Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50647 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #165 на: 11 Јули 2021, 15:47:09 pm »
Ајде "мала" ретроспектива со условно проблемот со климата.

Првото лето, климата дува ладно но не може да олади, плус вентилаторот на 3 и 4 брзина почна да вади некој  непријатен звук, шуштење како експрес лонец.
Во сервис сменија полен филтер (стариот беше 8 месеци стар) и се подобри ладењето и го снема звукот. Сконтав дека е најдобро да се менува почеток на Јуни.

Второто Лето не бев нешто задоволен, особено кога е пожешко, но си најдов оправдување во големите стаклени површини, долгото киснење на сонце и кратките релации.
Скокнавме и до Охрид, по пат си ладеше исто како Меганот, мора на 3ка.
После плажа не можеше да олади. Не се седнуваше на седиште ако беше изложено на сонце, рингла.

Трето лето сопругата ми се жали дека не се вози колата после работа. Ајде штитници некакви за сонце на странични стакла, покрај постоечкиот за шофершајбна, џабе.
Во меѓувреме приметувам дека сонцето повеќе ме пече преку стаклото отколку во Меганот, почнав да се сомневам дека се должи на помалку тонираните стакла кај i10ката.
Почнав да се интересирам за фолии, но дигнав раце кога ми ја објаснија бирократската процедура за легализација, плус немало шанси на предни стакла :'(

2016 ја купи i30, ладење камен со вентилатор на 2 брзина, тибам и Меган и i10

Пред неколку години дознав дека е малку поедноставена процедурата за атест на фолии, но прашање беше кого да одберам за местење фолии, пошто се изнагледав глупости као меурчиња, ѓубриња, флеки, виножита, лошо скроени итн
Во исто време почнав да се сомневам и во мањак на фреон, во лер не дуваше така ладно како при движење, но дури лани отидов на проверка, наводно фалеле 100тина грама.
И навистина почна да дува поладен воздух во лер.

Некни ја повозив колата до Катланово. Таму колата под сенка, на враќање ме испече сонцето преку стакло.
Кај i30 преку стакла го немам тоа чувство.
Одлучив дека дефинитивно морам да ставам фолии, инаку нема спас.

Неколкумина ми го фалеа Фолијацентар, плус прочитав на форумов од некого позитивно искуство.
Се одлучив за таму и не згрешив, педантно залепени фолиите.
Вчера ја возев колата во најжешкото, многу е поподносливо и покрај тоа што беше цел ден на сонце. Сега останува да купам нов штитник за сонце пошто на стариот вакумчињата не држат веќе.

Пред да се лепат фолиите видов дека на страничните стакла стои испечатено минимум 70% транспаретност, значи може да биде од 70% до 85% транспарентност. Ако тоа игра улога во заштита од сончевите зраци, има некоја дубара...наводно кај фолиите иста била УВ заштитата без разлика колкаво е затемнувањето.
Не ми текна да погледнам што пишува на шофершајбната и на задното стакло.

А и овие прописиве што не дозволуваат фолии и на предни странични стакла.
Безбедност? Која безбедност кога ќе влезеш во фурна, башка што гледам деновиве како возат со подотворени врати со постарите коли.
Смешки е "дозволеното" 70% кога со 50% буквално исто гледаш низ прозорот, а греењето е многу помало. Како за земја со 260 сончеви денови на Медитеран. Ама така е на многу места.

Среќа што може задните, па барем половина од ефектот да е постигнат со тоа. И треба да се стават фолии и да се атестираат и се додека може. Да не им текне да комплицираат како во Србија. Ставај и цепај.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #166 на: 11 Јули 2021, 16:22:09 pm »
Помина на А-тест со затемнети предни стакла?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #167 на: 11 Јули 2021, 16:47:52 pm »
Еве слики од задно стакло на i10 со 70% фолија (30%vlt) + min 70%vlt од самото стакло како што пишува.

И од i30 без фолии со AS2 (американски стандард кој значи at least 70% vlt)

Пред да ги ставам фолиите на i10, нејзините стакла беа многу посветли од тие на i30.
А ознаките според кои е дадено минимално vlt остава простор за волунтаризам од производителите на стакла, односно минимум 70% може во пракса да биде и 80%



Колите се моментално паркирани паралелно една до друга и светлината што паѓа на нив е идентична.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #168 на: 15 Јули 2021, 18:37:25 pm »
Се вратив од работа со i30 и веднаш ја зедов i10ката да искористам од денешниот вршник со 41/42 степени, за да видам како ќе се понаша со фолиите.
Навистина не верував дека ќе имаат толкав ефект. После само 5 минути стана подносливо во кола, а веќе по 15 минути веќе беше пријатно. По завршените неколку обврски, враќајки се накај дома приметив дека веќе и пластиката од тапацирот каде ја потпирам левата рака се оладила :)

Инаку, порано колата не можеше да се вози на температури како денешниве.
Сеуште ми е живо сеќавањето од 2017 со слична температура како денешнава, колку се сварив кога скокнав до ПС да ми впишат казнени поени во книшката, па кога од таму продолжив да ја издувам малку колата по обиколница.
Го проколнав моментот кога ми падна таа идеја, климата дува камен ладно а ти се потиш внатре и триста анализи низ глава во што е проблемот.

Епа дефинитивно проблемот бил во стаклата...
« Последно менување: 15 Јули 2021, 18:45:59 pm Mikius »

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #169 на: 16 Јули 2021, 01:01:40 am »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #170 на: 16 Јули 2021, 01:04:06 am »
Аууу уитнес протекшан - картончиња на таблици, браос! :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #171 на: 16 Јули 2021, 01:06:05 am »
Сеуште ми е живо сеќавањето од 2017 со слична температура како денешнава

Лани имавме исто во Август, ама многу пократко траеше.
Две недели или може помалку, како 10 дена...

Сега е веќе повеќе од месец и нѝ еба мајката, турај и фолии и фреони и хладњаци, брат - што начекаш тоа :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #172 на: 16 Јули 2021, 01:14:06 am »
Na kraj lupni mu u bagasnik 3.5ka inverter 🤔😂

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #174 на: 16 Јули 2021, 11:10:55 am »
Одлично дошле...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #175 на: 16 Јули 2021, 23:05:49 pm »
Деновиве поинтензивно и ја крадам колата на сопругата пошто ми е "интересна" за возење со фолиите, па така денес возев на автопат и во еден момент со 120 морав да прикочам позади едно возило и осетив тресење, под 90 го снемува тресењето.
Договорив за наредна недела кај Мирко бидејки се сомневам на дискови.
Бев и кај Мето да провери предница за секој случај, коска е предницата.

10 години си се 10 години, нешто мора да почне да откажува :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #176 на: 16 Јули 2021, 23:34:29 pm »
АЈ сеа не претеруј дека иде стодваесе и ти...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #177 на: 16 Јули 2021, 23:48:57 pm »
Ти не знаеш што прави во 6та кога ќе убацам ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #178 на: 17 Јули 2021, 06:15:02 am »
59km/ на 1135rpm? ;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #179 на: 17 Јули 2021, 06:20:57 am »
А-уууу, кој ранокрик си ти, златен...
Добра плата.
Прав скопјАнец.