Се вратив од работа со i30 и веднаш ја зедов i10ката да искористам од денешниот вршник со 41/42 степени, за да видам како ќе се понаша со фолиите.
Навистина не верував дека ќе имаат толкав ефект. После само 5 минути стана подносливо во кола, а веќе по 15 минути веќе беше пријатно. По завршените неколку обврски, враќајки се накај дома приметив дека веќе и пластиката од тапацирот каде ја потпирам левата рака се оладила
Инаку, порано колата не можеше да се вози на температури како денешниве.
Сеуште ми е живо сеќавањето од 2017 со слична температура како денешнава, колку се сварив кога скокнав до ПС да ми впишат казнени поени во книшката, па кога од таму продолжив да ја издувам малку колата по обиколница.
Го проколнав моментот кога ми падна таа идеја, климата дува камен ладно а ти се потиш внатре и триста анализи низ глава во што е проблемот.
Епа дефинитивно проблемот бил во стаклата...