Автор Тема: Сервис - замена на семеринзи на вентили  (Прочитано 12327 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Сервис - замена на семеринзи на вентили
« на: 16 Август 2018, 19:19:05 pm »
Во потрага сум по механичар кој редовно се надоградува и користи литература и прирачници за сервис кога ќе се сретне со автомобил со кој не се сретнал претходно. Некој што не е т.н. механичар кој завршил средно техничко на времето или бил калфа кај друг кој завршил средно техничко на времето. Сезнајковци и арогантни ликови не ме интересираат. Ќе бидам присутен за цело време додека се прави сервисот.

Се работи за Lexus IS200 мотор 1G-FE со инсталиран плин. Моторот е во одлична состојба и потребна е само замена на семеринзи на вентили. Значи не е потребна дијагностика, туку само сервис. Деловите се набавени и оригинални Тојота, не се заменски. Зафатот треба да се изврши без отстранување на главата на цилиндрите.

Ако некој има сознание за лик кој е поткован со знаење и дава гаранција за извршениот сервис и нема да направи дополнителна штета при сервисирањето, слободно дајте предлог да го контактирам.
« Последно менување: 16 Август 2018, 19:55:50 pm zeroSignal »
Made in Japan ☮

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #1 на: 16 Август 2018, 19:27:18 pm »
Постои процедура во литература без вадење на глава? Ако да, баш ме интересира како се изведува тоа односно како ќе се задржи вентилот да не упадне во цилиндар. Уште повеќе ме интересира како ќе се вратат федерите и осигурачите.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #2 на: 16 Август 2018, 19:36:16 pm »
Постои процедура во литература без вадење на глава? Ако да, баш ме интересира како се изведува тоа односно како ќе се задржи вентилот да не упадне во цилиндар. Уште повеќе ме интересира како ќе се вратат федерите и осигурачите.
Made in Japan ☮

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #3 на: 16 Август 2018, 20:11:15 pm »
Не е тоа хибрид? Оти гледам плин си пишал. Ми се допаѓа таа кола ако праиме моабет за истата.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #4 на: 16 Август 2018, 20:15:59 pm »
Не е тоа хибрид? Оти гледам плин си пишал. Ми се допаѓа таа кола ако праиме моабет за истата.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
Не не, обичен бензинец е. Да речам 20-тина години развиван мотор, вградуван во многу модели на Тојота. Кај мене е последната итерација со VVTi.
Made in Japan ☮

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #5 на: 17 Август 2018, 09:00:14 am »
Постои процедура во литература без вадење на глава? Ако да, баш ме интересира како се изведува тоа односно како ќе се задржи вентилот да не упадне во цилиндар. Уште повеќе ме интересира како ќе се вратат федерите и осигурачите.
youtube  :'(

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #6 на: 17 Август 2018, 10:42:59 am »
Постои процедура во литература без вадење на глава? Ако да, баш ме интересира како се изведува тоа односно како ќе се задржи вентилот да не упадне во цилиндар. Уште повеќе ме интересира како ќе се вратат федерите и осигурачите.
Еден по еден цилиндер, ќе го ставиш клипот во ТДЦ, вентилите нема да паднат. Има техники, се менуваат и без вадење глава, ама првата реченица веројатно е точна, веројатно секоја фектори пишана процедура е со вадење глава надвор.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #7 на: 17 Август 2018, 16:34:52 pm »
Не е тоа хибрид? Оти гледам плин си пишал. Ми се допаѓа таа кола ако праиме моабет за истата.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
Не не, обичен бензинец е. Да речам 20-тина години развиван мотор, вградуван во многу модели на Тојота. Кај мене е последната итерација со VVTi.





Јас на оваа се префрлив, имаше еден ко твојот во велес, пред неколку години.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #8 на: 29 Јуни 2019, 14:23:45 pm »
Нема маж за оваа работа изгледа.

А сервисери/механичари со лопата да ги ринеш... :-\
Made in Japan ☮

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #9 на: 29 Јуни 2019, 14:27:17 pm »
Па однеси ја во официјален сервис, таму барем имаш гаранција за сработеното.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #10 на: 29 Јуни 2019, 14:31:07 pm »
https://zk.mk/dani-j

