Знам дека не се зимски, али ај коа више си почнал..
Што тоа? Шарата?
Според принципите за оформување на шара и колку јас што разбирам, шарава е полу агресивна. Централната надолжна непрекината мазна линија служи како котва за упивање на вибрации при повисоки брзини, како и стабилизирање на формата на гумата при силни латерални оптеретувања (кривини). Исто така овозможува намалување на просечната еластичност што помага при силно влегување во кривини, како и спроведување на акумулираниот статички електрицитет поради триењето со асфалтот. Секцијата лево и десно од центарот е со надолжни празнини кои постепено се заоструваат и служат за ефикасно одстранување на вода, засекување на меки површини како кал и земја. Страничните делови кон крајот на гумата се полни со скоро нормални (под прав агол) засеци кои исто така засекуваат меки површини како и топол асфалт, а непрекинатите и мазни, масивни ламели помеѓу нив служат за агресивно пренесување на латерални сили врз подлогата штитејќи ја гумата од пролизгување при брзо возење во кривини како и растеретување на останатиот дел од гумата зголемувајќи го векот на траење.
Ова е класична летна гума, наменета за аматерско спортско возење, како и туринг. Спремна е за одстранување на вода. Компонентата на самата гума претпоставувам дека е малку тврда поради оптата намена на гумата и исполнувањето на некои стандарди за долготрајност, односно издржливост при оптеретувања.
не се за лимузина ама сакам да ги пробам, тишлајфер?
Не сум сигурен ама претпоставувам дека служат за овозможување на помазна циркулација и отпор на водата. Колку полесно тече водата под гумата и по помал отпор од гумата, толку помалку сила ќе пренесува врз гумата а со тоа помалку и ќе ја подигнува нагоре, што значи помали шанси за аквапланинг.