@plockaMK Друже, таа е.. Морам да ја стегнам по мои критериуми. Притискаа од дома за продажба. Категорично отфрлив можност за продажба, пошто премногу труд и пари отидоа по колава, а и некако ја засакав многу.
Со проблем, тешко би ја продал, а и колку би и зел..? Толку сум блиску до тип-топ состојба, што ме фаќа паника - да се продаде, од кај да знам на што ќе нагазам? Така да..
Полека, се отплеткува клопчето околу мојот ЕГР. Дихтунгот, односно самоделското лимче од излезната страна на ЕГР-от, е скроз блокиран.
Цевката на сликата е баш од тој дел. Убаво се гледа новиот дихтунг, со отвор како што и треба. Истата се враќа пак во блокот, пошто нели - рециркулација на гасови. Јас фактички сум немал рециркулација, пошто е затапен излезот.
Колата веќе има 150 комбинирани километри од промената, без проблем, пу, пу.
Е сега, може и стариот ЕГР е исправен, ама поарно да не дознаам.
Колегата
@Баги викаше да ги кажам кои се сервисите..
Друже, те разбирам во намерата, потполно си ви право, ама тоа оро не ми се игра.
Зошто? На колата не сум прв сопственик, значи немам никаква идеја што се работело претходно. Прва работа.
Друга - пошто колава уствари моиве ја возат, пробаа со два различни мајстори.
Трето - видов дека се мачат, па улетав како помош - нели помлад, со повеќе познаници итн.. Јас бев на уште двајца мајстори.
Кого да обвинам за дешафката? Со кого да се расправам, кога не знам од кој е направена гомнаријата?
А и си реков, пошто веќе 99% сум сигурен дека проблемот е решен, после 2 месеци по сервиси сакам да си дадам малце одмор од истите, без кавги и глупости. Нека тераат, нека им служи на чест.
Дај Боже да се заврши со ова.. Баш ме заболе и за пари, и за нерви, и за мајстори и за се. Јас сум среќен.