@MartinAlfista кој број си у дневник да ти пишам една 5-ка?
@Vlado_78 , така е! На следните избори ке гласаме за тебе.
р.ѕ.
Уствари Мартин, ти беше на факс...Сори за 5-ката, дај индексот да ти пишам една мрсна 10-ка. Ја заслужи со мудриот коментар

р.р.ѕ 2.
Јас немам многу поминато километри со пикапчиња...
Со Фиат Добло околу 80к километри.
Со Цитроен Берлинго; Пежо Партнер околу 40к километри
Со Цитроен Немо околу 30к километри
Со Докерот точно 20к до сега.
Со ФВ Кеди неколку километри.
Ниедно од гореспомнатите возила не сум го платил со мои пари, а во секое време можам да возам било кое од нив. ГИ имам на располагање, службени, фирма.
Ако го исклучиме ФВ како возило кое по мене е најдобро од сите спомнати (А на интернет Докерот е во директна споредба до Кедито) си давам за право да дадам некое мое лично мислење за автомобилот.
Ниту го величам, ниту го наметнувам моето мислење некому, едноставно го пренесувам впечатокот кој сум го стекнал.
Доколку имаш искуство слично на моето, ке бидеш компетентен да кажеш лично мислење и да дебатираш на таа тема.
Немам намера да пишувам колку километри сум изминал со патнички возила.
Притоа на нив и на горе споменатите сум имал различни гуми од различни производители, па според моето искуство имам изградено некој став за и околу гумите, и за тоа како тие се однесуваат на патот според мојот начин на возење.
Значи МОЈОТ НАЧИН на возење.
Што се однесува до твојата споредба со корејските и европските автомобили а и гуми.
Многу ти е неоснована и не аргументирана споредбата.
Јас не зборувам со предрасуди, зборувам од моето лично искуство. Кога ке стекнеш 10-тина од моето, можеш да се вклучиш да дискутираш аргументирано.
А тоа што си прочитал 5 ривјуа на интернет и што си изгледал 5 видеа, верувај не те направиле експерт ниту тебе ниту останатите.
Свати го ова како добронамерна критика не само овде, него и во други теми каде што се развива дискусија.
И да, и сега не би купил кола која нема да ми се допаѓа. Па колку сака нека чини.
И искрено, заболе ме дали ке купите Тигар или Нексен, или Кеди или Голф, Континентал или Мишелин, Планика или Саломон.
За ваши пари може да си купите што сакате. Никој не ви брани.
За мој пари јас ке купам тоа што мислам дека е најдобро.
Ако ме прашаш за мислење, Океј, ако сакаш прифати го, ако не, заболе ме...
р.ѕ.ѕ.ѕ. (ова не се однесува на претходните соговорници)
Само запрашајте се каде заминаа сите оние квалитетни членови кои знаеа нешто и кои почнаа да го полнат форумот со квалитетни теми и дискусии...
И пола од темите кои си побараа да се заклучат или избришат.
Со среќа во гледањето на јутуб и интернет споредбите.
edit:
@zeroSignal
Едно прашање:
Зошто Шевролет се повлекува од Европа? Што е Шеви во Америка а што е во Европа???
Јас не дискредитирав ниедна фирма.
Нексен е нов на пазарот во Европа, во Америка постои многу одамна.
И Шеви беше нов во Европа на пазарот. Кога веќе правиме споредба.