќе кажуваме.
Се сложувам. Корчагин е стварно гимназија за пример. Бар додека јас бев средно. Не учев таму, но со другари што сум се дружел тогаш вистина е дека се бараше многу. Орце и Карев беа некако исто елита,а ама тогаш Карев дека заедно беше со Зев Љуш Марку не беше на некое ниво. Орце и Корчагин беа елитите но мислам дека Корчагин бил една посебно школо кое имаше доста јаки ученици и предавање. Инаку овие од внатрешноста беа смешки. Во мало градче тетка му предавала во школо и овие сите 5ки. Ама наредени како друга оцена да не постои.
На факултет едвај пробуваа 6ка да извадат.
Многу е чудно како во цело Скопје баш тие на кој што тетката им ја стави петката дојдоа и успејаа многу повеќе од староседелците. Најголемите газди таму мислам дека по потекло не се скопјани. Тоа си нема врска според мене, ја у школо ретко кога бев со примерно поведение, па имаше деца кои што станаа инженери. Ако некому му се учи му се учи, името на школото нема врска.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General

Еве го мојот пост:
Имаше убав плац со барака горе кај амбасадите, околу 1000м2 за испод милион го даваше дечкото.

Иначе не се само патиштата, туку и супермаркети, школи за јазик/балет/карате/кошарка/пливање и што ли друго тренираат децата денес, градинки, основно и средно школо и за мене многу битно е какви соученици и комшии ќе има едно дете додека расте. За жал не е иста структурата на луѓе во Центар и Карпош на пример споредено со некоја приградска населба.

[1] Што има врска дали излегле или не излегле еден куп интелектуалци од сите села што ги наброја со дали стварно има таму образовни установи, патишта, вонучилишни активности за деца и останато за што дискутираме?

[2] Еден куп квалитетен народ од Македонијава се пресели во Германија, високо образован и претпоставувам ценет во Германија. Дали тоа значи дека ако кажам дека во Македонија полоши се условите отколку во Германија грешам?

[3] Иако јас пред се зборувам за приградски населби (урбана средина), а не класични села (рурална средина), сепак ти подобро и од мене знаеш како изгледа една приградска населба/село во Германија, а како изгледа кај нас. Имам другарка што живее и работи во Минхен. Живеат во близина на Минхен во едно "село" накај Еберсберг. Прекрасно место со сите неопходни удопствија за еден модерен брачен пар во 21 век со 2 малолетни деца, урбанизирано, мирно, зелено, чисто.

Јас можам да разберам желба некој да сака да живее таму. Дали поради “статус“, мерак, или желба ете да биде во “центарот на сите збиднувања“. Не е битно, сопствен избор. Јас не можам да разберам дека таму има “многу подобри услови за успех“ споредено со други места во Македонија, вклучително и приградските населби на Скопје. Затоа што, според мене, воопшто не е така, и за некој да биде успешен во животот (и во кариера и на личен план) треба многу повеќе, отколку да живееш во Центар/Скопје.

Поентата е, има еднакви можности да стане интелектуалец ако учел во Центар, во Скопје, во приградските населби, или каде и да било на друго место во Македонија. Дел зависи од училиштето, ама уште поголем дел зависи од родителите, работните навики, вдахновение, желба и жед за наука. Вон-училишните активности се најчесто чист прдеж и лекување на комплекси на родителите. И во Македонија. И во Германија. И во Америка. Ако некој навистина сака да го насочи сопственото дете на прав пат, се што треба да му направи е да го научи да работи како коњ, да не се откажува после првиот проблем и да му објасни дека светот не ротира околу него.

Со тековните миграции (и со пренаселувањето во Скопје) денес ситуацијата е за еден наставник/професор во основните и средните училишта во внатрешноста да е одговорен за максимум 20 деца. Во Скопје, колку што знам, не е така. Ако го поделиш времето/вниманието што може еден наставник/професор во 40 минути да го сподели по бројот на деца и да работи нов материјал, според бројките, во внатрешноста на Македонија има поголеми шанси да добие повеќе внимание и насоки, отколку во Скопје.

Понатаму, не знам колку ги следиш најразличните натпревари по природни науки и по општествени науки во основните и средните училишта и нивните резултати. Скопје и неговите “елитни училишта“ имаат многу пониски резлутати (или немаат резултати) споредено со ученици од другите делови на Македонија. Од друга страна, тука се тврди дека таму имаат најдобри шанси и најдобри услови. Во што лежи проблемот?

