Кога гледав постари станчиња, освен цената, рачунав на данокот на промет (околу 3.000 евра) и плус некое реновирање и ми излегуваше скоро па како нов стан да купиш. Постарите градби имаат поубаво опкружување, поширок зелен појас и слично, ама јас налетав само на стан-ови на поткровје, без лифт, кај што требаше реновирање, у К.Вода имаше еден на приземје, од тераса направена детска соба и цена 55.000, на која секако треба данокот да се додаде и по некое реновирање, а зграда од пред 30 години, колку и да е квалитетна градбата....сакав да кажам знаев за данокот дека се плаќа само за стан од „втора“ рака, инаку оваа повластена стапка за прво купување/продажба согласно законот важи до 2020, па и тоа ми беше аргумент малку да побрзам (ма да гледам и пратам едно 3 години), сигурно ќе ја продолжат мерката за повластена стапка и после 2020 ама не може човек да биде 100% сигурен.