Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50604 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #15 на: 08 Април 2018, 10:43:06 am »
Па, со километражата што ја поминува сопругата, ќе тера.

Акумулаторот ме изненадува, од лани очекувам да рикне, посебно зимава со снегот и ниските температури ама убаво си верглаше( 7 години).

Доста е испочешана од браници и врати од други коли по паркинзи. Нема бегање од тоа.

Фатила женава, една невеста со службена кола како лакира нокти на нозе. Ногата потпрена на врата, а вратата потпрена на i10 и си струже при мрдање...да ти застане памет.

Лол друже тоа е...
Другар мој и другарка земаа вакви 2008-ма година и двајцата уште тераат без битни дефекти. Се погодија овие. Другаров кога вози и кај него троши накај 8. Сега го закачи на плин, не сум прашал колку оди.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #16 на: 12 Април 2018, 08:47:16 am »
Нешто ми се врти низ глава да ставам DRL на местото кај што е предвидено за магленки( нешто како  кај i30).

Предлози за продавница и мајстори?

Sent from my 6045Y using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #17 на: 12 Април 2018, 11:06:39 am »
Само и магленки ќе ти требаат за ова подоле...

https://www.aliexpress.com/wholesale?catId=0&initiative_id=SB_20180412010554&SearchText=hyundai+i10+drl

@SaleSk вака направи со неговата Љунда, нека ти даде некој совет.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #18 на: 12 Април 2018, 11:28:57 am »


Само и магленки ќе ти требаат за ова подоле...

https://www.aliexpress.com/wholesale?catId=0&initiative_id=SB_20180412010554&SearchText=hyundai+i10+drl

@SaleSk вака направи со неговата Љунда, нека ти даде некој совет.

А мајстор некој саглам?

Sent from my 6045Y using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #19 на: 12 Април 2018, 11:37:08 am »
Мајстор Нино, електричар кој работи во истиот пролаз кај дечкиве што центрираат предници/задници на Илинденска. Му работи саатот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #20 на: 13 Април 2018, 20:46:01 pm »
Денес, направив редовен сервис:
Уље
Филтер за уље
Филтер за воздух
Филтер за полен

Цена: 0,00
Тhanks, Koreaautotrade

Другото е се во ред. Невестата може безгрижно да ја возицка.
« Последно менување: 14 Април 2018, 12:31:35 pm Mikius »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #21 на: 20 Април 2018, 11:20:02 am »
Да пишам за мистериозното проблемче со далечинското отклучување врати.

Монтирано е непосредно по купувањето(Септември), за веднаш со паѓање на температурите, да зеза при отклучување, односно да ја отвара само возачката врата. Чим се стопли кабината, проработува.
Морав да чекам минусни температури, за да го претставам проблемот кај монтерот.
Ја поместија малку позицијата на моторчето(Ноември), и го решија до наредна зимска сезона, кога јово на ново.
Го поместија моторчето на друга позиција, со подолго шипче, и ОК беше до наредна есен.
Повторно го поместија, за некој милиметар, и секоја зимска сезона, моторчето како да си бараше нова позиџија, се до  есен 2017, кога ни тоа не помагаше.

Да напомнам дека со клуч и копчето од внатре, функционираше беспрекорно, така да не беше до микропрекидачот во бравата.

Зимава, дома, по повеќе експериментирања, увидов дека, кога со прсти му вршам притисок на шипчето кон внатрешната лимарија од вратата, каде е и зашрафено моторчето, одработува. Штом го пуштам, не сака.

Импровизирав, избушив 2 дупчиња во лимот, протнав пластична стегичка, зафаќајки го шипчето и затегнав, внимавајки да не претерам односно да не го блокирам движењето на истото.

Сега чекам наредна зима, да видам дали долгорочно сум го решил проблемот со мојата импровизација.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #22 на: 20 Април 2018, 11:24:16 am »
Какво е моторчето? Оригинално? Заменско? Кинеско?
Каде и кој ти го монтираше?
Многу можно да стои нешто пренапнато...
Смени ли друго моторче? Освен моторче, дали и каков модул за безжично отварање има ставено, додадено?
Фалат многу информации....
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #23 на: 20 Април 2018, 11:50:44 am »
Какво е моторчето? Оригинално? Заменско? Кинеско?
Каде и кој ти го монтираше?
Многу можно да стои нешто пренапнато...
Смени ли друго моторче? Освен моторче, дали и каков модул за безжично отварање има ставено, додадено?
Фалат многу информации....
Монтирано во VOX, на сметка на Кореааутотрејд, по нивна препорака заради заемна соработка. А бидејки и лично се познавам со него, немав ништо против.
Така да кад је ГАГА,  појма немам, најверојатно кинезарија. Даљинското од централата е речиси идентично со твоето.
Превентивно, ставија и ново моторче, џабе. И нив не им беше јасно.
Слабост покажуваше само на пониски од 5степени, и само на отклучување. И што е најинтересно, секоја нова позиција, беше ОК само за тековната зима. Наредната веќе не.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #24 на: 14 Јуни 2018, 09:27:52 am »
Невестата го скршила некако штитникот за сонце. Најверојатно од вруќината вчера, а не оставила подотворен прозор да "диши" колата.
Кога стигнала на работа останал спуштен, кога си одела, да го врати не стои, паѓа.

Нарачав нов, 3.500 денари.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #25 на: 14 Септември 2018, 18:51:24 pm »
8ма регистрација
Технички поминато без проблем, друго, нема што да се додаде, наточи гориво, пали, вози :)

3.556 полиса
2.535  технички
1.535 мвр

7.626 вкупно

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #26 на: 14 Септември 2018, 21:12:14 pm »
Поефтина регистрација, него јас на моторот што плаќав. Добри колички, многу ме бендисуваа....

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #27 на: 26 Октомври 2018, 14:43:11 pm »
Да избегнам гужва, денес ги монтирав зимските гуми на бандажите што ги купив (1.000мкд) лани во декември.
6 години барав, не се наоѓаа.

Бандажите се од Мазда 323 и освен ЕТ, другото се одговара на фабричките димензии. Раткапните не можев да ги ставам, не одговара поставеноста на вентилот во однос на жлебот од раткапната и шрафовите

Повеќе нема да се малтретирам по вулканизери и да се секирам да не зезнат нешто.


Sent from my 6045Y using Tapatalk


Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #28 на: 26 Октомври 2018, 15:17:35 pm »
Kupi mu nekoj drugi zamenski aftermarket ratkapni kolku za zimoska od 7/8stotki, grdo izgleda vaka  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #29 на: 26 Октомври 2018, 15:20:11 pm »
Идеално изгледа вака. Можеби само да се прснат со сребрен спреј и лак, здравје боже.