Трето, последните 10-15 години од факултетите кои треба да произведуваат наставен и професорски кадар за сите сфери (а особено во природно-техничките науки) е сведен на буквален минимум. Уште повеќе, најголем дел од тие млади наставници/професори/интелектуалци доаѓаат од внатрешноста на Македонија. Колку и како се добри е друга работа. Факт е, дека сите што имаат завршено природни/технички науки настовна насока се бараат под дрво и камен за да работат во скопските училишта. Затоа што сериозно снемува кадар. Прашањето ми е, како тој кадар ќе биде подобар и помотивиран во Скопје, а полош и помалку мотивиран ако работи во родното место во провинцијата?

[2] Нема да згрешиш воопшто ако кажеш така. Ама условите се поразлични во Германија. Таму ги нема игрите кои ги има во Македонија. Многу луѓе (вклучително и интелектуалците) имаат големи психолошки проблеми да го преџвакаат тој систем. Дека нема на кој да се јават, дека нема кој да им заврши работа, дека децата мораат да бидат во општински округ на градинка, дека децата мораат да одат во општинското училиште, дека децата мораат да одат во општинската гимназија. Без разлика какво е опкружувањето и/или со какви соседи и калибар на луѓе живеат. Единствен начин да го промениш тоа е да се преселиш во друга општина/друг стан и тоа што подалеку од претходната општина. На крај пак доаѓаме до личното вдахновение, посветеност и желба за наука и успех.

[3] Во септември ми дојде другар на гости од Германија. Шетавме и во Скопје, шетавме и во Благоевград Бугарија, Струмица, Штип, низ селата околу моето. Другарот има хоби фотографија и во текот на патувањето од пет дена направи неколку илјади слики. Лајтмотив на 70% од фотографиите беше ѓубре и бетон. Во Скопје, во центар, на водно, во старата чаршија, во карпош, секаде кадешто стапнеш ѓубре, бетон и статуи. Дрво нема ни за лек. Тревка нема ни за лек. Public dogs, или кучиња скитници насекаде. Во селата и другите градови кадешто бевме, немаше ништо од тоа. Имаше каде-каде помалку ѓубре, помалку загаденост и инфраструктурата беше многу подобра, отколку што ја има во Скопје.

Конкретно за Германија. Да живееш во приградска населба или село, исто ти треба една или две коли во гаража. Ако ти треба оптика интернет, треба да си доплатиш како и во Македонија. Ако сакаш да одиш на театар/опера/кино, мораш да одиш во најблискиот град. Ако сакаш ноќен живот различен од локалната пивница, мораш да одиш во најблискиот град. Ако сакаш егзотичен ресторан мораш да одиш до најблискиот поголем град. Ако сакаш доктор специјалист, мораш да одиш до најблиската клиника (која може и да е 50км+).
Единствено што е подобро направено е распоредот/планот за распространување на банки/супер маркети кадешто има закон колку максимум смееш да патуваш/возиш со кола за да стигнеш до супермаркет. И да, патната инфраструктура е каде-каде подобра.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General

Како тоа се побивам? Бидна од мене хирург, инженер, доктор или експерт во полето кое сум го избрал? Не бидна, зошто не створив навика за учење, околината не беше таква. Учев/читкав тоа што беше интересно, за другите предмети се вадев некако. Завршив 5.00 просек, на државна матура избрав македонски и англиски, извадив 4ка и 5ка, а школските матури ги испопрепишавме и сите со 5ки ги положив. И ја, копук од Гостивар без навика за учење фатив 19то место (од 1198 студенти) на државен ранкинг на студенти примени на Економски факултет, додека далеку поквалитетни студенти кои ме шијат и со знаење и до интелигенција беа во приватна квота поради строгите критериуми на оценување во нивните средни школи. Тоа мене не ми звучи фер.

