Автор Тема: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT  (Прочитано 12380 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« на: 03 Февруари 2018, 20:47:06 pm »
Вчера и денес поради зајебот на Wizz Air со ненајавено задоцнување на летот Скопје Келн мораше да изнајмувам кола за да не спијам на аеродром/железничка. Убаво ме оштавија од Sixt за  изнајмување во последен момент, побарав нова Ибица/Фиеста но имаа само Поло, па тоа и бидна на крајот. Со Полото се возев околу 300 километри, 200км автопат и 100ина километри низ град.

Полото беше со 1.0 ТСИ мотор со три цилиндри 70кв/95кс и 200Нм достапни во интервалот на 2000-3500 вртежи, спарени со рачен менувач со пет брзини. Од опрема имаше старт-стоп за екологија, голем екран на допир, автоматска двозонска клима, греење на седишта, ограничувач на брзина со команди на волан, паркинг сензори напред-назад, и алуминиумски бандажи со четири сезонски гуми кои правеа “буууууууууу“ на повисоки брзини. Колата беше нова, имаше поминато околу 1200 километри.

Те го те во некоја сиво/црна боја и добоши на задна оска (наместо дискови).





Внатрешноста изгледаше скоцкано, на допир некои беа меки, некои не. Внатрешноста делуваше добро склопено и скоцкано, но од прозорците надолу си беше тврда пластика. Не дека тоа е лоша или неудобна работа. Но, таа тврда пластика пренесува вибрации ако има предмети во просторот кај вратите. Во полото имаше такво за стругање за мраз на шофершајбна и мораше да го местам тргнам за да не ми вибрира од лева страна. Имаше интересна ЛЕД лајсна која свети навечер и се обидува да ја прави колата со премиум чувство. На мене лично ми сметаше во темното, ама ме мрзеше да барам низ тоа системот да ја гасам. И според мене, таа лед лајсна не ја прави премиум.

Седиштата како за некој погабаритен како мене, беа ОК со нота накај малце неудобни и релативно мали. Но сепак се работи за мала кола и голема свиња, така да човек не може да очекува фотеља. Потпирачот за рака во средината не ми вршеше работа. Исто, што не можеш да направиш е да си ја потпреш левата рака на тапацирот кај левиот прозорец. Нешто што ми падна во очи е како малце педалите да беа изместени/искривени па се осеќав малце чудно како закосен додека возам и ми требаше малце време додека да си ја најдам “идеалната возачка позиција“, особено во комбинација со неупотреблив среден наслон и неупотреблив тапацир на лева врата/прозорец. Воланот малце стерилен, ама кај поновите коли кај сите се чувствува стерилно (Плус минатиот викенд го возев мечето кое има хидрауличен волан, така да можеби сум малце и пристрасен во потрагата на малце “потежок“ волан и осет во која насока ми се насочени предните тркала).

Мотор и Суспензија:

Суспензијата е типична за фолксваген. Во кривини не држи како Форд, ама е ОК. На рамно не вози како француз/лимузина, ама е ОК. Не е претерано мека, но не е и претерано тврда. Со други зборови, ОК. Чат пат ќе осетиш некоја нерамнина, ама ништо трагично или ненормално. Понекогаш се чувствува како малце поголема кола, отколку што е. Позитивно чувство кога се возиш на автопат.

За моторот сум со измешани чувства. Турбо, бензин, три цилиндри, помалку од 100кс. Кога работи во место е тивок (дури и кога е студен), но три цилиндри си се три цилиндри. Никогаш не може да се смири, и звучи многу лошо и нерафинирано особено ако го стискаш да забрзува и да работи напорно. До 2000 вртежи е речиси мртов, па наеднаш се разбудува кога ќе го разврти турбото. Одлично круза низ град во четврта брзина и 50кмч, но во моментот кога сакаш да забрзаш барем малку, трите цилиндри почнуваат да клокотат под хауба. Има звучна изолација и тоа релативно многу, но такво клокотење не можеш да го изолираш, затоа што се чувствува на волан и педали. Старт-стопот си работи нормално, куплунгот мек, менувачот одличен (типичен Фолксваген), но 4та и 5та брзина се малце “подолги“ па за престигање и/или забрзување мораш да враќаш степен-два надолу. Но над 3500-3800 вртежи откако ќе “заврши“ вртежниот момент, ништо посебно не се случува па мораш да менуваш во повисок степен за да го држиш во вртежи и интервалот на вртежниот момент. За во град, регионални и магистрални патишта до 100кмч, полото е одлично.

