Па однеси ја во официјален сервис, таму барем имаш гаранција за сработеното.
Гаранција за сработеното имав и првиот пат кога отидов да сменат масло во автоматикот. За малку на суд ке завршевме - го преполнаа со масло и не го сменаа целосно како што се договаравме, а рекоа дека така и ќе биде. За да биде уште поинтересно - кога почнаа со сервисот бев таму, гледав некое време и им реков да ми јават кога ќе дојде време за менувањето на маслото - аха, важи рекоа, за околу 45 минути(во меѓувреме менуваа лагер на тркалото предно). Кога отидов таму без да ми се јават (после 1 час), автомобилот бил сервисиран веќе, и маслото сменато. А маслото не се менува толку брзо ако се оди по процедура односно со пумпање на старото целосно и замена со ново додека излези чисто на излез од автоматикот кон радиаторот за масло. Јас кога заминав беа на почеток на менување на лагер, тогаш почнаа да го отвораат тркалото. Исто така имаше за менување јабучица, филтер за масло за автоматик и чистење на картерот од истото. Ми вратија 2 шишиња, а им однесов точно колку што треба. Знаев дека не е сменето, туку ако воопшто нешто направиле, беше да го испуштат 50% (колку што може да излези без пумпање на преостатокот што е во торк конвертерот). Па и ме убедуваше тоа ѓезвето таму што работи дека плацебо било тоа што се осеќало полесно работење и понежно менување на брзините на автоматикот после менување на масло.( го сменив целосно кај човек кој го работи само тоа и расклопува автоматици во Битола и веднаш се осети разлика во менувањетона брзините...дека плацебо било, според ѓезвето). Дополнително - и лагерот што го сменаа напред десно го сменаа иако таа главина била крива(ми имаше искривено дискови). Значи сменаа лагер, а воопшто не се замараа да проверат со компаратор дали е како што треба главината. Тоа за мене е апсолутен аматеризам.
И што фајде од гаранцијата? Не ми се оди по судови.
Само барам човек кој го сака тоа што го работи и не го работи само заради парите. Ако го работи од задоволство за решавање предизвици, секој нов предизвик ќе го прифати со ентуијазам и желба да го реши, ќе земи ќе прочита, ќе отвори литература. Не барам да го знае моделов, доволно е да има искуство некое со Тојота и да се вклопува во описот погоре. Ваков би бил некој кој работи во сопствен сервис и е амбициозен и интелегентен (народски кажано - да му фаќа ќефалото). И се разбира - мора да биди педантен, просторот да му биде организиран. Расфрлан сервис многу кажува за личноста. (На задните кочници ми загинаа ритејнери челични што ги разделуваат плочките, а на предните едниот. Да речам - се зафрлаат делови кои после тешко се наоѓаат, мора по нарачка. А тек да отвори мотор и да ги помеша лагерите на брегастата кој каде се наоѓа или да ја затегнува како ќе му дојде, да е некој расеан...сценарија за нешто да замине поѓаволите има милион).
Ако некој познава таков, нека ми даде контакт во порака и нека го спомне тука да може да кажат и други членови мислење.