25.11.2019 година, оставена колата на сервис. Прегорен вентил на втор цилиндар и намалена компресија на истиот.
Симптоми - нагло губење на сила во возење, дури на гаснење на моторот. Активација на ЕПЦ сијаличка и Чек енџин сијаличка.
Дијагностика кажуваше misfire на втор цилиндар и потреба од чистење на МАП сензор. Затоа и се замени една бобина и сите свеќици претходно, се одеше на линија на помал отпор, односно на к'смет. Ама, немаше к'смет.
07.12.2019 година, 212.947 километри, подигната колата од сервис. Конечно.
Сервисирано:
- исчистен МАП сензор;
- исчистена клапна;
- извадена главата, обработена (рамнење, обработка на лежишта на вентили);
- заменети сите вентили и водилки (16);
- нов дихтунг на глава.
Не знам вкупен есап уште, ама утре или вторник, секако. Од прилика, вака:
Вентилите, 500,00 денари парче, пута 16 - 8.000,00.
Дихтунг на глава, 1.800,00.
Вадење и монтажа на глава, 3.000,00, како за мене. Инаку, 4.500,00 било.
Заменет задниот лонец од издувниот систем. Словенечки некој, кој изгледа смешно. Ама, не се гледа, а брка работа. Колата се смири..
Пред..
Потоа..
Сега за сега - друга кола. Подобро влече, потивка е, а и би требало помалку да троши. Приметував зголемена потрошувачка во последно време, ама не утврдив точно, пошто не ја возам толку често колата. Си имала мака, пустата.
Дај Боже да се санира оваа мака со моторот што се влече подолго време - што од моја кривица, што од "мајстори".. Поминато околу 30-тина километри комбинирано, без проблеми. Утре малку повеќе планирам да возам. Сега за сега е топ. Се надевам дека така и ќе остане.
Второ посериозно вложување во колава, откако е во потесно семејство, после големиот сервис.
Купена 06.2016 година, со ~192.000. 3.5 години, сега има ~213.000, што му иде 21.000 километри откако е купена, или околу 6.000 годишно.
Кога сме веќе тука, би направил една ретроспектива на сите вложувања во трите години сопственост. Одиме, со цена на чинење.
01. Задни плочки Allied Nippon, 1.000,00 плочките, 400,00 работна рака. Вкупно 1.400,00 денари.
02. Средена бравата на капачката за гориво. Сам ја средив, 0 денари.
03. Исчистен ЕГР. Бесплатно.
04. Моторче од резервоар за течност за стакла. 700,00 денари.
05. Тапацирите на вратите. Околу 2.500,00 денари.
06. Пукнато цревце од ноздрите за перење на шофершајбна. Сам средив. 0 денари.
07. Сензор за АБС на задно десно тркало. 700,00 денари.
08. Држачи на полица од гепек. Ставени штрафчиња со мутери, и решен проблемот со кршење на пластичните, за век и веков. 0 денари.
09. Контроли за парното, пошто осигурачот што ја спојува сајлата за вртење на клапната топло / ладно, беше скршен. Половен, 1.800,00 денари.
10. Куќиште за кабинско светло на кровот. Половен дел, 600,00 денари.
11. Сензор за температура на антифриз. 300,00 денари.
12. Патосници. 900,00 денари.
13. Полица од гепек. Половна, 1.200,00 денари.
14. Радио. 1.500,00 денари.
15. Санирана хаубата, прелакирана, пошто беше матиран лакот и беше скроз рапава. 4.000,00 денари.
16. Саниран мал удес на задниот браник. 1.500,00 денари.
17. Исполирани фаровите. 500,00 денари.
18. Скршена ноздра за течност за перење на шофершајбна. Залепена, 0 денари.
19. Пар брисачи, со заден. 700,00 денари трите.
20. Заден лонец. 3.400,00 денари, со 500,00 работна рака. Вкупно 3.900,00.
21. Мрежа за издувен систем. 900,00 денари со 600,00 работна рака. 1.500,00 денари вкупно.
22. 4 нови гуми. Windforce Comfort I, 185/60-14. 7.400,00, со монтажа, балансирање и нови вентили.
23. Копче за регулација на ретровизори. 350,00 денари.
24. Кожа на менувач. 300,00 денари.
25. Механизам за стакло за совозачка врата. Беше веќе купено од претходниот сопственик, заменет од мене. 0 денари.
26. Центрирање на предница и задница. 1.000,00 денари.
27. Лев внатрешен зглоб. 1.500,00, со 300,00 денари работна рака. 1.800,00.
28. Пиксна на анласер. 1.300,00 со работна рака.
29. Акумулатор Rombat Tundra 55ah, 3.400,00 денари.
30. Антифриз 3 литри, водна пумпа Ina, Клинест ремен Ina, Сет ребрасти ремени, ролери и затегнувачи Ina, Семеринг на радилица, Семеринзи на брегаста и работна рака, 13.100,00 денари.
31. Лев страничен жмигавец на крило. 350,00.
32. Амортизери Monroe, буфери со лагери на предни амортизери и работна рака, 8.400,00 денари.
33. Гумици на баланс-штангла Moog и стабилизатори Febi, со работна рака, 2.600,00.
34. Сензор за притисок на масло. 300,00 денари.
35. Ротација на гуми и балансирање, 200,00 денари.
36. Бобина Bosch и свеќички Bosch, 3.700,00 денари.
37. Исчистена издувната грана. 600,00 денари.
38. Резервен клуч. 3.000,00 денари.
39. Антена. 180,00 денари.
40. Уф, од денеска. Имајќи во предвид дека не го знам вкупниот есап, ќе ставам 18.000,00, иако мислам дека нема да бидат толку, туку помалку.
Три редовни сервиси, вкупно 8.200,00 денари.
Се на се, со цена на купување од 2.000 евра, му иде вложувања од околу 98.000,00 денари. Вкупно, во евра околу 3.600.
Е сега, останува да се среди уште:
- Кровот, почна да се одлепува.
@Deno ќе има работа малку.
- Централното. Треба да се заменат механизмите на бравите на предните врати. Со тоа го решавам и проблемот на кабинското светло, кое не свети кога ќе се отворат вратите, од причина што микропрекинувачите се наоѓаат на самиот механизам.
- Амортизерите на хаубата и петтата врата.
- Предни плочки.
- Глицеринот сакам да го заменам.
- Алтернаторот напати знае да пишти. Проверен е, заменети пиксни, ама е премногу аксијално оштетен. Додека тера, ама ќе мора да се менува.
Планирам овие работи да ги средам за околу 300 евра, и колата да биде тип-топ. Не би имало никакви заостанати инвестиции во неа, освен тековни и идни.