Автор Тема: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V  (Прочитано 24310 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #30 на: 09 Ноември 2019, 17:12:16 pm »
07.11.2019 година, 212.393 километри.

Исчистен ЕГР вентилот.

Уствари ја носев да се затапи, поради глупата чек енџин сијаличка, која замараше.

Сервисерот, за среќа, пробал прво со чистење. Ми се јавува, ми вика - ова беше толку валкано, што нит отварал, нит затварал. Значи, запечено.

Околу 100-тина километри комбинирано, сега за сега, нема мака. Пу, пу, да не го урочам.

Не сакаше да ми наплати. Наместо тоа, му реков да нарача заден лонец, со гумици.

Не ми се верува дека толку време сум се мачел, а работата била толку едноставна. Ама добро, кога верувам на збор на "мајстори".. Тогаш кога се појави проблемот, колата се серисираше на друго место. Демек, господинот сменил три различни ЕГР вентили, исчистил се, не знам што.. Наредно сакаше ЕКУ-то да го менува, 150 евра.

И така оставив. Јеби га, за памет.

Се занимавав малку денес..









Не беа валкани многу, пошто веќе претходно беа добро исчистени. Поминати со дитејлинг четкичка и Meguiar's APC, 1:10 сооднос.

Само тогаш не ставив дресинг. CarPro Perl, 1:2 сооднос.

Најдобриот и најверсатилен дресинг на светот. И за пластики надвор-внатре, гуми, кожа, винил.. Страшно добар.

Фала, @dame , за препораката.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #31 на: 21 Ноември 2019, 17:22:15 pm »
21.11.2019 година, 212.887 километри.

Заменети свеќичките, ставени Bosch, 1.300,00.
Заменета една бобина, мислам втората по ред, ставена Bosch, 2.400,00.
Исчистена издувната грана, 600,00 денари.

Вкупно - 4.300,00.

Набавени исправни контроли за парното, заради спојката на сајлата за регулирање топол / ладен воздух, која беше скршена. Се разбира, половен дел. 1.800,00.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #32 на: 21 Ноември 2019, 17:42:20 pm »
1300 ден. за 4 свеќици Бош?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #33 на: 21 Ноември 2019, 18:12:35 pm »
Да.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #34 на: 21 Ноември 2019, 18:44:44 pm »
Чудно некако за 4 свеќици Бош 1300ден,веројатно се ептен бош "бош" 😁,знам за Опелот зимав оригинал Бош од Германија ама ги платив околу 50€..
Како и да е,терај мош се добри 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #35 на: 21 Ноември 2019, 19:18:16 pm »
Набавени се од Мега Ауто Партс. Е сега, поразлично од обична свеќица е што се се четири "пипки".



Такви носел моторот.

Инаку, стандардните беа од 200,00 до 240,00 денари за парче.

Овие, 325,00.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #36 на: 21 Ноември 2019, 19:23:02 pm »
Па повеќе пипци за подобра искра,моите беа со 2 пипци.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #37 на: 07 Декември 2019, 23:10:51 pm »
25.11.2019 година, оставена колата на сервис. Прегорен вентил на втор цилиндар и намалена компресија на истиот.





Симптоми - нагло губење на сила во возење, дури на гаснење на моторот. Активација на ЕПЦ сијаличка и Чек енџин сијаличка.

Дијагностика кажуваше misfire на втор цилиндар и потреба од чистење на МАП сензор. Затоа и се замени една бобина и сите свеќици претходно, се одеше на линија на помал отпор, односно на к'смет. Ама, немаше к'смет.

07.12.2019 година, 212.947 километри, подигната колата од сервис. Конечно.

Сервисирано:
- исчистен МАП сензор;
- исчистена клапна;
- извадена главата, обработена (рамнење, обработка на лежишта на вентили);
- заменети сите вентили и водилки (16);
- нов дихтунг на глава.

Не знам вкупен есап уште, ама утре или вторник, секако. Од прилика, вака:

Вентилите, 500,00 денари парче, пута 16 - 8.000,00.
Дихтунг на глава, 1.800,00.
Вадење и монтажа на глава, 3.000,00, како за мене. Инаку, 4.500,00 било. :D

Заменет задниот лонец од издувниот систем. Словенечки некој, кој изгледа смешно. Ама, не се гледа, а брка работа. Колата се смири..



Пред..



Потоа..



Сега за сега - друга кола. Подобро влече, потивка е, а и би требало помалку да троши. Приметував зголемена потрошувачка во последно време, ама не утврдив точно, пошто не ја возам толку често колата. Си имала мака, пустата.

Дај Боже да се санира оваа мака со моторот што се влече подолго време - што од моја кривица, што од "мајстори".. Поминато околу 30-тина километри комбинирано, без проблеми. Утре малку повеќе планирам да возам. Сега за сега е топ. Се надевам дека така и ќе остане.

