Абе види ако ја немале колата на лагер они нема да ја нарачуват и носат специјално за тебе. Ќе присоберат 5-6 понуди и тек тогаш нарачуваат и после носат со шлепер. Јебига.
Баш тоа и беше договорот, со следната порачка некаде за 3 месеци да ја донесат колата, но ни тоа очигледно не им одговараше. Небитно да не ја должам приказната, очајно искуство со КИА. Секој со својата приказна очигледно.
За разлика од кај нив во VW односот беше одличен. Уште од кога влегов бидејќи немаше слободен презентер ми пристапи ни помалку ни повеќе туку бренд менаџерот да ми ги презентира возилата. Односот воопшто не беше надмен, напротив дури и прифаќаше сугестии /критики за готовите комбинации опрема што се на лагер / нарачани дали и што би додал или исфрлил (веројатно целна група за продажба на Полото им се помлади па ги интерсира фидбекот).
Како и да е ме дочекаа КАКО ЧОВЕК, одговорија на сите поставени прашања, беа достапни за било каква комуникација, за помош при конфигурирање на возило, креирање на понуда, беа достапни на телефон и не глумеа лудило како горенаведените од КИА.
А главен муабет на КИА им беше па знаеш тие се VW голема корпорација позади нив стојат големи пари, банки... Човек, ништо од тоа не е побитно од она КАКО ГО ТРЕТИРАШ купувачот кој дошол да ти укаже доверба и да ти даде тебе 15к+ евра. Јас нигде не отидов да барам милостиња, но се додека ги третираат купувачите како ѓубре нема ни да им расне брендот, угледот и продажбата. Тоа мора да го сфатат.