Но, бидејќи се наоѓам во земјата кадешто “нема“ ограничување на брзина на одредени делови на автопатиштата, Полото треба да се снаоѓа и на нив. Конкретното имаше некакви четири сезонски гуми (мислам дека 4с Вектор) и прават многу бука после 110кмч до кај 140. Над 140, шуштењето на ветерот ја покрива буката од нив. Полото иако е само со пет брзини, е сосема ОК на автопат. Во пета брзина и 120кмч, моторот е на околу 2600-2700 вртежи. На 140кмч околу 3100. Крајната брзина околу 190-200 по тахо. Доубрзувањето од 120кмч нагоре е малце тегаво, но прифатливо. Во ниеден момент не почувствував да враќам степен надолу и да дозабрзувам. И да, трите цилиндри се изолирани и тивки кога се движиш со релативно константна брзина и без нагли забрзувања. Во моментот кога стиснеш поагресивно, почнува да бучи и клокоти. Ама ако го возиш мазно и забрзуваш без агресивни испади, нема да осетиш некој голем недостаток на моќ. Знаеш дека не е ракета, ама знаеш и дека не е мрзлив атмо што му требаат вртежи за да се движи колку-толку нормално.

Конкретно синоќа рутата беше околу 200 километри навечер, што во превод значи релативно празен автопат и во поголемиот дел без ограничување на брзината. Моето темпо на автопат беше во рангот 120-160кмч. И нормално едно-две пробувања да видам до каде ќе го наполни тахото до 260кмч. На одење према Келн се повеќе удолници темпото ми беше многу побрзо, отколку на враќање (но и на враќање минимална си беше 120, освен кадешто е забрането/работа на пат/камери итн).

Затоа и напишав погоре за измешаните чувства кон моторот. Мал е, клокоти, брмчи... Но кога треба забрзува, полни обртомер, во трета брзина е најагресивен и на локални/регионални патишта е сосема доволен. На автопат за оддржување брзина е исто добар и економичен. Но, нерафинираноста, звукот и потребата да го држиш во одреден ранг на вртежи за да биде адекватен на ситуацијата е малце заморно. Но, сепак е турбо бензин. Минијатурен турбо бензин. Но, подобар од 1.6 дизељ во Голф 7/1.4 во Тојота тракторчето кое што го возев.

Најинтересниот дел: Потрошувачка. Колку ми трошеше на автопат, толку ми трошеше и градска.  Океј, на автопат можеби беше за 200-300мл пониска/повисока. Ќе го оставам мистерија. Ама се врти од 5-5.5л комбинирано. За мене прифатливо. Да беше дизел сигурно ќе беше 4-4.5л комбинирано.
Конкренто за колава, од првиот километар до денес потрошувачката беше 6.6 литри (според инфотејнмент системот). Но, откако ќе се разработи моторчето, сигурно ќе падне и ќе се стабилизира околу 5 литри.

Еве една слика од денешното возење низ град.



Накратко:
Дали би ја купил за основно возило? Не.
Дали би ја купил за второ возило? Прво ќе пробам од најновата Фиеста. Ако е исто добра како и претходната, Не.
Ако треба да бирам помеѓу 1.6 дизел/1.0 турбо бензин? Ќе го земам бензинецот.

Тоа е накратко моето дружење со Полото.
« Последно менување: 03 Февруари 2018, 21:02:40 pm Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #1 на: 03 Февруари 2018, 21:01:28 pm »
Одличен тест! Прилично добро е склопено од ова што го гледам на сликиве, али јас маливе коли како Поло/Ибица со 1.5 тси би ги земал. не би требало да има голема разлика во потрошувачката при нормално возење, а ќе имаш многу помоќен мотор. Ако те разбрав добро за потрошувачката, 6.6 е солидна за градски услови и неразработен мотор.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #2 на: 03 Февруари 2018, 21:38:38 pm »
Хејтер :P

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #3 на: 03 Февруари 2018, 21:55:14 pm »
Super revju :-)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #4 на: 03 Февруари 2018, 22:56:09 pm »
Одлично доловено, браво.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #5 на: 03 Февруари 2018, 23:32:42 pm »
Што имаше на попус у Алди? :D

Вака кога ке ја разгледаш колава, и не е така лоша. За жена треба некоја најнебезбедна, оваа има доста безбедносна опрема, така да и за неа не е. Едино за службена, мислам дека би била одлична за низ Македонијава која уздуш и попреку е 200 км.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #6 на: 03 Февруари 2018, 23:43:54 pm »
Ограничувач на брзина или темпомат?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #7 на: 04 Февруари 2018, 09:23:38 am »
Хејтер :P
Да беше БМВ и да имаше маани и на него ќе му ги напишев.