Јас не разбирам зошто обвинуваш некој друг  за сопствениот неуспех? И како ќе ти помогнел некој друг (училиште или кој и да е), кога ти сам си си одмогнал? Ќе се навратам на еден мој пост од една друга тема за концептот на лична одговорност.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3039

Зошто во помалите средини како Гостивар и Тетово нема толку квалитетно образование. Ако во средно пола клас не знаат да решат интеграл од xdx на вежби, тогаш на тест нема да има потешко од интеграл од x^2dx. Го разбирам Мартин, зошто кога отиднав на машински првите часови на вежби бев како теле.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Зошто во помалите средини како Гостивар и Тетово нема толку квалитетно образование. Ако во средно пола клас не знаат да решат интеграл од xdx на вежби, тогаш на тест нема да има потешко од интеграл од x^2dx. Го разбирам Мартин, зошто кога отиднав на машински првите часови на вежби бев како теле.

Преодот од средно училиште и факултет, особено на природно-техничките науки е таков. Многу унверзитети во светот нудат подготвителни летни курсеви по математика, физика, информатика, хемија, биологија пред да почне официјалната настава. Многу од идните студенти се откажуваат уште во тие подготвителни курсеви.

Пак ќе кажам, зошто тоа го сметаш како туѓ неуспех, а не како твој, што не знаеш како да решаваш потешки и предизвикувачки интеграли?

Не го сметам како неуспех, седнав научив положив и завршив машински. Како неуспех го сметам тоа што немало никој да ми каже и да ми објасни како да решавам потешки интеграли во средно.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
На темата, вие што имате станови, имате идеален дел од земјиште под зграда и двор (целокупна катастарска парцела) или само на земјиштето под зграда?

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
На темата, вие што имате станови, имате идеален дел од земјиште под зграда и двор (целокупна катастарска парцела) или само на земјиштето под зграда?

Ние имаме поднесено за откуп на земјиште во 2011та. Сеуште чекаме да се реши. Треба да го откупиме земјиштето и катастарската парцела односно дворното место, пропорционално на станот.
Значи да, и на земјиште под зграда и на дворно место. Само разликувај катастарска парцела и градежна парцела. Градежната парцела е помал дел од катастарската парцела.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Така е друже. Ама затоа ти имаш фармерки од 10890 денари. Замисли да си учел.

Да се нашалиме.
Едно нешто не можете да го спорите, а тоа е квалитет на образование, и го разбирам и поддржувам @Banzai во таа теза. Во комшии му е Корчагин, најдоброто средно училиште во Македонија, од кое излегле безброј деца со навистина искористен потенцијал, корисен за државава.

И Корчагин е гимназија, и она моено во Гостивар е гимназија, ама не е исто. Јас завршив 5.00 просек учејќи селективно што ми се учи, другото ќе скрпев 3 реченици и ради претходен просек проаѓав лесно. Во Корчагин треба да седнеш, газ да испотиш и да ја разбереш одлично селектираната материја предадена преку одлични образовни методи. Професорите во тоа школо им раѓаат желба за учење на учениците, желба што им останува за навек. Ете како имајќи центарска адреса ќе му ги крене шансите на вашето дете да си ги исполни потенцијалите, а и соништата во животот.

Не, тоа не треба да е така, сите училишта треба да се на високо ниво како Корчагин, ама не се. Кога ќе бидат, друга приказна ќе кажуваме.
Се сложувам. Корчагин е стварно гимназија за пример. Бар додека јас бев средно. Не учев таму, но со другари што сум се дружел тогаш вистина е дека се бараше многу. Орце и Карев беа некако исто елита,а ама тогаш Карев дека заедно беше со Зев Љуш Марку не беше на некое ниво. Орце и Корчагин беа елитите но мислам дека Корчагин бил една посебно школо кое имаше доста јаки ученици и предавање. Инаку овие од внатрешноста беа смешки. Во мало градче тетка му предавала во школо и овие сите 5ки. Ама наредени како друга оцена да не постои.
На факултет едвај пробуваа 6ка да извадат.
Многу е чудно како во цело Скопје баш тие на кој што тетката им ја стави петката дојдоа и успејаа многу повеќе од староседелците. Најголемите газди таму мислам дека по потекло не се скопјани. Тоа си нема врска според мене, ја у школо ретко кога бев со примерно поведение, па имаше деца кои што станаа инженери. Ако некому му се учи му се учи, името на школото нема врска.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
Да учев ќе имав некој неписмен да ми биде шеф над мене. Вака си купив диплома за кога ќе дојде ден да можам ко високо образован да влезам у државно.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk