Абе доста глумите ескперти.
Напротив, да глумевме експерти ќе кажевме „оваа гума има ваква компонента со такви карактеристики, при тие температури и временски услови“ или некои такви муабети. Пошто не глумиме експерти, препорачуваме она што експертите викаат дека е најдобро.
Кај мене зимите траат онака јако од овој период до март-април, со многу повеќе снег, мраз итн, па е огромна реткост да видам автомобил со некаква си премиум гума. Редовно пример гледам Голф 7 со Барум гуми или пак БМВ 5 серија со Нексен зимски, џипови со некои зимски гуми на кој што името не им го знам. Па сум длабоко убеден дека уделот на овие "лоши" гуми е илјадници пати помал отколку возачките способности на лицето што вози автомобил во ситуација која што треба да имаш добри рефлекси и искуство.
Уделот во што?
Добра гума ќе му овозможи на искусниот да го искористи нејзиниот потенцијал во сите услови, а на неискусниот да не изгуби непредвидено контрола. Со лоши гуми, мора да се ослонува на искуство и осет стекнат при возење. Има милион возачи у МК (за ти таму кај што си, неам појма), кои возат само тогаш кога не чини времето, заота што им е максимално отежнато движењето со други превозни средства или пешки во тие услови. Тие возат 30 пати во годината. Искуството им е минимално. Повеќе би сакал тие луѓе да имаат асални гуми, отколку таксиста на пример (иако и овие се лоботомирани донекаде).
Дали си имал ти ханкок или мишелин алпин ама баш ништо нема да ти смени. Во сообраќајот треба горе доле да се вози според прописите и се ќе биде во ред, без разлика каква гума возиш, само да е нова гума (3-4 години или 30-40.000км).
Еве, возиме по прописи.. 120 на автопат. Ти претрчува овчарот кај бензинската кај „Градско“ во сред ноќ, времето е влажно. Ти ја здогледуваш
опасноста прилично касно. Притискаш на кочница панично. Што би сакал да имаш на кола?! Michelin или Tigar?
Не велам дека нема разлика, ама и давате преголемо значење наместо имање култура кога се вози и да се мисли за другите учесници во сообраќајот.
Не даваме преголемо значење. Даваме совет. На крајот на краиштата, кај нас во Македонија, се знае што одлучува. Длабочината на џебот. За таму ти кај што си, неам појма.