Одлична рецензија.
Откако ја прочитав рецензијата, отворено се прашувам:
1. Зашто покрај 1.0ТСИ мотор, ВФ одлучува во понуда да пушти 1.0 атмосферец со 75 коња?
За мене е целосно неоправдано и сосема погрешен потег, и ако одговорот е "поефтина е колата ако е со атмосферец" тогаш тоа е тотална глупост.
Секое добро, производ кое се произведува во огромни серии, има ниска продажна вредност со цел масовното, сериско производство да биде рентабилно.
Ако ВФ продаде Х возила со 1.0 атмо и У возила со 1.0ТСИ, тогаш вкупната продажба Х+У може да биде во полза на ТСИ моторот, ако едноставно 1.0 атмосферецот не го нудиш воопшто.
Дополнителен импулс во продажбата ќе биде тоа што сите што ќе купат 1.0ТСИ што инаку би купиле атмосферец, нема да бидат надркани затоа што колата и моторот им се ѓубре.
Па намсесто да продадеш Х атмосферци, ќе продадеш Х+У ТСИ мотори со тоа што таквата продажба со сигурност би била повисока за 20% затоа што едноставно цената ќе го овозможи тоа бидејќи истата ќе биде пониска заради поголемата серија на производство.
Однапред знам, а и секој од вас знае дека изговорот "1.0 атмо трпи плин", е тотална глупост, затоа што ако ставиш на 1.0 атмо плин, и го впрегнеш во 1 тон кола, резултатот е опасен за учество во собраќај.
Имам возено 1.0 Екобуст во Форд Фиеста и Форд Фокус. Споредено со 1.4 атмо што го имам во истата Фиеста, разликата е фрапантно неспоредлива.
Ако веќе авто индустријата пробива да ги сегментира понудите, најпрактично ќе биде во случајов со полово да понуди:
1.4 атмо со фабрички плин, 1.0ТСИ со 75, 105 коња, 1.6ТДИ со 90 коња, и ГТИ модел кој што ќе биде ѕверски спакуван.
Ете ти производ што ќе се троши, ете ти избор за секого. Производството е поефтино, понудата е подиректна, потрошувачите по задоволни.