Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 75172 пати)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #75 на: 02 Јули 2019, 02:22:19 am »
Вака од ракав кога се фрлаат со бројки....какви 7.000 евра во камата човече. Каматна стапка во нормални држави за НОВ автомобил е од 0.9% до 2.5%. И не мешајте поими кредит и лизинг, зошто каматата е различна и незнам дали воопшто можеш да купиш нов автомобил на кредит.

1060 евра во камата за 5 години. Значи се 21.000 не 27.000 евра. И тука стави 300 евра + за договорот како додатни трошоци и ќе дојде 1500 евра.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Во нормални држави.

Еве ти пример за Golf 1.6 TDI - цената му е 16.950 евра. Лизинг рата 199 евра со учество од 30%, каматна стапка од 5.5% и отплата на 72 рати.

30% - 5085 евра.
72 х 199 - 14.328

Вкупно - 19.413. :/


@zeroSignal  За година ипол рипнала ценава за 1500 еу :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29935
    • CARclub.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #76 на: 02 Јули 2019, 08:54:53 am »
@malinamamun - Голф е ко недвижнина, му расте цена. Ја затоа мојот кај и да е ќе го огласам за 48.000 евра (колку што и реално вреди), па ко воли - нек изволи! :D

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #77 на: 02 Јули 2019, 21:36:36 pm »
Бидејќи најубо е кога се зборува со факти, јас да си го кажам мојот случај. За инсигнијата, чија продажна цена е точно 20 К, јас за лизинг преку Шпаркасе, уплатив околу 4400 евра учество (се плаќа цел ддв на почеток, 3% од цената и некои административни трошоци). Другото е на 72 рати. На крај излегува дека околу 3700 евра е каматата за целиот период. Во ЕУ ова ќе биде барем на пола, ама тоа е. Ама ние сме држава во која се што се правело во изминативе 28 години е за да им се угоди на политичари, функционери, криминалци и олигарси, а ние обичната раја тоа го покриваме. Знам дека не е коректно од моја страна да мешам политика на форум за автомобили, се извинувам за тоа, ама во контекст со каматните стапки ми е муабетот.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #78 на: 02 Јули 2019, 23:06:07 pm »
Бидејќи најубо е кога се зборува со факти, јас да си го кажам мојот случај. За инсигнијата, чија продажна цена е точно 20 К, јас за лизинг преку Шпаркасе, уплатив околу 4400 евра учество (се плаќа цел ддв на почеток, 3% од цената и некои административни трошоци). Другото е на 72 рати. На крај излегува дека околу 3700 евра е каматата за целиот период. Во ЕУ ова ќе биде барем на пола, ама тоа е. Ама ние сме држава во која се што се правело во изминативе 28 години е за да им се угоди на политичари, функционери, криминалци и олигарси, а ние обичната раја тоа го покриваме. Знам дека не е коректно од моја страна да мешам политика на форум за автомобили, се извинувам за тоа, ама во контекст со каматните стапки ми е муабетот.

Нема ништо не коректно, политиката ги крои случувањата во сите сфери, и слободно треба да се дискутира. За жал банките во МК профитираат дебело,  државата работи во нивни интерес.

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #79 на: 09 Септември 2020, 10:57:54 am »
темава е доста стара но иако ги исчитав сите мислења не ми се разјасни едно нешто а е секако поврзано со лизингот,

а прашањето е следно: што во случај на сообраќајка во која колата би била "тоталка" разбирам дека е задолжително каско осигурувањето но тоа е во корист на лизинг компанијата и што би се случувало понатаму откако ќе си наплатат, ќе ме обезбедат со друго возило или они ќе си бидат со парите од осигурувањето, ратите и учеството а јас ќе си останам само со прстот во уста?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #80 на: 09 Септември 2020, 11:30:18 am »
Нема да останеш со прстот во уста. Ослободен си од сите обврски (рати за отплата) и ќе си земеш повторно ново возило,

Или поинаку кажано, ратите што си ги исплатил сметај ги во сооднос со намалената вредност на возилото соодветно на староста.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 411
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #81 на: 09 Септември 2020, 12:18:51 pm »
Или поинаку кажано, ратите што си ги исплатил сметај ги во сооднос со намалената вредност на возилото соодветно на староста.

