Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 73985 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29856
    • CARclub.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #90 на: 09 Септември 2020, 15:17:56 pm »
Ти останува една рата за да ја отплатиш (200 евра)?
Компанијата ќе си земе 200, остатокот ќе ти го префрлат тебе.
Барем така ми имаа објаснето кога имав земено автомобилски кредит...

Хм, и ова е логично.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #91 на: 09 Септември 2020, 15:22:16 pm »
Искрено, не гледам некоја драстична разлика меѓу лизинг и автомобилски кредит.

И во двата случаи се плаќаат рати, каско, итн

Кај ауто кредитот се става во залог возилото за да може банката да си наплати во случај на сообраќајка, неуплатување на рати...


Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 411
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #92 на: 09 Септември 2020, 16:07:03 pm »
Искрено, не гледам некоја драстична разлика меѓу лизинг и автомобилски кредит.

И во двата случаи се плаќаат рати, каско, итн

Кај ауто кредитот се става во залог возилото за да може банката да си наплати во случај на сообраќајка, неуплатување на рати...



Да, ама што ако на банката и должам уште 6000 евра, а каското ми ја процени пазарната вредност на колата на 8000, а касkото ми е винкулирано на банката заради нивна покриеност?

Банката ќе лапне 8000, а јас ќе останам со прстот во уста?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6515
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #93 на: 09 Септември 2020, 16:09:36 pm »
Ти добиваш на сметка 8000 евра, пушташ 6000 на банката а со останатите 2000 со прстот у уста.

Отсутен Majstoriste

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #94 на: 09 Септември 2020, 20:41:34 pm »
Искрено, не гледам некоја драстична разлика меѓу лизинг и автомобилски кредит.

И во двата случаи се плаќаат рати, каско, итн

Кај ауто кредитот се става во залог возилото за да може банката да си наплати во случај на сообраќајка, неуплатување на рати...



Да, ама што ако на банката и должам уште 6000 евра, а каското ми ја процени пазарната вредност на колата на 8000, а касkото ми е винкулирано на банката заради нивна покриеност?

Банката ќе лапне 8000, а јас ќе останам со прстот во уста?
Кога се потпишува винкулација, се пренесува правото на банката да наплати од осигурителната команија. Во овој случај банката ќе наплати од осигурување 8000, ќе си го порамни побарувањето од 6000 и ќе ти ги префрли останатите 2000. 

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9150
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #95 на: 10 Септември 2020, 08:05:26 am »
Значи кеш си е кеш :)

Има и друга опција. Потрошувачки кредит. Некогаш знаат да имаат промоции и каматата да е иста со автомобилски.

Ни нотари ни ништо чиста работа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6515
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #96 на: 10 Септември 2020, 08:13:29 am »
Што значи во примеров кеш си е кеш?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1867
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #97 на: 10 Септември 2020, 09:12:16 am »
Гледај го лизингот како долгорочно рентање на колата. Ти не си сопственик. Ти ја изнајмуваш колата. Соодветно на тоа, ако колата е тоталка, нема ти да добиеш пари, ќе добие лизинг компанијата. Нејзина е колата, она само ти ја рентала.

Барем јас така ги контам работите. Ако грешам, слободно поправете ме. @kalimero ?

Ако редовно се плаќани ратите лизинг компаниите не прават проблем никогаш.
Ако се доцни со плаќање или пак ратите воопшто не се плаќаат извесен период а во меѓувреме има делумна штета, тогаш лизингот си ги зима парите од каското за да покрие дел или цел долг, колата може и понатака да си остане кај сопственикот па он како сака нека си ја прави или нека не ја прави ама нека плаќа рати.
Кога се збори за тоталка, никој не спомна дека не се зимаат сите пари колку што кошта колата во тој момент, туку секогаш има остаточна вредност, значи некогаш може да е куп железо а некогаш може да е и кола која вози нормално ама поради испукано едно воздушно, напукнати држачи (не скршени) на ксенон или лед фарови и поима немам нефункционална камера некоја напред да е економски неисплатливо да се поправа колата исто се смета за тоталка како купот железо претходно што го спомнав. Лизингот може да си земе дел од парите ама да ти ја остави колата.
Кај тоталка СЕКОГАШ има 30-40% остаточна вредност тоа не го заборавајте во пресметките.

И на крај секоја ситуација е различна, во принцип лизинг комапниите им одговара да се продолжи да им се плаќаат рати а не да се наплатат наеднаш од каското, затоа најчесто се прилично флексибилни.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9150
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #98 на: 10 Септември 2020, 10:22:54 am »
Што значи во примеров кеш си е кеш?

Во смисол ако имаш пари да платиш возилото е твое, за во недај боже ситуација со осигурување, лизинг или банка па колку  речено тогаш па зошто, па колку ќе земам јас колку банката итн итн итн..


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6515
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #99 на: 10 Септември 2020, 10:42:12 am »
Напротив, све е убаво измислено и напишано и се знае каква е процедурата.

Моето возило е под финансов лизинг, јас ако сакам утре можам да го продадам, ја известувам банката и остатокот што и го должам им го плаќам.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9150
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #100 на: 10 Септември 2020, 10:48:35 am »
Во друга насока одиш, ама генерално си има предности и едно и друго.

Јас 2 пати користам опција потрошувачки кредит и ми изгледа многу по едноставно.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #101 на: 10 Септември 2020, 16:57:33 pm »
Ти добиваш на сметка 8000 евра, пушташ 6000 на банката а со останатите 2000 со прстот у уста.
Ти не добиваш ништо. Парите од осигурителната компанија прво одат кај банката па после банката ти ги префрла тебе. Дури пред да ти ги префрлат парите праќаат сопствен проценител да ја процени штетата. Уосталом затоа и е винкулацијата

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #102 на: 10 Септември 2020, 16:58:50 pm »
Значи кеш си е кеш :)

Има и друга опција. Потрошувачки кредит. Некогаш знаат да имаат промоции и каматата да е иста со автомобилски.

Ни нотари ни ништо чиста работа.

Јап, атак направив последниот пат.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6515
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #103 на: 10 Септември 2020, 17:10:11 pm »
Ти добиваш на сметка 8000 евра, пушташ 6000 на банката а со останатите 2000 со прстот у уста.
Ти не добиваш ништо. Парите од осигурителната компанија прво одат кај банката па после банката ти ги префрла тебе. Дури пред да ти ги префрлат парите праќаат сопствен проценител да ја процени штетата. Уосталом затоа и е винкулацијата
Тоа може е така според твое искуство. Според моето и тоа што пишува во договорот нормално дека парите во случај на тоталка мене ќе ми легнат и после раздужувам на банката тоа што и го должам. Во секој случај, тие 2000 евра разлика се секако твои.

1.95% мене ми е камата ОК не е МК ама и таму гледам каматите за лизинг се околу 3-5% а за потрошувачки кредит минимум 7%. Особено што потрошувачки кредит има лимит докај десетина илјади евра.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #104 на: 10 Септември 2020, 17:22:05 pm »
Јас имав поприлична штета со Џамперот, нов нецели 2 години, се истегнав околу 150-160.000ден во Автонова, осигурањето ги префрли парите во НЛБ и чекав нивни проценители и и процедура месец-месец и пол дена и тек тогаш НЛБ ми ги врати парите