Автор Тема: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline  (Прочитано 25326 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« на: 20 Декември 2017, 12:34:25 pm »






http://www.carclub.mk/2017/12/20/test-volkswagen-polo-1-0-75-comfortline-maliot-gradski-avtomobil-porasna/

Полце. Баш тоа што очекував да биде - солидно, стокмено, додуше скапичко (ама па секогаш било).

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #1 на: 20 Декември 2017, 12:41:28 pm »
Викаш скапичко а? :)
15 бона а гумен волан и раткапна...... ја би друг бренд во тој ценовен ранг :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #2 на: 20 Декември 2017, 12:44:49 pm »
У принцип, цената избегавам да ја коментирам. Да, скапичко е, но тоа се каталошки цени. Во реалноста, цените се сосема други.

Нејсе, се надевам дека и оваа дискусија нема да истера во насоката „ама јас за тие пари би..“ или „знаеш ли каков Мерцедес од Германија ќе купам“.

Едит: Субјективно, јас Полото веќе не го гледам како Поло, со оглед на тоа колкаво е станато. Јас би го гледал како.. Што знам, можеби не Голф, но ете.. Големо е.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #3 на: 20 Декември 2017, 12:51:08 pm »
Како се покажа 1.0 атмосферецот со 75 коња?

Тромав до бесвест?

Седнавте 4 души во кола за да проверите забрзување?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #4 на: 20 Декември 2017, 12:54:42 pm »
Цакум пакум, само соголено до гола кожа.

Да е стегнато како што треба со пристојна опрема, и со 1.0 TSI 115ks очекувам да е одлично. Прелесен куплунг, стабилно, фино, мењач врв... Џам.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #5 на: 20 Декември 2017, 12:55:55 pm »
У принцип, цената избегавам да ја коментирам. Да, скапичко е, но тоа се каталошки цени. Во реалноста, цените се сосема други.

Нејсе, се надевам дека и оваа дискусија нема да истера во насоката „ама јас за тие пари би..“ или „знаеш ли каков Мерцедес од Германија ќе купам“.

Едит: Субјективно, јас Полото веќе не го гледам како Поло, со оглед на тоа колкаво е станато. Јас би го гледал како.. Што знам, можеби не Голф, но ете.. Големо е.

Еве да те надополнам, читав дека димензиите на новото поло се исти ко на Гољф 4, вака визуелно да имаме претстава.
Пак ќе кажам, во тој ценовен ранг е НЕДОПУСТЛОВО гумен волан и раткапна. А од сликиве гледам дека нема ни лед светла, барем задните да беа такви.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #6 на: 20 Декември 2017, 12:59:57 pm »
Па па па па па, грми Полово.
Дефинитивно за мала градска кола, ова би бил мојот избор. Инаку моторот во Голф 7-ца, кој го купи еден мој близок другар е драма. Само незнам кога ке почне правата драма. Со оглед на тоа дека се нови мотори, ке оставиме времето да покаже. Веројатно ке јават некој детски болести, но...


Офтопик:
Инаку гледам зборот "Нејсе" многу често се користи во последниве година и скоро, па ме интересира од каде влече корени и врз кои постулати е поставен.
@zeroSignal релативно често го користиш, па да прашам, не за другар, јас се интересирам :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #7 на: 20 Декември 2017, 13:01:55 pm »
Ибицата за 1000 евра плус во ФР изведба со 1.0 тси се добива, не малце малце повеќе ја утнале цената

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #8 на: 20 Декември 2017, 13:05:28 pm »
Како се покажа 1.0 атмосферецот со 75 коња?

Тромав до бесвест?

Седнавте 4 души во кола за да проверите забрзување?

Реално, тромавичок е. Ако го држиш на повисоки вртежи, колку-толку има океј перформанси, ама да не се лажеме - не е ракета. За градски потреби и градско возење е сосема океј, и не „каскаш“ со него по улици, ама искрено - јас би земал некој друг мотор. Ако ништо друго. 1.0 TSI 90 како во Ибицата - џам.

Па па па па па, грми Полово.
Дефинитивно за мала градска кола, ова би бил мојот избор. Инаку моторот во Голф 7-ца, кој го купи еден мој близок другар е драма. Само незнам кога ке почне правата драма. Со оглед на тоа дека се нови мотори, ке оставиме времето да покаже. Веројатно ке јават некој детски болести, но...


