Кој немал плачливо дете никогаш нема да разбере некој работи.
Муабетов е многу пати правен со еден другар на кој малата е многу мирна и тивка, одсекогаш е таква, два метра подалеку никако не се двои од родителите, е сега второво е на господ бељата, плачко и инает и му се разјаснуваат некој работи кој претходно неможеше да ги свати кај мене.
Кај мене пак обратно, "големиот" во 10 минути два пати го превртува станот и тоа ако не е во форма. Малиот е мирен во споредба со него и не е плачко.
Е сега кога го имавме само големиот еден куп пати имавме пробано да седи сам позади во столче нели, ама тоа беше страшно бре, имаше плачено од пред зграда во Кисела Вода до Стража без престан заспа мислиш во несвес падна, од 18 часот на стража до 08 часот утредента во Охрид спиеше.
Друга случка е кога плачеше и се тегнеше од Кисела Вода до пред Неготино без престан, заспа и се разбуди на граница па плачеше до обиколница во Солун. Тоа е измачување за сите а не воспитување или размазување. Кога ќе седеше некој позади со него си се занимаваше знаеше да се заигра итн итн ...
После овие погоре и уште пар такви случки каде трениравме строгоќа, жена ми си седеше позади и се си беше супер, сите смирени среќни и задоволни.
Кога потпорасна се се смени, сега е скоро 5 години и може на пат околу свет да се оди со него со кола нема да прави проблеми. Малиот исто, тој од тука до грција еднаш ќе побара вода и еднаш "опа" ќе рече за да потстане малку да моча или кака и толку.
За цело време на случкиве децата секогаш се во соодветни столчиња за возраста.
Затоа јас потполно ги разбирам и поддржувам оние што седат позади со децата, и не ми е нешто страшно или па на тоа не гледам како разгалување.
Дополнително ако треба да се возат само со еден родител децата поинаку се однесуваат отколку кога се двајцата родители.