Без шајбна е мутерот.
Многу лесно и брзо завршија работа.
Го избија наназад остатокот од штиф штрафот, за новиот да го протнат им пречеше едно заштитно лимче па го свиткаа малку, инаку ќе мораше да се вади цела полуосовина..
Штраф најдоа некој постар (позарѓан) ама оригинален, ќе го сменам бидејки и тој не се навртуваше лесно со прсти. Уствари, повеќе од половина од другите штрафови се веќе такви
Тие струготините ги приметив уште лани кога почнав дома да менувам бандажи. Буквално на сите тркала имаше. Ги исчистив пред навртување на мутерите и нешто полесно се навртуваа.
Денес на задните тркала немаше струготини, не беа вадени воопшто откако ги имав заштрафено.
Струготини(шпонови) како на сликата имаше само на предните тркала.
Предните тркала беа вадени кога беше на сервис пред месец дена и сигурно се стегани со пиштол, чудно би било да е поинаку.
Заклучувам дека се е тоа од пиштолите, ги престегнуваат, или од брзината на навртување.
За понатаму ќе видам, не би требало да има проблем се додека јас ги навртувам и одвртувам.
На времето и на меганот ми имаа заебено 2 штрафа, дури и се обидоа да ми протнат штраф со друга димензија. Нема правило дали тркалото се прицврстува со штраф или мутер.