Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 78651 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #135 на: 24 Декември 2021, 20:44:03 pm »
Во поглед на финансирање нема никаква разлика помеѓу лизинг и автокредит.
Учество, рати, камати, нотари, каско, се е исто.
Барем да имаше некој процент пониска камата кај лизингот.

Лизингот има пониска камата однего да земеш потрошувачки кредит и да ги фукнеш парите за кола.

Да, ама има еден плус, колата е одма на твое име.
Без жиранти ако сакаш кредит максималниот месечен износ на ратата не смее да надмине 30% од нето платата,  под услов да примаш плата во банката и фирмата во која што работиш да е прифатлива за банката.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #136 на: 24 Декември 2021, 20:45:53 pm »
Јас сеа плаќам 5% камата и кога ја земав колата беше најповолна понуда од Порше.

Најповолна бидејќи имав гратис Каско и регистрација, а тоа е доста значајно.

Што се однесува за компликација? Најлесен кредит во животот што сум зел.

Буквално дали беа 5 документи и пола саат со нотар во Порше да потпишеме.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #137 на: 24 Декември 2021, 21:32:29 pm »
Дали кредит, твои пари, лизинг... не е битно, салонот ги добива сите пари наеднаш, задолжително преку сметка... и обично нема никаква улога за добивање дополнителен попуст.

Како најповолно, секој сам си ја прави математиката.
Јас за шкодата, наједноставно и најбрзо и најповолно (5.2 камата, без нотари, трошоци, адвокати, хипотеки....) ми беше во моментот со потрошувачки кредит, а дел од заштеда. Со НЛБ завршив работа буквално за помалку од 1 саат, однесов само потврди за вработување и плата, додека ми ги изработија документите, пред да излезам од таму, парите веќе ми беа на сметка.
Каско не беше задолжително, ама jaс си плаќам, за мирна глава...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #138 на: 24 Декември 2021, 21:47:29 pm »
Значи не битно дали е на лизинг или на кредит купено возилото, ти плаќаш рати со камата во двата случаја.
Во случајот лизинг колата е на туѓа сопственост додека не ја исплатиш, со кредит е на банката додека не ја исплатиш.
Откако ќе ја исплатиш може на мое име да се префрли, добро разбрав читајќи ја темава, или не?

Не мора да значи дека колата е на банката ако ја земеш на кредит. Ти зимаш кредит, банката ти ги префлува парите, ти си купуваш кола и колата е на твое име. Ратите си ги плаќаш редовно.

Ако е на лизинг - да, колата е на лизинг компанијата. Еден клуч останува кај нив, еден клуч е кај тебе. Ти издава полномошно за возење (и полномошно за возење во странство), итн. Нијанса се покомплицирани работите, ама ништо страшно. Скоро секогаш имаш обврска за некакво каско-осигурување.

Како што спомна Дени, кога се зема кола на лизинг, обично се гледа да можеш да имаш што е можно поголемо учество, за ратите и каматата да бидат помали. Сумата која ќе ја земеш на лизинг е вкупната цена на колата минус учеството. Ако цената е 20.000 Евра, а ти имаш учество од 10.000 Евра, лизингот е на 10.000 Евра и каматите ќе бидат на 10.000 Евра. Барем колку што јас ги разбирам работите. На таа сума ќе ти пресметаат камата и каматата ќе ти ја наплатат во првите рати - исто како кредит.

Да, по исплатата си се префрла колата на твое име, или ако сакаш ја користиш како учество за следниот лизинг. Си го продолжуваш лизингот (рекалкулиран, секако) и си земаш нова кола. Така цела Европа вози нови коли на 5 години.

Да го искоментирам болдираново. Зашто тогаш би се зезал со лизинг, кога можеш тие останати 10К да си земеш потрошувачки кредит и колата да е твоја без дополнителни замарања со полномошно и сл?
Тука во Германија барем, како што разбрав при лизинг, ти ја плаќаш амортизацијата на возилото у принцип. Да речеме зимаш нов голф, кошта 25К, лизинг без учество на 4 години рата 250 еур за 10К годишно рецимо (бројките се произволни). Значи, за 4 години ќе платиш 12К. После 48 месеци, имаш опција да ја откупиш колата за остаточна сума која обично уште на почеток се дефинира, или ја враќаш и тоа е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #139 на: 24 Декември 2021, 21:49:15 pm »

За да немаш жиранти обично. Или за да не ти треба втор кредит.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #140 на: 24 Декември 2021, 21:50:52 pm »
@Deni  искрено, мене лично ми нема поента, зашто секако ти е трошок. А ако имаш доволни примања, ќе си земеш кредит без проблем, макар и втор, трет у ист момент.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #141 на: 24 Декември 2021, 22:05:32 pm »
Во странство обично колите ги земаат на оперативен лизинг.
Колата не е твоја, ја изнајмуваш (да речеме 3 години) од лизинг куќа.
Немаш учество, имаш фиксна месечна рата и трошоци за гориво и толку. Во месечната рата се вкалкулирани и сервисот, осигурувањето, поправки, зимски/летен сет, регистрација.... се.
После истек на лизингот викаш чао, ја враќаш колата и си бираш нова кола.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #142 на: 24 Декември 2021, 22:59:55 pm »
Единствената предност на лизингот е полесна документација, фиксна камата, нема потреба од жиранти и тоа дека по 5 години можеш да ја си ја оставиш како учество за нова.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #143 на: 24 Декември 2021, 23:13:14 pm »
Да ја оставиш како учество за нова и не е некоја предност.

Отсутен Bzn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #144 на: 07 Февруари 2022, 19:44:57 pm »
Дали има некој искуство со оперативен лизинг за физички лица, како одат отприлика месечните рати, чиј е товарот за одржување, сервисирање, осигурување итн? И дали знаете некој друг освен Порше Македонија да ја нуди оваа услуга?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #145 на: 07 Февруари 2022, 19:48:52 pm »
Дали има некој искуство со оперативен лизинг за физички лица, како одат отприлика месечните рати, чиј е товарот за одржување, сервисирање, осигурување итн? И дали знаете некој друг освен Порше Македонија да ја нуди оваа услуга?

Земи понуди од порше лизинг и од шпаркасе лизинг.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #146 на: 08 Февруари 2022, 11:54:27 am »
Sparkasse имаш лизинг.  Последно што знам беше 4.5%.

Порше ти даваат гратис Каско и прва регистрација  што би било околу (сеа ова зависи од моделот) 500 евра гратис.
Ако Порше уште нудат 4.9/5% тогаш малтене повеќе се исплаќа Порше.

Што и да земеш исто ти е.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1538
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #147 на: 08 Февруари 2022, 19:51:45 pm »
Дали има некој искуство со оперативен лизинг за физички лица, како одат отприлика месечните рати, чиј е товарот за одржување, сервисирање, осигурување итн? И дали знаете некој друг освен Порше Македонија да ја нуди оваа услуга?

Не за оперативен лизинг во Македонија... Смешно блесаво беше калкулацијата кога правев за мене, можеби нешто се сменило но не верувам. За една или две коли само финансиски лизинг, дури и за правни лица...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #148 на: 09 Февруари 2022, 09:38:53 am »
Ау јас сеа прочитав оперативен барал.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #149 на: 12 Август 2022, 19:41:24 pm »
Дали е ограничено колку може да биде твоето учество при купување на кола во лизинг?