Точно е дека карактеристиките на гумите треба да ги бирамеспрема условите во кои живееме и ги возиме, џабе добра гума за снег што не е добра на мокро и на суво, ако на снег возиш многу ретко и тие добри карактеристики не ги искористиш. Или ако живееш во некое снежно подрачје (некое место под Шара или Галичица), а си избрал гуми кои имаат супер карактеристики за суво, ама за снег и мраз тапа.
Арно ама, кога ќе ги видиш топ производителите, најчесто сите имаат одлични карактеристики и при суво, и мокро и на снег. Со мали варијации. И стално во врвот се гуми од пет-шест производители: Continental, Michelin, Dunlop, Pirelli, GoodYear, Nokian... Од време на време ќе улета и некој друг (исто така реномиран бренд), со гума со добри карактеристики, но оние што се буџет гуми, стално имаат инфериорни карактеристики. Џабе ние ќе тестираме, некој тестирал место нас. Ниту можеме да симулираме суво, мокро, снег и мраз под исти услови за сите гуми, ниту можеме да најдеме различни (нови) гуми на исти возила, па да измериме прецизно. Затоа некои (како ADAC) го прават тоа за нас, за да можеме објективно да одлучиме што ни` е потребно. Затоа во нивните резултати се дадени сите тестирања, а конечниот редослед може да се земе со резерва. Ако мене ми е побитна добра карактеристика за суво и влажно време, може да изберам една гума, а некој што повеќе вози на снег и мраз може да избере друга гума. Во секој случај, нема споредба помеѓу топ брендовите и буџет брендовите. Уствари буџетариве се најчесто бренд на некој од топ брендовите, па они нема да си ставаат трн во нога, да произведат одлични буџет гуми за да си праат сами на себе конкуренција на топ бренд гумите.