Некој искуство за зграда од ,, Два брата градители''??
Јас имам лошо искуство со нив за зграда во Ѓорче кај стадионот.
Ако е твое лично искуство биди малку подетален те молам 
Зградата беше во градба, во Ѓорче кај стадионот. Со едниот брат бевме на терен, мислам дека Горан се викаше, и договоривме да купам стан во градба, со тоа што ќе уплатам одма и ке имам пониска цена. 45 квадрати беше, договоривме за 32 000 евра. Си подадовме рака и тоа е тоа.
После некој ден му се јавив да направиме некој договор, да му дадам капар и да си чекам да се заврши зградата, мене не ми се брзаше. - Нема гајле, нема потреба од договор.
После некоја недела, пак му се јавив, дај да имаме црно на бело, - Не не, нема гајле.
Почекав месец два додека се затвори убаво, пак му се јавив, викам дај да се видиме, треба паркет, санитарија да одберам, дај да направиме договор. - Немај гајле, средено е.
После две-три недели, пак му се јавив, и ми вика, Абе дечко, извини вака, брат ми го продал станот!!!. Имам уште една друга во близина зграда, ако сакаш имам таму еден стан непродаден.
Ајде викам, да го видам. Одам таму, една розевка зграда, Два столба во дневна во средина и еден во кујна, да можеш да се бркаш околу нив.
Му се јавив, која цена е овој, 35 000 евра е, ама ако се одлучиш денес, утре да ми донесеш 18 000 евра капар. Ааа така, чао пријатно.
Утредента отворив огласи да си барам нов стан, истиот ден мојот "продаден" стан огласен за 39 000 евра.
Веројатно сакаше да му стојам како резерва, во случај да снема пари додека гради. Ама изгледа се снајде, па после си го продаваше по поголема цена.