Второ посериозно вложување во колава, откако е во потесно семејство, после големиот сервис.

Купена 06.2016 година, со ~192.000. 3.5 години, сега има ~213.000, што му иде 21.000 километри откако е купена, или околу 6.000 годишно.

Кога сме веќе тука, би направил една ретроспектива на сите вложувања во трите години сопственост. Одиме, со цена на чинење.

01. Задни плочки Allied Nippon, 1.000,00 плочките, 400,00 работна рака. Вкупно 1.400,00 денари.
02. Средена бравата на капачката за гориво. Сам ја средив, 0 денари.
03. Исчистен ЕГР. Бесплатно.
04. Моторче од резервоар за течност за стакла. 700,00 денари.
05. Тапацирите на вратите. Околу 2.500,00 денари.
06. Пукнато цревце од ноздрите за перење на шофершајбна. Сам средив. 0 денари.
07. Сензор за АБС на задно десно тркало. 700,00 денари.
08. Држачи на полица од гепек. Ставени штрафчиња со мутери, и решен проблемот со кршење на пластичните, за век и веков. 0 денари.
09. Контроли за парното, пошто осигурачот што ја спојува сајлата за вртење на клапната топло / ладно, беше скршен. Половен, 1.800,00 денари.
10. Куќиште за кабинско светло на кровот. Половен дел, 600,00 денари.
11. Сензор за температура на антифриз. 300,00 денари.
12. Патосници. 900,00 денари.
13. Полица од гепек. Половна, 1.200,00 денари.
14. Радио. 1.500,00 денари.
15. Санирана хаубата, прелакирана, пошто беше матиран лакот и беше скроз рапава. 4.000,00 денари.
16. Саниран мал удес на задниот браник. 1.500,00 денари.
17. Исполирани фаровите. 500,00 денари.
18. Скршена ноздра за течност за перење на шофершајбна. Залепена, 0 денари.
19. Пар брисачи, со заден. 700,00 денари трите.
20. Заден лонец. 3.400,00 денари, со 500,00 работна рака. Вкупно 3.900,00.
21. Мрежа за издувен систем. 900,00 денари со 600,00 работна рака. 1.500,00 денари вкупно.
22. 4 нови гуми. Windforce Comfort I, 185/60-14. 7.400,00, со монтажа, балансирање и нови вентили.
23. Копче за регулација на ретровизори. 350,00 денари.
24. Кожа на менувач. 300,00 денари.
25. Механизам за стакло за совозачка врата. Беше веќе купено од претходниот сопственик, заменет од мене. 0 денари.
26. Центрирање на предница и задница. 1.000,00 денари.
27. Лев внатрешен зглоб. 1.500,00, со 300,00 денари работна рака. 1.800,00.
28. Пиксна на анласер. 1.300,00 со работна рака.
29. Акумулатор Rombat Tundra 55ah, 3.400,00 денари.
30. Антифриз 3 литри, водна пумпа Ina, Клинест ремен Ina, Сет ребрасти ремени, ролери и затегнувачи Ina, Семеринг на радилица, Семеринзи на брегаста и работна рака, 13.100,00 денари.
31. Лев страничен жмигавец на крило. 350,00.
32. Амортизери Monroe, буфери со лагери на предни амортизери и работна рака, 8.400,00 денари.
33. Гумици на баланс-штангла Moog и стабилизатори Febi, со работна рака, 2.600,00.
34. Сензор за притисок на масло. 300,00 денари.
35. Ротација на гуми и балансирање, 200,00 денари.
36. Бобина Bosch и свеќички Bosch, 3.700,00 денари.
37. Исчистена издувната грана. 600,00 денари.
38. Резервен клуч. 3.000,00 денари.
39. Антена. 180,00 денари.
40. Уф, од денеска. Имајќи во предвид дека не го знам вкупниот есап, ќе ставам 18.000,00, иако мислам дека нема да бидат толку, туку помалку.

Три редовни сервиси, вкупно 8.200,00 денари.

Се на се, со цена на купување од 2.000 евра, му иде вложувања од околу 98.000,00 денари. Вкупно, во евра околу 3.600.

Е сега, останува да се среди уште:
- Кровот, почна да се одлепува. @Deno ќе има работа малку.
- Централното. Треба да се заменат механизмите на бравите на предните врати. Со тоа го решавам и проблемот на кабинското светло, кое не свети кога ќе се отворат вратите, од причина што микропрекинувачите се наоѓаат на самиот механизам.
- Амортизерите на хаубата и петтата врата.
- Предни плочки.
- Глицеринот сакам да го заменам.
- Алтернаторот напати знае да пишти. Проверен е, заменети пиксни, ама е премногу аксијално оштетен. Додека тера, ама ќе мора да се менува.

