Доколку ти се дадени пробај ги, не губиш ништо

Кога би ги купувал би ти посоветувал подобро оценети да земеш, секој денар си вредат добрите гуми.
Имам две Пиринеос од лани кои речиси ми ги дадоа без пари и го имаат истиот проблем, на малку влажно ужасни, на влажно лоши, на суво добри, на снег одлични. Затоа сега сакам Континентал TS850 да земам, се надевам вреди некој денар плус да се даде за гуми, сепак на долги интервали се купуваат.
Сале и јас така мислев но го променив мислењето. Со летниве GoodYear efficent grip performance ги немам тие проблеми на малку влажно, едноставно гумата ако пушти се слуша длабоко гребење, а не се лизгаат како санки, а на убаво заврнато знаат и да зачкрипат како на суво. За разлика од нив Мишелинот енерџи сејвер што ги имав предходно беа многу лоши на такво време.