И учеството? Прилично голем прст во уста е тоа....

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #82 на: 09 Септември 2020, 12:20:45 pm »
Valjda vo dogovor za lizing ima opishano shta bi bilo kad bi bilo..

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6533
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #83 на: 09 Септември 2020, 12:28:55 pm »
Нема никаква разлика ако сте дале 20.000 од свој џеб за нова кола или лизинг, а е каско осигурана. Ако е тоталка ќе ви дадат според пазарната вредност пари и тоа е тоа.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 411
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #84 на: 09 Септември 2020, 14:57:44 pm »
Ако е тоталка ќе ви дадат според пазарната вредност пари и тоа е тоа.

Како се одредува пазарна вредност? И дали ако осигурителната ни ја исплати оваа вредност по основ на каско, имаме ли право да бараме пари од тој што не оштетил?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #85 на: 09 Септември 2020, 15:07:54 pm »
Купуваш кола за 10.000.
Даваш учество, плаќаш рати, ја купуваш кеш, сеедно.
По една/две години се случува сообраќајка тоталка.
Не може да очекуваш дека некој ќе ти исплати 10.000 за повторно да си ја купиш истата кола која ќе биде дефакто 2 години понова.
Ќе ти исплатат рецимо 8.000 со кои теоретски би си ја купил истата кола на старо која е две години стара.

Впрочем, и да не е во прашање сообраќајка туку едноставно решиш да ја продадеш, ќе и земеш 8.000 со кои ќе треба да го покриеш кредитот и повторно ќе останеш со прстот во уста :)

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #86 на: 09 Септември 2020, 15:09:10 pm »
Нема никаква разлика ако сте дале 20.000 од свој џеб за нова кола или лизинг, а е каско осигурана. Ако е тоталка ќе ви дадат според пазарната вредност пари и тоа е тоа.

е како нема разлика?

на лизин компанијата ќе им ја исплатат штетата и они си се обезбедени а јас останувам и без возило и без пари пр. 20% од 20К е 4К учество плус 4-5 години ако сум плаќал рати и сум при крај со исплатата и останувам и без пари и без возило а сум плаќал каско сите години дури ако не е потполно и во оваа мака ќе треба да финансирам 2-500 евра  >:(

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29935
    • CARclub.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #87 на: 09 Септември 2020, 15:12:11 pm »
Гледај го лизингот како долгорочно рентање на колата. Ти не си сопственик. Ти ја изнајмуваш колата. Соодветно на тоа, ако колата е тоталка, нема ти да добиеш пари, ќе добие лизинг компанијата. Нејзина е колата, она само ти ја рентала.

Барем јас така ги контам работите. Ако грешам, слободно поправете ме. @kalimero ?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #88 на: 09 Септември 2020, 15:14:56 pm »
Нема никаква разлика ако сте дале 20.000 од свој џеб за нова кола или лизинг, а е каско осигурана. Ако е тоталка ќе ви дадат според пазарната вредност пари и тоа е тоа.

е како нема разлика?

на лизин компанијата ќе им ја исплатат штетата и они си се обезбедени а јас останувам и без возило и без пари пр. 20% од 20К е 4К учество плус 4-5 години ако сум плаќал рати и сум при крај со исплатата и останувам и без пари и без возило а сум плаќал каско сите години дури ако не е потполно и во оваа мака ќе треба да финансирам 2-500 евра  >:(
Ти останува една рата за да ја отплатиш (200 евра)?
Компанијата ќе си земе 200, остатокот ќе ти го префрлат тебе.
Барем така ми имаа објаснето кога имав земено автомобилски кредит...

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #89 на: 09 Септември 2020, 15:16:36 pm »
зборот ми беше за финансиски лизинг ако се случи тоталка пред крај на лизингот остануваш и без возило и без пари а си исплатил >8-90% од сумата, во најмала рака ако е така е многу глупо и тотално не поволно за корисникот :(


едит:

"Ти останува една рата за да ја отплатиш (200 евра)?
Компанијата ќе си земе 200, остатокот ќе ти го префрлат тебе.
Барем така ми имаа објаснето кога имав земено автомобилски кредит...
"

 ако е така тогаш е ОК во секој друг случај е катастрофа.