09.09.2020 година, 219.281 километри.
Заменета електро-хидрауличната серво пумпа со половна, Koyo HPI.
Пумпата кошташе 6.300,00 со достава, уљето внатре (900мл собира) 700,00 денари и работна рака 800,00 денари.
Вкупно - 7.800,00 ме кошташе задоволството за мини-Бентливо дома.
Симптоми - кога сака работи сервото, кога не. Свети жолт волан на шалт-таблата. Колата е невозможно да се вози без серво. Пробав, и по 50-100 метри возење "на сила", знаеше и да добие серво, само од себе.
Не беше лесно да се најде половна пумпа по таа цена, исправна. Повеќето ми бараа од 150 до 200 евра, што за половен дел е нон-сенс.
Друг проблем на што наидов е потешкотија во дијагностицирање на проблемот. Имено, наводно истите симптоми се кога не е исправна пумпата и кога не е исправен некој сензор што го мери аголот на вртење и се наоѓа на летвата.
Истиот тој сензор, не само што е огин и пламен (цирка 150 евра), наводно бил доста тежок и скап за калибрирање по замената, требало специјален алат. Во Порше, тој зафат чини негде околу 10.000,00 денари (само калибрацијата).
Беше во комбинација да се земе цела летва, која заедно со сензорот кошташе 60 евра.
Пошто дијагностиката не го покажуваше воланот (вадеше ерор некој), а и веќе ми чуреше главата, одлучивме со сервисерот да ја замениме пумпата, па ако испадне дека не е, да се врати таа, па да ја замениме целата летва. Дечкото што растура Поло, ми излезе во пресрет за замена.
И така, веќе 5 дена е се во ред со колата, пу, пу.
28.07.2020 година, 218.598 километри.
Физичко чистење на дизните. Првата и третата покажале затнување.
Колата сецкаше при ниски обртаи и испуштање на педалот за гас.
Дијагностика вадеше МАП сензор, заменет со половен, ама не го реши проблемот.
По чистењето, 1000 плус километри веќе извозени, колата е сон за возење. Пошто успат е и се исчистено или заменето (ЕГР, МАП, клапната, граната, задниот лонец) колата работи мирно, тивко, рамномерно и супер повлекува за снагата.
Нов проблем - со мењачот. 3 од 10 пати не сака да чуе да влезе во прва и рикверц. Сака прво втора па прва, или само да бирам накај втора, па влегува во прва. Нешто сајлата ја чачкаше мајсторот, нешто се подобри, ама не е тоа-тоа.
Прашање - дали со промена на нова сајла би го отстранил проблемот, или можно е нешто внатре во мењачот се има сјебано?