Види пробај овде што ќе ти кажат
New blood of old school

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #11 на: 29 Јуни 2019, 14:49:27 pm »
Па однеси ја во официјален сервис, таму барем имаш гаранција за сработеното.
Гаранција за сработеното имав и првиот пат кога отидов да сменат масло во автоматикот. За малку на суд ке завршевме - го преполнаа со масло и не го сменаа целосно како што се договаравме, а рекоа дека така и ќе биде. За да биде уште поинтересно - кога почнаа со сервисот бев таму, гледав некое време и им реков да ми јават кога ќе дојде време за менувањето на маслото - аха, важи рекоа, за околу 45 минути(во меѓувреме менуваа лагер на тркалото предно). Кога отидов таму без да ми се јават (после 1 час), автомобилот бил сервисиран веќе, и маслото сменато. А маслото не се менува толку брзо ако се оди по процедура односно со пумпање на старото целосно и замена со ново додека излези чисто на излез од автоматикот кон радиаторот за масло. Јас кога заминав беа на почеток на менување на лагер, тогаш почнаа да го отвораат тркалото. Исто така имаше за менување јабучица, филтер за масло за автоматик и чистење на картерот од истото. Ми вратија 2 шишиња, а им однесов точно колку што треба. Знаев дека не е сменето, туку ако воопшто нешто направиле, беше да го испуштат 50% (колку што може да излези без пумпање на преостатокот што е во торк конвертерот). Па и ме убедуваше тоа ѓезвето таму што работи дека плацебо било тоа што се осеќало полесно работење и понежно менување на брзините на автоматикот после менување на масло.( го сменив целосно кај човек кој го работи само тоа и расклопува автоматици во Битола и веднаш се осети разлика во менувањетона брзините...дека плацебо било, според ѓезвето). Дополнително - и лагерот што го сменаа напред десно го сменаа иако таа главина била крива(ми имаше искривено дискови). Значи сменаа лагер, а воопшто не се замараа да проверат со компаратор дали е како што треба главината. Тоа за мене е апсолутен аматеризам.
И што фајде од гаранцијата? Не ми се оди по судови.
Само барам човек кој го сака тоа што го работи и не го работи само заради парите. Ако го работи од задоволство за решавање предизвици, секој нов предизвик ќе го прифати со ентуијазам и желба да  го реши, ќе земи ќе прочита, ќе отвори литература. Не барам да го знае моделов, доволно е да има искуство некое со Тојота и да се вклопува во описот погоре. Ваков би бил некој кој работи во сопствен сервис и е амбициозен и интелегентен (народски кажано - да му фаќа ќефалото). И се разбира - мора да биди педантен, просторот да му биде организиран. Расфрлан сервис многу кажува за личноста. (На задните кочници ми загинаа ритејнери челични што ги разделуваат плочките, а на предните едниот. Да речам - се зафрлаат делови кои после тешко се наоѓаат, мора по нарачка. А тек да отвори мотор и да ги помеша лагерите на брегастата кој каде се наоѓа или да ја затегнува како ќе му дојде, да е некој расеан...сценарија за нешто да замине поѓаволите има милион).

Ако некој познава таков, нека ми даде контакт во порака и нека го спомне тука да може да кажат и други членови мислење.
Made in Japan ☮

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #12 на: 29 Јуни 2019, 14:59:27 pm »
Прашај тукa: https://www.instagram.com/mrkimoto/

Порано беше член на форумов, доста спремен дечко е.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #13 на: 29 Јуни 2019, 15:03:06 pm »
Имаш 2 опции: Ќе најдеш таков човек ама кога ќе ти каже цена за барањата ќе почнеш да кенкаш или Ќе засукаш ракави и бидејќи имаш литература и сакаш да ја читаш ќе си ја завршиш сам работата.
На волкот му е дебел вратот зошто сам си ги завршува работите!

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #14 на: 29 Јуни 2019, 15:13:46 pm »
Имаш 2 опции: Ќе најдеш таков човек ама кога ќе ти каже цена за барањата ќе почнеш да кенкаш или Ќе засукаш ракави и бидејќи имаш литература и сакаш да ја читаш ќе си ја завршиш сам работата.
На волкот му е дебел вратот зошто сам си ги завршува работите!
Нема да кенкам и знам дека си бара искуство зафатов и дека требаат приправи и најбитно - дека ако се направи сега убаво ќе имам уште 200.000 со новите семеринзи. Спремен сум да платам и да добијам тоа што плаќам. Јас ценам знаење и сум однослив и ненаметлив. Најдов таков механичар во Бугарија, неможев да стапам во контакт после сервисот и на крај испадна дека си заминал од државата веќе не живеел во Бугарија. Таму седев за цело време додека се сервисираше автомобилот и стекнав доволно доверба да следниот пат немаше ни една секунда да останам во сервисот. Ама тоа е.

Ќе го контактирам Мрки, поштовам човек кој сака да се пофали со сработеното. Тоа значи дека е горд, а кога некој е горд и сака да е горд на тоа што го работи тоа значи дека го прави со мерак.
Made in Japan ☮