@SaleSk Имаше свински коленици на акција, ама не си купив.  :D Инаку полото воопшто не е лошо. Но не е и најдобро. И да, одлична би била за службена кола за во држави како Македонија.

@DarthJe5us Ограничувач беше, ама не го пробав. Во град и онака возам релативно бавно, а на отворено најчесто нема ограничување.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #8 на: 04 Февруари 2018, 09:49:06 am »
Хејтер :P
Да беше БМВ и да имаше маани и на него ќе му ги напишев.
И Латас викаше дека е објективен новинар :D :D



ваљда не ме сфаќаш озбиљно?!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #9 на: 04 Февруари 2018, 09:54:11 am »
....
И Латас викаше дека е објективен новинар :D :D

Кога го спомна Латас, некни и тој беше на истиот лет до Келн што ме заеба за да изнајмувам Поло. И тоа помина на пасошката контрола за ЕУ граѓани. Прашањето е дали има бугарски или хрватски пасош. ;D ;D

пс. Знам дека си духовит.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #10 на: 04 Февруари 2018, 10:02:30 am »
Ајде, офтопиков да го завршиме: Па сигурно на европскиот ќе помине, македонскиот пасош (нон еу) му е задржан од судот :D

Туку, добоши викаш а? За 15.000 почетна цена... Фино, фино...



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #11 на: 04 Февруари 2018, 10:19:50 am »
Туку, добоши викаш а? За 15.000 почетна цена... Фино, фино...

Ах да, тоа не го напишав во тестот. Да, на толку опрема, имаше и добоши позади. Не изгледаат убаво, и не знам какви кочиони карактеристики имаат, затоа што не ги тестирав. Ама сигурно со дискови позади би кочеле подобро.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #12 на: 04 Февруари 2018, 10:22:23 am »
Моето од 2003 имаше дискови назад, ова со добошите мислев дека само кај опел го има

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #13 на: 04 Февруари 2018, 10:27:14 am »
Колку разлика прави што е саглам опремено во однос на фрижидерчето што го возевме ние.

Се согласувам околу три-цилиндерците. Сите се такви - со турбо брка работа, и сосема е доволно моторчето за таа кола, ама скоро сите звучат као фен на кец и го имаат оноа типичното вибрирање што не може скроз да се елиминира.

Не сум возел саглам-опремено Поло за да споредам со Фиестата што ја возевме, али overall многу ми се подобри впечатоците од Фиестата, баш заради подобрата опрема и подобриот мотор во однос на Полото. Кај сите коли од оваа класа го имаш оној моментот со крути пластики на вратите - само кај некои е поизразено, кај некои помалку. На пример, Kia Rio / Stonic имаат меѓу најкрутите пластики во класата. Кај Поло / Фиеста се мноооогу подобри.

За добошите.. Шта речи, коју поруку послати.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #14 на: 04 Февруари 2018, 11:24:05 am »
Чекајте бе љуѓе. Сакате дискови позади, а цената да е најниска можна. Не оди едно со друго, а и не гледам причина зошто би биле потребни дискови позади.... Веројатно некој направил анализа пред да ги вгради. Првично заради исплатливост, односно економска оправданост, а второ штом се вградени ги задоволуваат сите нивоа на безбедност, ако гледаме во таа насока, и плус се разбира функционалност.
Мене на пример многу повеќе ми смета пластика одколку тоа што нема дискови.
Јас за разликата у цена би ги истапацирал вратите со најефтин скај, барем во првите две години да делува попремиум. Одколку да ставам дискови со кои кочењето ке биде многу малку различно...

Само дај немој после ова да ми кажете дека трагот на кочење ке се намали со дискови за еден метар, а тоа значи живот на човек.
Зошто ако тргнеме да дебатираме, онадк ке кажам дека овој сегмент на коли доаѓа со Нексен гуми. Пошто тука сме хејтери (зборам глоблно на форумов на нексен) ке речеме дека треба за овие услови ТС860 и се до бескрај, кога цената на полото за нашите критериуми ке ја качиме до 25к евра... и така.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.