Офтопик:
Инаку гледам зборот "Нејсе" многу често се користи во последниве година и скоро, па ме интересира од каде влече корени и врз кои постулати е поставен.
@zeroSignal релативно често го користиш, па да прашам, не за другар, јас се интересирам :D

Финтата е дека е веќе довоолно големо да не е само „градско количе“, него функционира и на отворено. Доволно простор, доволно големо багажниче ако ти треба за на одмор, вамте-тамте, а и се забележува дека е фино и стабилно и на повисоки брзини.

За „нејсе“. Изгледа зборот има турско потекло.

Ибицата за 1000 евра плус во ФР изведба со 1.0 тси се добива, не малце малце повеќе ја утнале цената

Секогаш ќе постои хиерархија меѓу брендовите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #9 на: 20 Декември 2017, 13:07:20 pm »
Офтопик:
Инаку гледам зборот "Нејсе" многу често се користи во последниве година и скоро, па ме интересира од каде влече корени и врз кои постулати е поставен.
@zeroSignal релативно често го користиш, па да прашам, не за другар, јас се интересирам :D

Од овде: https://translate.google.com/?oe=utf-8&client=firefox-b&um=1&ie=UTF-8&hl=en&client=tw-ob#auto/en/ne%20ise

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #10 на: 20 Декември 2017, 13:12:26 pm »
Како се покажа 1.0 атмосферецот со 75 коња?

Тромав до бесвест?

Седнавте 4 души во кола за да проверите забрзување?

Според забрзувањето од скоро 15 секунди и според моето искуство што возам кола со исто забрзување за низ град у гужви е топ, за престигнување ќе си чекаш прав пат ако не ќе си возиш позади некој бидејќи и треба мн време за да престигнеш. Успон некој голем ќе ги симнеш другите, ќе се качиш и ќе ги почекаш да те стигнат, незнам кој би земал нова кола со таков мотор

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #11 на: 20 Декември 2017, 13:42:22 pm »
Проблемот во овој мотор е што има видно малку вртежен момент. Моето возило е со 112Nm, ова има 95Nm и рецимо 100кг плус. Значи новово можда може да убрза ако го искорнеш до бесвест. Ама во оној дел во кој ја користиш колата нормално околу 2000-3000 обртаи овој мотор воопшто не е доволен за ова возило. Едноставно неможе да постигне, цело време треба да шалташ нагоре надоле за да постигнеш економија и некое нормално забрзување.

Кај ова возило мора да се оди на минимум 130Nm за да може да се движи нормално во сообраќајот. Ако споредиме со 1.0 тси ќе рече просечен корисник е де нема да се тркам, само 20кс повеќе има 1.0тси 95кс. Да, има само 20кс повеќе. Што е најнебитниот параметар. Битното е дека има 2 пати повеќе вртежен момент 175Nm, наспрема 95. Забрзувањата во било која брзина се ДВОЈНО побрзи. И понормални. Тука може да видиме UP со тој мотор наспрема Ибица со 1.0тси 95кс. Тука. Во живо е и пострашно. Разликата не е возможно да е поголема.

Незнам која е разликата во цена и што е поентата, веројатно да остане овој мотор за плин да му се става, ама ова не е ве ред. Значи сериозно проблемот кај колава воопшто не е гумен волан или незнам таму затемнети стакла или раткапни. Проблем се тие 95Nm кои не се доволни за Голф 4. Имаше и теми на времето за 1.4 атмосферците дали се доволни за Астра/Голф/Меган/Штознам. Епа коливе како Поло ја стигнаа димензијата на Голф 4, ама сега не се со 1.4 130NM туку се со 1.0 95Nm. Што не е во ред. Навистина не е ова во ред. Треба да се преиспита било кој што ќе помисли на овој мотор во оваа кола.

Не.
« Последно менување: 20 Декември 2017, 13:52:42 pm Deni »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #12 на: 20 Декември 2017, 14:01:29 pm »
Треба уште барем 5000 да ги офука чоек за да заличи колку-толку на кола. Вака е пајтон и на ништо не личи.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #13 на: 20 Декември 2017, 14:05:41 pm »
Не баш. Според ценовникот, Polo 1.0 TSI 115 Highline е 16.944 евра. Да оди човек со мотор чекор подоле, и да земе Polo 1.0 TSI 95 Highline, цената му е 15.866 евра.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #14 на: 20 Декември 2017, 14:44:50 pm »
Викаш дека за само 191 евро ќе го напраат да личи на кола (бандаж, кожен волан итн...)? Или ептен го осиромашиле Highline?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.