Планирам овие работи да ги средам за околу 300 евра, и колата да биде тип-топ. Не би имало никакви заостанати инвестиции во неа, освен тековни и идни.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #38 на: 08 Декември 2019, 00:08:42 am »
Или во превод, ебати Фолксвагенот фален како најдобар...стварно многу пари си дал за релативно мала годишна километража.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #39 на: 08 Декември 2019, 00:55:39 am »
Ќешки уште 1 опел да земеше...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #40 на: 08 Декември 2019, 09:15:52 am »
Или во превод, ебати Фолксвагенот фален како најдобар...стварно многу пари си дал за релативно мала годишна километража.

Уф.. Малку тешко е тоа да се пресече така.

Колата била ептен запоставена и речиси неодржувана, што резултираше со цена од 2000 евра во 2016 година, кога пазарна вредност на овој модел беше 2500-2800 евра.

Сметано е дека со тие 500-800 евра инвестиција ќе се доведе колата во ред. Тоа беше за недостатоците кои веќе се знаеја. Ипак, сега веќе колата е 18 години стара.

Плус, додади проблеми кои се појавуваа во од, значи во овие 3.5 години. Од нив, 80% беа резултат на односот на претходниот сопственик кон колата, не на (не)квалитетот на ФауВе. 15% ги сметам како маани на моделот, читајќи на интернет. 5% неочекувано, пошто нели, машина е и има милион делчиња.

И кога ќе го ставиш на кантар мојот перфекционизам, што си правам филм дека можам пак да ја направам нова, тоа е резултатот.

Да, многу инвестиција е, дефинитивно, се согласувам. Ама, бар 30% од ова јас што го поправам на колата, просечен сопственик не би го есапел, во најмала рака. Што значи, нит би го објавил негде како проблем, нит ќе го рачуна како проблем, туку како нормална амортизација.

Што значи, пак сме тука некаде.

Ќешки уште 1 опел да земеше...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Одговорно тврдам дека Полово е подобра кола од било кој Опел кој се произведувал нов во моделска 2002 година.

Можда понедоверлив и поскап за одржување од рецимо Корсата, ама подобра кола. За поприлично.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #41 на: 08 Декември 2019, 13:49:31 pm »
Јас ќе ти кажам само браво на меракот, деталноста и посветеноста. Лесно е да се критикува кола и да се каже дека е сра*е, особено ако била неодржувана и запоставена. Уживај во Полцето!

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #42 на: 08 Декември 2019, 19:54:38 pm »
Ако го минусираш трошокот од 18 000ден  непредвидено шо ти излезе за изгорен вентил и отворање на глава, горе долу со некоја разлика од 100-150 евра сите шо купиле половна кола ги имаат истите трошоци. Сите напрајле голем сервис, купиле кога тогаш амортизери,акомулатор, нови гуми.... Сам кажа дека си ја купил 2000евра а имало и модели кој биле од 2500-2800евра. А и да си купел поскапа никој не е во моторот и мењачот па да гарантира дека нема да се расипи нешто, така да вози и уживај  ;D

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #43 на: 09 Декември 2019, 04:48:57 am »
Поевтино ќе си поминел нова кола да си купел....

:D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #44 на: 10 Декември 2019, 17:33:06 pm »
Јас ќе ти кажам само браво на меракот, деталноста и посветеноста. Лесно е да се критикува кола и да се каже дека е сра*е, особено ако била неодржувана и запоставена. Уживај во Полцето!

Во право си. Благодарам!

Ако го минусираш трошокот од 18 000ден  непредвидено шо ти излезе за изгорен вентил и отворање на глава, горе долу со некоја разлика од 100-150 евра сите шо купиле половна кола ги имаат истите трошоци. Сите напрајле голем сервис, купиле кога тогаш амортизери,акомулатор, нови гуми.... Сам кажа дека си ја купил 2000евра а имало и модели кој биле од 2500-2800евра. А и да си купел поскапа никој не е во моторот и мењачот па да гарантира дека нема да се расипи нешто, така да вози и уживај  ;D

Ако е така, значи го купуваме отпадот. Некако не ми се сложува математиката. Бар јас не познавам некој што купил кола, и што инвестирал во неа уште 3/4 од нејзината вредност.

Али, ОК, дај Боже да е така.

Поевтино ќе си поминел нова кола да си купел....

:D

И твојата математика некако не ми испаѓа. :D

Стигна сметката за последниот сервис. Вика вака:

- Дихтунг на глава, 1.700,00 денари;
- Гумици на вентили, 500,00 денари;
- Вентили, 6.000,00 денари;
- Средување на глава, 3.000,00 денари, и
- Работна рака, 3.000,00 денари.

Вкупно, 14.200,00 денари. Тука не е пресметан задниот лонец со монтажа, 3.400,00 плус 600,00 работна рака, 4.000,00.

Останува една стега за задниот лонец, 300,00 денари е, нарачана е, ама нема на лагер. Ќе стигне идната недела.